Видов дека има некои стегачи, ракавици, значи помагаат. Мене навечер ми е аамо проблемот. Кажи ми дека после пораѓај поминува те молам
Прва смена ми беше, ке почекам ако треба ке отидам на дежурен а утре секако сум на преглед во Систина фала ти
Женски, дали можам семе од коприва да го користам во крекери? Сте го користеле така? Сакам да најдам друг начин за употреба освен во мед, а не сакам многу да јадам мед, па не знам дали смее да се пече? А според ChatGpt не е најбезбедно во бременст.
Смешно е ова ама јас влегов да ме боцне после термин со девојка што и се случило ова пошто нешто слично ми раскажа и целата беше вознемирена дека секакви болести има како можела тоа да и се случи крв со крв да допре од невнимание успаничена беше и ми вика дај да видам ти со какви вени си … ааа ок ќе ги погоди сестрата кај тебе да не боцкам ја … и се туфкаше неколку пати што направила шубе и било На почеток на декември или последни денови од номеври беше ова вероватно сме се погодиле една по друга
Дали знаете каде можам да нарачам торта за gender reveal, дали прават во некои од слаткарнициве Канела, Романса...? Дали може да се нарача некоја ептен мала, само за мене и партнерот.
Здраво. Дали некоја имала зголемен отпор во папочна врвца, односно зголемено РИ. Јас сум 30+6 треба да е 0,7 а кај мене е 0.75. Бебето се развива одлично. Дали некоја има искуство со ова? Ептен се вознемирив, до сега се беше супер.
Памтам дека чекаше уште една девојка после мене така да ти си била сигурно инаку така беше крај на ноември нешто околу 11-12 саат. И јас се чудев како успеа да се боцне и ептен се потресе 10 пати ме праша дали имам некаква болест
Јас си го земам повремено со мед и таан. Инаку можеш и во јогурт да го измешаш не е лошо. За печење не знсм дали смее.
Во врска со рефундацијата за инекцијава рогам. На мм денеска едвај му ги земале документите на шалтер поради тоа што инекцијата била примена во систина а требало кај матичен да е примена и да имам потврда од кај него. И кажал па во систина ја примивме еве на извештајот си стои дека е примена и вика така истуфкана целата си зема документите и му кажала незнам дали ке ви одобрат. Значи неможам да ги разберам што им е проблемот. И тоа право што го има човек да си врати дел од парите во состојба се да го скратат.
Izv od kade se kupuva i koja e cenata? mora da priznavat cim pisuva na izvestajot tuku oni na salter mora da filozofirat mene cela bremenost so kleksanite se nesto naogaa mani
Денес бев до фзо да поднесам за нова тура клексани претходните од 27.2 поднесени уште не ми се рефундирани. Ја прашувам таа на шалтер што се случува да провери … отвори во компјутер вика одобрени ти се … ама се чека началник да потпише … викам кој ви е тој началник од февруари што не најде време да удри потпис да го запознаам баш сакам … ми вика не идат на работа што да ти кажам … и така … очекувам за прв роденден на ќерка ми да ми ги исплатат последните клексани вероватно комедија во боја … можда ќе се појави началников на работа
Мм ја зема од систина од аптеката инаку ја има во сите аптеки мислам. За цената околу 3.000 горе долу ама не ме фаќај за збор точно не видов. @Baby warrior во право си за првиот роденден, барем да не му ја мислиме за пари ке тераме на широко хахаха. А началникот да се надеваме дека ке ни ги потпише со време аман па нека одмара после
Кога сме кај (не)доаѓање на работа Дали мислите дека петок ќе работат на трансфузиологија за д-димери и хемостаза т.с. градска делот за трансфузиологија. Мислам секако е работен ден петок ама да не имаат поврзано Ако некоја знае и до колку саат работат таму до 11?
Комедии Јас допрва за прв пат ќе носам т.с. ќе ми носат документи за клексаните и за патолошка Не знам ни дали сѐ сме собрале ко што треба
Во нормални денови до 11 боцкаат пошто после од клиника поминуваат за примероците да ги земат / е сега за петок дали ќе спојат… не би требало штознам