Здраво мамички. Ние сме многу среќни, вчера го видовме рончето и го слушнавме срценцето кое чукаше 140 Докторот при прегледот беше многу задоволен и неколку пати го спомна зборот `идеално` што и мене и мм ептен не искуражи. Пред самиот преглед и јас и мм бевме многу исплашени, па само му се молев на Бог да го чујам срценцето. Инаку во потврдата ми запишал лекарот: Ехо наод во утерус плод со нормален раст и развој. Био(не-разбирам) 8,2 гес/нед. Препорака за скрининг за 5 недели за НТ и носна коска. Ќе знае ли некоја од вас да ми објасни каков е тој скрининг, како се прави и за што е?!?
Мила, тој скрининг се прави во 12 недела кога му се мери нухалната вредност на вратчето на плодот и не треба да биде поголема од 2мм, во спротивно, укажува на можност плодот да има Даунов синдром, па исто тогаш се прави и проверка преку крв, кадешто се земаат податоците од ехо наодот и во зависност од годините на трудницата, килограмите, дали пуши и такви некои глупости, се одредува дали плодот ќе биде со Даунов синдром, мада тие резултати не се покажале како веродостојни во медицината ама сепак се прават кај секоја трудница. Ете тој ти е скринингот кој е првиот важен скрининг што се прави во бременоста. Со среќа и да имаш една прекрасна бременост во текот на следните 7,8 месеци
Јас не сум трудничка, ама ќе ти одговорам. Братучедка ми е 7ми месец и редовно си оди на козметички третмани и ниту гинекологот, ниту во салонот не и забраниле, во смисла дека би било штетно за бебето. Така да, мислам дека нема врска со плодот.
Ни маската за лице, ни фарбата за коса ништо не е штетно. Разубавувајте се додека можете, посветете си внимание, оти потоа тешко дека ќе најдете време за себе.
Јас пак од пусти страв не сум се досега фарбала ниту еднаш и таман бев решена да менувам боја и форма и тогаш дознав дека сум бремена и баталив, па на почетокот и гинекологот ми кажа дека не е пожелно фарбање и така и си останав. Сеа едвај чекам да се породам здравје, па после да се средам со косата, толку сум чекала за 2 месеца нема ништо да ми биде ако не ја чепнам косата,нели? Ама пак се мислам ако дојам после па пак ќе треба да чекам , зависи колку месеци ќе дојам и ко да видеш...ајде нема веза, што е тоа е
И јас така шест месеци се шетав нефарбана, ама во седмиот се исфарбав. Само им реков за дваесет минути да ме измијат. И така мислењата се поделени, па се воздржував првите три месеци додека се оформува плодот (издржав и шест). Сега планирам таму при крај, во деветти месец пак да се фарбам, оти после гледам ќе нема време.
Во врска со фарбањето , јас кога незнаев дека сум бремена , таму ептен почетокот решив да ја променам косата во плава и тоа дома па ставав хидрогени и триста чуда на косава...и потоа кога дознав дека сум бремена баталив , а и ми беше страв да не се случило нешто на бебето но фала Богу се ок беше.. И потоа кога доев исто така не се фарбав ми беше страв да не внесува и бебето нели нешто од фарбата и пак не се исфарбав значи едно 18 месеци не се фарбав
Прво ќе извинете на досадата оти веке да ви кажам срам ми е да прашам ама стварно морам, прва бременост ми е и не знам.Каков ви е исцедокот во бременоста.Прашувам за поголемите мамички?Мојот ми е многу течен дури вода како да ми тече на моменти.Сега станав до вц сега и како да се осетив помочана, и малку како лочка дури и на пиџамите претечело, а секојдневна имам.Само ве молам немој некој да ми каже дека сум стварно подмочанла оти не сум.До толку ми држат рефлексите.Дали е тоа нормално?Дали се чуствувате на моменти како да сте помочани оти овака и денски ми се случува некогаш?Ве молам пишете оти еден страв ме фана не можам да спијам.Бебушот мислам да е ок оти цело време мрдка позз и ќе пробам да си легнам и да продужам со сонот.
Кога бев на курсот за подготовка баш за ова зборуваше докторката. Наводно кај одредени се јавувале пукнатинки во мембраните на плодовата кеса (има повеќе мембрани кои се допираат). И како мрда мајката одвреме навреме истекува мала количина од плодовата вода низ пукнатинката. Таа плодова вода брзо се обновува и не представува опасност за бебето. Доколку почне да се случува многу често (повеќе пати во денот) и доколку количината се зголемува секој пат треба да се отиде на лекар и давале нешто за подобрување на структурата на мемраните. Се надевам дека ова ти помогна.
Фала на одговорот јас сега станав и и кога мирувам ми тече порано не беше до толку.Изгледа ќе морам на преглед
јас имам забележано кај мене, на сабајле кога ке станам, баш како вода да ми истекува, не многу оприлика колку една лажица, и тогаш е прозирна, ама кога се движам повеке време имам по малку исцекок ама пак тогаш е бел
fairy88 ako si bila na lekar te molam pisi sto ti kaza.Nesto takvo mi se slucuva i na mene odvreme-navreme.
Јас мислам дека наназад имаат пишувано трудниците и веќе мајки за ова, мислам дека пишуваа дека е нормално тоа, дека ќе истекува до пораѓањето по малку, ама таа си се обновува постојано. Е сеа, ако нема доволно гинекологот ќе ве алармира. Но за секој случај пријавете си кај матичниот за што се работи и нека ве советува
Нормален е исцедокот и да е појачан, ама не е нормално и секојдневна да имаш и на пижамите да ти е потечено. Мене така ми беше водењакот кога ми пукна. Внимавајте на сите промени.
срам не срам мене ми се појави еден така кажано проблем со идење по големо wc дали знаете некој лек ниту супи јогурт кафе не помагаат амн газот ме боли цел ден ве молам за помош после ке одам на доктор ако не најдам некој тука да ми помогне
^ Еве прочитај тука http://forum.femina.mk/bremenost/vasata-stolica-vo-bremenosta-t12592/ Мене за тврда столица ми помагаше јогурт со ленено семе.
Elenika суви сливи свари и испи го и изеди го свареното или пак компот од сливи. Ако не најдеш, најубаво земи си од бебешките кашички од слива само има во секој супермаркет ќе ти завршат работа.
извини еленика ти си била јас се мислам меу ја прочитав нема врска ако си пробала со храна да регулираш и нема резултати земи си некое чајче за спотерување пример алкалакс или некој сличен на него