Јас го качив со ц вит и ферофолик од Грција Кога ми заврши дозата од 4 кутии Продолжив со прегнатол дха мулти (има во нив железо )и секако ц вит Но почнав и месо да јадам барем еднаш неделно телешко колку можеш
Девојки искуство со помало стомаче, докторкава на ехо ми кажа бебе е со помало стомаче за една недела, одговара на 29та но сепак не е страшно. Протоци добри, клексани нели примам се е во ред. Постелка втор степен зрела и тоа рече добро е си стои исто како минатиот пат, плодова вода добра. Си качува на килажа со тоа што се очекува да биде помало бидејки сум со еднорога матка и е очекувано. Не се свестив за причините да ја прашам што можат да доведат до тоа и дали можам некако да придонесам за подобрување. Цело време бебе беше една недела понапред сега ова
Мешето е меко ткиво и е најтешко да се измери на ехо. И кај мене е цело време една недела понапред, во 25та беше една недела поназад и исто се испаметив и ми објасни докторката дека мешето е најтешко да се измери точно зошто е меко ткиво, зависи како е наместено, колку течност има во него итн. Тогаш отидов после неколку дена заради болки пак на преглед и беше 10 дена понапред и пак ми го потврди истото дека мешето е највеќе ориентационо и е важно да не заостанува повеќе од 2 недели или да не е понапред од 2 недели. Не се грижи
Ти благодарам баш е добро да се слушне вака нешто зошто човек веќе незнае што да мисли. А и сега беше напикано скроз горе во желудникот па се си викам дека ете што викаш и ти до мерките дека е нешто
И кај мене еден доктор ми измери еден ден помало за неделите за после неколку дена да ми речат дека е 5 дена понапред Мерките не де точно и секогаш различно мерат, не се секирај ако ти рекла докторка дека е се во ред во ред е
Кај мене го водеа помалечко мешето од старт, сега се изедначи со се останато. Не се грижи и недела дена не е многу. Мене ми се смееа дека ќе биде манекенка
Мереше плодова вода, рече што и да било плодова вода не било сигурно и ми се изнасмеа уште само што не ми рече дека сум се подмочала хахах а ја вчера нервен слом толку.. @Cvetce_ се надевам само се да биде добро @Kejt362 така и треба, височки и со линија
Од периодот кога почнуваат поинтензивно да растат, мислам дека шансата да отстапи од неделите се качува. Син ми од втор скрининг натака помал беше за 1 недела, до крај на термин (40+ недела) беше во некои мерки како за 36. Никој ништо не ми кажа дека не е ок. 3 кила рамно се роди. Кога излезе не ни намали нешто многу, 70 грама на излез од болница и одма почна да качува, да си надохнади. Супер напредуваше натака.
Ај и јас да си се пожалам.. значи со овие фетални движења оболев мислам дека.. До 29та немаше никаков патерн, кога му текне тогаш се јавуваше.. од 29та почна патерн ама пак 3-4 дена активно многу па 1-2 дена преткања како рипче.. Од саботата до вторникот 24/7 се превртуваше низ стомак, од вчера наеднаш го снема и сега пак имам повеќе од 10 движења дневно ама мнооогу нежни и полека. Дали и кај другите вака имаат по некој пасивен ден, имам до сега 3 пати појдено на дежурно во вакви мирни денови, океј било секогаш. Петокот бев на редовен преглед, постелка, протоци се беше океј ама мене немир ми прави и не знам како да се смирам овие помрзливи денови. Инаку терам 31ва недела.
Еве и кај мене некогаш е така, по се што читав нормално е. Јас сега одам на две недели на контрола ама од други причини. Ти на колку време одиш ?
Не знам зошто ви прават стрес со тоа броење на движења. Проблем е ако не го почувствуваш ВООПШТО подолг временски период. Нормално е да не мрда исто секој ден, ќе си мрдне и ОК е. Мене денес ми е помирно, преку ноќ ептен клоцаше, дури се изнервирав не можев да спијам добро, а имав работа рано изутрина. Некогаш на ехо сум била и не мрдало во моментот, а таму мрда. Некогаш си спие. Минатиот пат пред да се породам, последните два дена дури и да не го осетив. Ако решило нешто да се деси, паника или не, нема да можеме да знаеме (не дај Боже!). Опушти се и не си прави беспотребен стрес.
Да објективно е така и си во право, јас сум паничарка општо и за ова сега исто ми прави паника особено се што ми излегува по интернет и по апликацииве за бременост, дека итно треба да се отиде на преглед за намалени движења и некако ептен се вознемирувам кога ќе го снема, не можам да си израционализирам во глава.
Како што ти пиша членката погоре, тие мрдаат ама не ги осеќаме секогаш. На ехо мрдаат а не ги сеќаваме.
Нормално е ти да си испаничена, сите веќе не знаеме каде тераме. Но, самите доктори кога ќе почнат да долеваат масло со тоа мрдање, стварно ме нервира. Нормално дека за твое дете нема да си незаинтересиран, ама те ставаат во ситуација да си под константен стрес. Имаше некоја членка пишуваше погоре, докторката и рекла 20 пати да брои во денот да и мрдне. Женава од памет извадена. Тоа ако реши нешто да се деси и 50 пати да мрдне, 51 да не мрдне нема ни да знаеме (пак ќе кажам не дај Боже). За жал во врска конкретно со тоа, не може ништо да се предвиди ни преземе. Вака само стрес им се прави на веќе измачени жени кои стрепиме од се, бидејќи ниедна бременост не е лесна.
Поздрав, само да ви пишам си дојдовме дома Рано рано ни јавија хаха во 7 сабајле. Сега се навикнуваме, душата е полна. Убав ден на сите