Истите прашања ме мачат И ја сум август здравје Ама некако рано мислам дека е за купување Ќе видиме накај крај на јуни
И мене тоа ме мачи исто. Ние сме на крај на јули со термин. Се ми е страв да не му биде ладно со кратки
Август е сепак жешко стига до 40 степени, тоа е дефинитивно за шпихозни и бодиња на кратки. Ама секоја година има и по неколку дена кај што врне и е заладува, памтам и по ќерка ми ја шетавме со шпихозни тенкички на долги. Така да од неа ќе ги извадам малите бројчиња на долги плус ќе докупам на кратки. За бебе индикатор дека му е ладно е грпче и стомаче, ако му се топли му е добро ако му се ладни ќе го облечеш. Рачиња и њоџиња често ќе му бидат ладни ако не ги движи и не е страшно. Ќерка е веќе голема сама кажува, ама до лани пред да наполни 4 год. така проверував. И јас сум август, ќе си земам шпихозни на кратки 5 6 пара, бодиња на кратки 10тина и на долги шпихозни 3 4 пара, тенки чорапчиња 3 4, тетра големи пелени и тенко памучно ќебенце за кога ќе е поладно. Тоа ќе спремам во плакар па здравје ќе докупуваме кога ќе биде август
Јас по се изгледа почетокот на Јуни ќе бидам породена. За од болница им купив многу слатки ромпери, ама ако се погодат ладни денови имам и комплети по долги од оние за новороденче. Иначе за цело лето имам и по кратки и по долги, дома е поладно ама ако ги изнесам надвор ромперче+пеленка.
Кај нас август е пееекол. Бебе на кратки. Фустанчиња, боди на кратки, ромперчиња, памучни хеланчиња/панталонки. Ќебенце тенко памучно и тетри. Ти ако сакаш имај си нешто по долги, ама ќе немаш потреба секако.
Јас сум со термин во јуни… минатиот викенд перев и исправ три машини малце сме претерале со купување изгледа мешани се и на кратки и на долги. Овие од синсеи пообичниве памучни ствари приметив во сушара и ми се собраа некако ама што биде биде … секако се ефтини ќе ги носи две три недели па после поголемки …брзо растат ептен сите викаат тие 58цитр се за први денови само што се вика
Мене ми го пукнаа на болница од тоа за циклус тече, од кај што треба да излезе бебе. Топло е и течи ко од кофа да истура некој барем кај мене беше така
На етикетите од Синсеј пишува да не се сушат во машина, јас не ги сушам во машина, ги ставам дома на сушалка и ништо ми се нема собрано. Не се некој квалитет ама како што растат брзо добри се и онака по два три пати ако ги облечеш добро е.
И подобро, јас кога го видов тоа железото што требаше да ми го пукнат со него, си реков што ми требаше ова Ама не беше болно како што замислував во моментот.
Девојки има ли некоја во брзо време што била во продавницава NEXT, на официјалната страна баш се наоѓаат убави работи и не толку скапи ама незнам кај нас како се движат цените.
Бејби би зела повеќе боди по бретели и кратки , и облакам шпиркозни и боди одоздола и така ми седи дома и за спиење и преку ден ( во стан ни е од 25-27 степени без клима без ништо ) , тие од зара се мн убави меки душа и 0-3 ми се и има уште простор сега бебче ми е 2400г мене во шпиркозни 0-3 плива свиткани сме на рацете и нозете и се губат