Девојки колку се битни овие протеини, глобулини и албумини? Во декември имам испитувано по препорака на општата матична и ми беа во граница на нормала. Од тогаш немам испитано дури имав и заборавено дека воопшто сум испитивала, сега случајно средувајќи документи видов
Девојки и јас се породив, дојдоа на свет моите златни бебенца! На сите ви посакувам лесен и мирен пораѓај како мојот!
Хемовит со витамин ц. И јас ги пиев истите, дури не ми кажа докторот од Плодност за Хемовит. За еден месец имав подобрување. И 100% сокови од калинка, цвекло, аронија. Можеш и сува аронија
И мене ми ги спомна Хемовит мојот доктор. Да го довршам хеферолот и ќе се префрлам на Хемовит. Како се пие? Кога? По колку на ден? Не е доволен витаминот Ц кој го содржи хемовит и мора да се пие дополнително вит. Ц? Соковите кои ги предлагаш се купечки или дома да се спремаат?
Јас ги пиев после јадење, еднаш во денот, а вит.ц се препорачува за побрзо да се врзе железото. Соковите јас ги земав од кам, а ако можеш домашни да си направиш уште подобро
Предложете некое средство за флеки чистење за бебешка облека. Имам од внуците некои ствари кои сакам да ги искористам ама некои се со ситни флеки. Друго прашање, како ги планирате/ги покривавте бебушите кои се во лето родени. Јас сакам во вреќа 0.5 tog да го ставам, е сега на вреќата има упатство со степени како да се облечи во зависност од температурата и дебелината на вреќата. На собна температура од 22-24 степени пишува само на боди со куси, вреќата е без ракави. Најдов на една страна многу убави вреќи кои се отпетлуваат и од долу за попрактично и со патент низ цело.
Ја флеки вадам со ова. Најубаво ми ги вади. Ќе испрскам на флеката ќе ја истријам и ќе ја оставам едно 15-20 мин и после во машина на перење нормално
https://babymori.com/collections/swaddle-sleeping-bags Ама Британска е, не знам достава дали вршат до Македонија и колкава ќе е царината.
Девојки, јас се породив сабајле во 03:50, дојде на свет мојата ќерка, 3300гр, 52цм. Природно, малку се измачивме, а сите ми викаа со второто е полесно За среќа се помина добро, фала му на Господ и на докторите/целиот тим овде во болницата. Ви посакувам да имате полесен пораѓај од мојот