Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. nate_93

    nate_93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2024
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Вчера ми стигна гнездото од Babybi, искрено многу убаво изгледа и квалитетот е прекрасен. На нивната слика ми изгледаше дека е плитко и помало, но всушност во живо е поголемко и подлабоко. Така да еве препорака од мене доколку се двоуми некоја мамичка.
     

    Прикачени фајлови:

    На LaTama, CupcakeMuse, Karanfilce14 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.771
    Допаѓања:
    27.327
    Пол:
    Женски
    Рогамот не го рефундираат ако ви е примен на приватно.
    Пред 3 години сами ја купувавме, па матичен ја аплицираше, после пораѓај на ГАК е бесплатна. За во 28ма недела од ГАК да ја земете треба да имате многу среќа и многу добар доктор најдено, најчесто ја "нема". Поедноставно е трудници да се малтретираат со тоа.
    Мора да имате потврда ( тестот ) од трансфузиолог и потврда од матичен гинеколог дека е аплицирана. Секое правило има исклучок така што јас отидов на итна ( кај познаник ) пред 3 години, извадив потврда од итната дека ми е аплицирана и ми ја прифатија.
    За рефундација чекав околу месец дена, не мора вие лично да одите може само да се остават документи.
     
    На Karanfilce14 и LanaDelR им се допаѓа ова.
  3. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    2.231
    Пол:
    Женски
    Искрено сега незнам што да правам,јас не сум од скопје мојот матичен ми рече ќе ја примиш на гак следува бесплатно,направи го тестот јас го направив негативен е и наредна недела сум 28 недела и ми рече ќе ти дадеме упат од кај нас за примање на рогам,и со тестот од трансфузиологија како и крвната група ќе ти направат преглед и ќе ја примиш
    Значи можат да ми речат ја нема и готово,боље да си ја купам така да знам и да не се малтретирам кај отишле толку пари за терапии па уште 3000 денари ајде.
    Ама незнам што да правам.Јас пред 10 години со првата бременост ја купував и така со рефундација а сега било сменето..
     
  4. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за честитките ❤️
     
    На Karanfilce14 и jagoda777 им се допаѓа ова.
  5. Smile.e

    Smile.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Да , не се секирај ако и кај тебе е тој случај. Како што ќе расти матката , сама ќе се подигне
     
    На fragaria и wonder woman5 им се допаѓа ова.
  6. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    913
    Пол:
    Женски
    Што направи со клексаните? Ти намалија доза или?
     
    На fragaria и Karanfilce14 им се допаѓа ова.
  7. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    459
    Не, останав на два. Дури Јани му кажал на мм ке размисли дали да ги зголеми бидејки сум ги примала за мутации и среќа што до сега сум примала два. На листот за генетски мутации има три изолирано тоа го имам правено уште пред 3 4 години сигурно се некои по сериозни
     
    На jagoda777 и fragaria им се допаѓа ова.
  8. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    459
    На така идење без договорено со доктор како што кажа членката секако ке те вратат така да најди си алтернатива за да не се малтретираш. Купи си ја и ете кај матичниот прими си ја да не се замараш
     
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.771
    Допаѓања:
    27.327
    Пол:
    Женски
    Од тие 3000, ќе ти вратат 70%. Не ти се исплаќа да се маваш до Скопје.
     
  10. wonder woman5

    wonder woman5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2020
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Да исто во 12 нед.
    Само што прочитав кај тебе дека не си лежела, мене ми рече да одмарам.
    То воопшто беше активна?
     
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    23.549
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам, го почнав Алмацинот, немало штета, можел само да ми помогне.
    Оваа бременост ја почнав во 6/7 недела со Зинат и Сумамед, тогаш поради бронхит, и еве со атб ќе ја завршам очигледно. Во меѓувреме бев настината уште 10 пати, особено зимата, поминуваше со спреј за нос, чај, супи. Ама искрено ми се смачи, преку глава ми е од затнат нос.
    Се надевам дека бебево ќе поседи уште некој ден, да соберам сила малку.

