Исто и јас немав и баш генетичарот ми вели прашај во сите компании што нудат да ти набројат 3 операции во Македонија и регионот; И прашав и во Biosave & Ginekalix, немаа одговор, ми се прејавија и само ми набројаа трансплантации во Мк и регионот ама ниту една не е од матични клетки сочувани од папочна врвца. Единствен аргумент беше дека во Турција имало некои хематолошки трансплантации извршено ама и ова што ни го кажа генетичарот дека е полесно од сроден донор да му земат пола кило крв и да извадат што им треба отколку да ги садат во лаб клетките од 10-15мл крв. А дури и кај нас имало голема база на донори, до сега е праќано од Полска и Германија крв од сроден донор, камоли пак Турција и поразвиени држави. Ептен сум на два ума што да се прави..
Рано е Ќе појдеш пак на ехо Инаку имаш тема за прво тримесечје од бременоста за да си прочиташ повеќе искуства наназад пораки и слободно може да пишеш и тука и таму
Ти благодарам што сподели. Ние бевме во план во Биохеленика да зачуваме, баш ќе го поставам ова прашање следен пат кога ќе се слушнам со докторот.
За ништо немаат одговор само за продажба на пакетите и толку... Оваа од Панорама мислам врска нема со медицинава. Колегиве од Нифти само на памет тоа што научиле. Толку.. Секој сам да се едуцира е работава.
Да апсолутно.. од Гинекаликс имам впечаток како некој рандом на кафе да сме седнале и ми продава магла.. ни самите не знаат и не веруваат во тоа што го продаваат. А за Панорама јас се имав слушнато со таа што претходно била одговорна за продажба и многу позитивен впечаток ми остави, многу професионално ми објасни, ама затоа и директно во Натера работи сега продажба… Сашка некои џам муабети ми правеше…
За матичниве клетки читав многу и странски форуми и тука… ништо потврдено … многу маркетинг. Ние одлучивме да сме позитивни дека ќе имаме здраво и право дете, и дека доколку не снајде недај боже нешто лошо ќе трчаме и реагираме тогаш. Друг факт кој го спомнуваат низ странскиве форуми исто што направи да размислувам е дека клетките кои се зачувуваат се со рок од триесетина години, потоа се неупотребливи а страните болести кои се јавуваат во човечкиот организам се претежно по 30та година кога веќе организмот преминува во активна фаза на стареење и да речам оксидација Не дека нема болни дечиња низ светов од поголемиве болести ама процентите кажуваат дека веројатноста за канцерогени и хематолошки заболување се покачуваат со староста што ми е нонсенс во однос на помислата дека би биле неупотребливи клетките кои ќе ги зачуваме баш за момент кога можда ќе притребаат во животот. Недај боже никој од нас да не дојде до ситуација, ама вероватно ќе го превртиме светот за да најдеме соодветен донор за свое најмило.
Со позитивен тест на 30 дена од последен циклус, оваа бременост прв преглед за 3 недели ми рекоа. Минатата, со тест на 35 ден, после 2 недели. Двата пати бев 6+ недела и слушнавме срце. Тешко е да се чека до преглед, ама полошо е мислам да отидеш толку рано и уште повеќе да се стресираш. Нормално е да нема ништо уште, ќе биде добро
Здраво, дали има некоја кај др. Лазаревски со ивф? Каде продолживте во Систина, кај кој доктор? Др. Лазаревски гледа само до 18 недела...
Јас кога бев да ми земат крв, не можеа вена да ми погодат не знам колку пати ме испобоцкаа. И на крај Сашка вика дај јас ќе те боцнам, колку што сфатив работела анастезиолог во Систина на времето, може сум грешка. И ок ај да ме боцне, ни ракавици става ни ништо, пак 3 пати ме издупи, конечно успеа во дланка со беби систем да ми земат крв за на крај да си се боцне со иглата со моја крв. Па почна да паничи да не сум имала сида да не сум ја заразела Жено божја хахах Па и тоа собчето клаустрофобично некако, а општо ко тралалајка ми беше она. Го направив пошо имам приватно здравјствено што ми го покри секако, а по препорака на гинекологот одлуката беше за Панорама. Не се каам, ама на толку пари мааааалку потака професионализам очекувам.
Zdravo,jas bev kaj Dr.Lazarevski so IVF i posle toa bidejki isto sakav vo Sistina da prodolzam ja odbrav Dr.Kornelija i sum zadovolna
Јас не сум со ивф оваа бременост ама си одев кај Лазаревски од почеток, и исто до 18та недела ме водеше, после продолжив кај Петровска по негова препорака ради близначка бременост.
Девојки дали некоја има искуство со карпал тунел во последен триместар? Изгледа и тоа ми се појави, читав ради задржување на течности се појавувало при крај, ми се кочат двете раце навечер какво чаре има за ова да се олесни? Или нема