Побарај ракавица, како стегач за рака е, во продавниците за ортопедски помагала. Јас исто имав карпал тунел синдром, и знам колку ти е ужасно. Со ракавицата се фиксираше раката, и можев да спијам навечер колку толку. Преку ден не можев да ја носам, бидејќи смета
Дали ви се случило стомакот да ви биде помал. Утре сум 10та недела ама денес го гледам стомаков како помал во однос на претходниве денови. Дали ми бил само подуен до сега не знам.
Девојки има ли начин како да проверам дали истекува плодова вода? Гакиве по 5 пати ги менувам, плус со бел исцедок е ама минимално.. тоа може и од вагиналетата да е ставам циклогест навечер само ама ова воденесто толку еве незнам навистина
Девојки барав ама не можам да најдам вредности на д димери колку е нормално да се покачени? Денес испитував 26+2 сум и не знам дали е океј
M Mislam deka e od nego, i mene nekogas mi se slucuva kako voda malku da mi e sekretot jas sum 12 ned ne veruvam deka e plodova voda.
Високи ти се ддимерите мораш да примаш терапија консултација со трансфузиолог.Види со матичниот гинеколог да ти закаже ,и прашај дали да почнеш со клексан додека отидеш трансфузиолог.
Иста сум и јас со водест и белузлав исцедок, веќе ми е здосадено. Баш слушав некоја докторка на инстаграм рил, вели исуши се, смени чист долен веш и накашлај се. Демек, ако при накашлување тече, тогаш е плодова. Еднаш кај матичниот кога зборевме за исцедоков, ми рече, чекај, рано ти е, ќе видиш допрва на кивање на кашлање, де исцедок ќе ти тече де ќе подмочуваш. И стварно не знам, ова ми се два спротивставени ставови.
Исто да незнае човек што да мисли. Јас сум со таков иседок од почетокот ама сега буквално гаките утоп за 15 минути. Се извадив од памет. Вртев по аптеки за тие ленти што ги користат во болниците да проверат дали е плодова вода ама немаат
Леле јас од 34та недела некаде, баш така во спиење ми се кочат дланките и ме болат, не можам да ги свиткам прстите на моменти, знае и од спиење да ме разбуди… после во текот на денот ми се олабавуваат ама не целосно. А отоци имам само на стапалата, притисок повремено висок ама не претерано. После сум на контрола, планирам да прашам за рацеве и баш ќе ти кажам ако добијам некој совет
Женски пролутекс инекции дали можат да се најдат на друго место низ Скопјево освен во Ремедика во аптеката ? Дали некоја има искуство со нив? Ми ги дадоа ради скратено грло.
И тоа ми е уште подалеку, мислев во некои од аптеките низ град да не ги има. Сега гледам стари мислења од членки дека во Грција биле поевтини, дали таму се наоѓаат во аптеки, и која цена се сега некоја дали знае?
Се консултирав со трансфузиолог од Систина одма се боцнав 60иу клексан вечер пак и да продолжам до понеделник па да проверам пак, фала на совет и мислење