    Еве го и синко почна да кива, се жали на грло и тој :(
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Женски
    Јас само еднаш бев настината и сеуште ми се затнува носот кога лежам. Секоја вечер се будам по два пати да го одзатнувам. Пред спиење прскам фликсоназе и синомарин. Џабе, пак се затнува. Читав дека е ринитис во бременост, бидејќи повеќе немам ни вирус ни бактерија. Ќе трае дур не се породам.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    23.549
    Пол:
    Женски
    Ринитис во бременост секако имам и јас, со спреј сум веќе 9 месеци. Само ако не помине после пораѓај, носот ќе си го скинам ми се чини :)

    Настинките беа плус кај мене, едно 10 пати :)
     
    На NewMember23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    735
    Пол:
    Женски
    Глава не кренав цела бременост од настинки. Од дома работам, преретко одам во канцеларија, исто и сопругот.
    Ама малово дали од градинка ни носи или не знам што е. Од грипот кога не фати во јануари на секои 3 недели сме настинати. Сега сум со страшна кашлица веќе 3 дена, мислам крв ќе проплукам, онака до нагон за повраќање ми иде. А крвна слика стакло.

    Дај кажете некој бабин лек што викаат што помага за кашлица.
    Завчера изнакупив витамини за сите тројца дома, малку за имунитет да се појача. Малово пу пу да не го заречам добро се носи со настинки, последно антибиотик пиеше лани ова време. Неколку пати настина од есента па навака и го држи 1-3 дена и лесно ги поминува настинките, ама затоа јас и маж ми по цели недели се мачиме.

    Сега па со бебче со никаков имунитет што ли ќе биде не знам.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Надеж♥️

    Надеж♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    405
    Пол:
    Женски
    Зависи кај кој на државно. Вчера во трансфузија Велес ддимери 6100, Нино од Систина одма ми рече да примам клексани и матичен гинеколог ме прати на гинекологија во Велес за да ги испитам повторно во болничка лабораторија. Не можев до денес да дочекам и вчера во Систина отидов испитав 4700. Пак се високи ама голема е разликата. Денес за да земам изврштај од клексани(од гинекологијс ми дадоа извештај сигурно го прифаќаат од фонд за рефундација) кога му кажав на Аристотел дека од Систина ми кажаа која доза до кога да јс примам па пак да проверам човекот без збор извештај ми даде и ми рече да се вратам кај него во вторник со нова лабораторија и нормално пак со Нино да си се консултирам.
     
    На jagoda777 и Karanfilce14 им се допаѓа ова.
  16. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    459
    Членката кажа дека матичниот ја праќа за на ГАК ама за инекцијата рогам а ти кажуваш за клексани. Обично за инекцијава прават проблем па затоа и испадна целиот муабет
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    Чај од ловоров лист викаат помагало.
    А мајка ми прави и со 16 лажици шеќер и шише пиво се врие на тивко додека не стане пола. Само во подлабоко тенџере за да не ти истече. Се пие по 1 лаж сабајле и навечер.
    Само да те утешам иста приказна со тоа шо јас сум 34 та недела...
     
    На happygirl и cocopuff им се допаѓа ова.
  18. wonder woman5

    wonder woman5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2020
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Кои спрејови можат да се користат за нос во бременост?
     
  19. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Ако немаш проблем со гестациски, прегорен шеќер со млеко мене многу ми помогна зимото кога настинав, 2 до 3 на ден, кафеав шеќер ставав јас да биде барем маалку поздраво
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Надеж♥️

    Надеж♥️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    405
    Пол:
    Женски
    Јас мислев на општо кога ќе им кажеш систина или било која приватна што им е проблем за било што не стрикно за инекциите
     
    На jagoda777, Tulip023 и Karanfilce14 им се допаѓа ова.