Јас правев нифти, бидејќи ми рекоа тој го покриваат, за неполни две недели ми ги рефундираа сите пари.
Мене еднаш ми излезе железо 30ка, мислам дека беше на сам почеток од трет триместар. На гинекологот му беше сомнително, инаку не пиев никакви суплементи. Ми рече да повториме, ја повторив крвната слика во друга (државна) лабораторија и добив очекуван, нормален за бременоста резултат. Можеби пробај друга лабораторија, а ако пак е високо поразговарај со гинекологот, иако може да се случи, генерално е ретко а секако зависи и како ти е хемоглобинот и другите вредности.
Хемоглобинот скоро на граница, ќе видам утре гинекологот што ќе препорача. Минатиот пат кога ми беше 30 рече ќе почне да паѓа, но тој уште толку се крена
Само опушти се, прави перинеум масажи, секс, движење, качување по скали ова се некои работи што другарки ги правеа при крај од 38ма натака … скоро сите успеаа со природен пораѓај
Се движам, правам масажа перинеум уште од 36та недела, јадам урми, ананас секој ден, пијам чај од лист од малина исто секој ден односи немам хахаха тешко ми е да најдам удобна позиција а и маж ми вика чудно му било сега бебето било големо да не се повредело нешто или мене да не ме повредел… не можам да го убедам дека е добро за лачење окситоцин ама па мене ми е либидото нула скоро цела бременост поготово во прв и трет триместар.
Кај ги најдовме маживе наши волку префини и мојот е исти тоа ми збори цело време цел е сменет по тоа прашање … и јас дојдов до 8ми месец без односи од страв некој ден од него некој ден од мене … се надевам да влезам во 9ти ќе го убедам
И од доктор тоа препорачуваат и во книгите за припрема што ги читаме и јас и он ама џабе хахах ама не сакам да форсирам сега кога ни е на двајцата нелагодно, плус јас спијам стрикно седејќи не се вртам на страна зошто така имам болки, ептен ограничена..
Исто. Во цела бременост секс само два пати на почетокот ептен, и сега мислам после толку време без секс, се осеќам ко невина, којзнае колку ќе боли ко ќе влезе после толку време. хаха
Здравооо идни мајки, ајде и ние да се пријавиме после речиси пет години. Едвај дочекав повторно да се дружиме на темава ❤️ Вчера правев тест и позитивен . Сега се осеќам како прв пат да труднувам се имам заборавено
Здраво на сите. Знам дека има посебна тема, но гледам дека не е активна. Ме интересира дали некој од вас сочувал матични клетки и дали познавате некој што сочувал и некако ги искористил? Ние бевме решени да сочуваме, меѓутоа еден од генетичарите со коишто се консултиравме не пишмани и сега сум на два ума. Имено, кај нас никогаш до сега не е извршена трансплантација со матични сопствени клетки (само од сроден непознат донор), ниту пак во регионот (Србија, Хрватска, Бугарија). Направени се некои експериментални лекувања во Турција, но генетичарот не посоветува дека ако недај Боже дојде до такво нешто, тие имаат толку огромни бази на донори, што секако им е полесно од поголема количина крв да извадат клетки и да ги пресадат. Објективно овие аргументи ме премислија, но, некако си мислам за чиста совест дека би сакала да сочувам. Какво мислење имате вие на темата?
И јас сум многу заинтересирана на темава, а немам многу познавања. Ова што го кажуваш прв пат го среќавам.
Здраво дечки, Нова сум на форумот па доколку моето прашање не е за овде, посочете ми. Последна менструација имав на 29.03 Позитивен овулационен тест на 10.04 Позитивен тест за бременост 22.04 многу бледа линија, 26.04 позитивна линија која значително се познаваше. Денес 28.04 имав закажано на гинеколог бидејќи менструација требаше да имам околу 25-26.04, меѓутоа на ехо докторот не најде ништо и кажа дека е рано кога му ги кажав горе споменатите дати. Кажа за 2 недели од сега повторно на преглед. Дали ова е нормално, дали требаше и вагинално ехо да се направи денес или сепак е рано и за таква видливост? Инаку прва бременост ми е, веќе месец ипол пиев PreMama Duo и сега ми ги кажа докторот Novalec бидејќи има повеќе активни фолати во нив. Ве молам за слично искуство да споделите, мислење бидејќи не знаеме што да мислиме со сопругот.
Дури и за дубак спомна нешто, ама да било тоа ептен малце, пример до тоалет да отидам. Ама дубак не земав и не планирам, а кенгур исто не земав, несакав да ми се навикне така да се шета. Може и не се навикнуваат, ама и кичмава ќе ми пукне.