Цветче што ти кажаа? Кај мене исто е помало стомачето горе долу двајца доктори истото го кажаа ама велат дека е сепак во ред. Со тежината како е? А и од едно ехо до друго ехо има разлика. Па си се тешам дека е во ред, многу членки пишаа исто дека така ги воделе па на крај сепак било во ред.
Во овие недели мислам дека може и таблетарен абортус да направи така да ризикот е нула. Ама нека си се распраша јас немам искуство ова од што сум читала.
Ич да не се секираш. Бев вчера докторот ми рече како бомбонче е машала, си напредува супер. Мешето му е во ред со мерките и ми рече да не обраќам пажња на такви коментари. Плодова вода доволно, постелка хомогена, бебе 1169 грама.
Класична киретажа е најбезболен и најздрав начин, секако да не се претерува постапката, сепак е гребење.
Најискрено никако само на стапалата имам, пијам флебодија за циркулација, мачкам со маст од див костен, гледам сол да јадам минимално, да ги држам поткренати кога можам, ама ништо од ова не помага нешто драстично…
Женски има ли некоја што пие но спа ? Од каде ги купувате? Во зегин ги нема. Последно купив од Ремедика ама ич не ми е успеат до таму да идам...
Мислам дека само Ремедика ги има, можеби и аптеката на Систина ако ги има некој од таму купувано да каже, во поголемиве аптеки и јас ги имам барано, нема
No spa vo remedika, zegin bunjakovec i ani farm vo hrom. Gi piev sega 3 meseci, samo shto gi prekinav pred 3 nedeli
Да и безалкохолен прополис, ако е мн јака болката и жалфија гаргара може слободно има готов рсствор на донвас јас го користев одма намалува болка.
Те боли грло или крајници? Јас често мака мачам со крајници и ми помага гаргара со солена вода, гаргара со чај од жалфија дури и гаргара со бетадине за уста што е. Прополис на надразнето грло она баш грло мене ми прави контраефект. Пантенол пастилите во двата случаи се добри ама советувај се за колку смее на ден. Мислам дека не треба повеќе од 2-3. За грло баш грло е ок и млеко со препечен шеќер со малку путер. Чај со мед исто можеш, само без претерување со двете ради шеќерот. Можеш да пробаш и со ракија на крпа.
Ги Нашол сопругот во Ани фарм во центар. Како ги пиеше ? Јас 3 х 2 ама некако тешки ми се на стомакот. Плус антибиотик и магнезиум цитрат пијам ,столица течна ми прават незнам точно од што е, ама и ми се гади некогаш. Пијам и пробиотик секако.