Нема да те утешам ама како влегов во 8ми месец ништо во уста не можам да ставам буквално со сила јадам. Другаркиве ми се чудат вика 8ми и 9ти се качува најмногу на тежина и имавме апетит сите. Јас умирам што и каснам тежина и киселина. Све живо пробав вода пијам и од тоа ми е тешко на моменти. Докторкава моја од систина ми рече ајде да изржиме уште две недели во 9ти да влезеш и ќе почне да се спушта бебе вероватно стиснат е желудникот горе со сите органи и ти прави такво враќање на храната. Никаков посебен совет не ти дадов ама ете да знаеш чисто не си сама. Од сабајле имам јадено геврече и пола јогуртче мало, едно мерси чоколатце и 1 печен компир
Иста сум и јас, секој ден само уште нешто тргам од веќе многу лимитиранито мени. Имам чувство некогаш дека храната ми стои во хранопровод и не оди надоле се надевам дека желудникот читав ќе ми остане после бременост. Имам јас и голема подуеност јадам многу малку многу ограничено, 29та сум. Се помирив, тоа е ќе се издржи уште малку, ќе се нормализираме после
Јас и во првата бременост немав некој апетит, трето тромесечие дури и ослабнав 2-3кг, ама вакви тешкотии и киселини немав. Во неделата каснав 3 пилешки прсти, дали од белото брашно и од презлата ми се слоши, немам поим, ама додека не исповратив се од мене, не можев да дишам. Мислам во грло ми стои храната, баш ко шо кажа и членката над мене. И киселини ме убиваат, а не знам ни од што реално. Оф, ај ти си веќе 8ми, уште малку, јас до септември ако сум вака, ќе биде весело
Девојки ве читам со магнезиумот, сите имате негативно искуство со цитрат, а мене тој докторката ми го препорача. Пиев прво на now ама дозата е во три огромни апчиња па сега земав прашок на допел херц. Немам некои несакани ефекти како вас што ве читам, ваљда е ок да го продолжам?
Ако ти одговара да, јас вчера прашав др. каков да земам ми рече каков сакам само кога ќе купувам да прашам дали е дозволен за во бременост.
И @Baby warrior мене гинекологот ми рече можам врв на лажичка сода бикарбона за киселините и навистина помага. Ноќеска пример сред ноќ ме фатија мислев до грло ми дојде за повраќање дури се напив малку и помина.
А постои магнезиум и што не е дозволен? Мене докторката тогаш ми рече кој сакаш, и во аптека прашав, аптекарката као било кој можеш
Јас си јадам мака немам.. додуша имам, тешко ми е откако ќе се најадам, ама баш си јадам се (што треба и не треба) Веќе сум 32ра недела и денес почнав болни, посилни удари да осеќам, те во ребро, те некако горе, а си викав досега многу нежно е бебево
Ма све тоа пробувам сода бикарбона на алкалоид плавата во вода, рупарут, бадеми живи, јогурт ладен, кисела вода. Ама нема беба стиска и желудникот го осеќам како згмечен да ми е буквално сега изедов еден сладолед на стапче ладното некако прави да ми олесни
Па не знам хаха , може нема ама така ми кажа, ја прашав за препорака кој е добар кој сакаш ми кажа...да не ти даде енергија да трчаш а си пример на бед рест хахах се шалам немам појма
Јас пак скроз доле ја осеќам кај јајници ,скоро до препон и пак така имам киселини / потреба да повратам. 35 та од денес... измешано ми е ем сакам да поседи ем да излезе веќе Исправ се ,утре здравје да пеглам и така
Мене ми беше многу тешко исто од 28ма недела и тогаш на преглед беше карлично скроз поставен со стопалцата долу и со главата притискаше на желудникот.. пред неколку дена таква леснотија во дишење почувствував и после јадење дури се исплашив а утредента имав преглед закажано и видовме дека се свртило со главчето долу и од тогаш ми е доста полесно.. Не знам како е кај тебе поставено? И јас пробував се и сешто ама додека удираше со главчето во желудник џабе беше
Немој да се грижиш за тоа што е поназад. Кај мене во 7ма недела беше точно една недела помало, 10та помало 6 дена, и како поминува времето разликата се намалуваше. На последен преглед се имаше израмнето со датумот по менструација.
Здраво мајки Јас сум 10+1 е денес докторот ми закакажа ПРИСКА на 27.05. Исто така ми посочи за НИФТ заради претходните абортуси кадешто снемуваше срце ... Тој ми рече дека знае каква ми финансиската ситуација поради инекции таблети се остало меѓутоа сака да ми направи на рати ... Сакам да сум на чисто не сакам утре други ден да се обвинувам што не го направив .... И да Недај Боже на ПРИСКА-та покажи нешто тос е божји благослов такво какво што е ... Докторот рече дека се е ок да не се грижам... Меѓутоа ехо какп ехо не знае генетски и хромозомски како се развива ... Размислив и сакам да правам НИФТ ве молам за ваши мислења Ми рече 600евра чини.... Еве го моето бубаче
Znaci toa igra uloga....kaj mene na primer e karlicno postaveno...moze zatoa me maci zeludnik I pritiska za poveke pati odenje co toalet...I.plus magneziumot.....a do koja nedela bebusot treba da se svrti?
мислам дека нема правила.. на другарка на сам пораѓај и се сврте па заврши на итен царски.. по некоја статистика најчесто до 34та недела треба да се веќе свртени, ама нема гаранција дека така ќе останат.. мајка ми со мене исто на договорен царски 38ма недела карлично поставена, додека чекале анестезија се имам свртено со главата надолу па ме чекале после за природно хаха.. нема правила
Прво , нека ти е со среќа и дај боже да си го земеш бебчето во раце Искрено , не знам колку има врска престанокот на срце со генетски аномалии , но доколку докторот ти препорачува и доколку ти ќе се чувствуваш полесно тогаш направи го тестот . Пробај да размислуваш позитивно , инаку и ехо кај добар доктор е доволно за прв скрининг да види што треба, Приската е статистика , затоа повеќе ти препорачувам прв скрининг кај некој добар доктор што знае што да гледа . Сепак , ако бидеш помирна со пренаталниот , направи го