Зошто не би било во ред со вагинална сонда? Мене до кај 12та-13та недела ме гледаше така, па потоа пак во 20та недела за должина на грло на матка. Сигурно нема да гледаат така ако има некоја опасност. И chatgtp вика дека е вообичаено до таа недела да се гледа со вагинална сонда, а и дека дава поточна проценка.
Здраво девојки, Бел вагинален исцедок, некогаш бело-прозирен лигав, некогаш по густ бел..нормален е во рана бременост? И дали преку цела бременост продолжува, дали се зголемува, намалува?
Штом е бел како белка од јајце, погуст или воденест е многу нормално... За количина кај мене пример кога ќе станам е пообемно преку ден понекогаш повеќе понекогаш помалку... Со тек на бременост еќ се зголемува... Јас носам секојдневна дс можам да следам и постојано се проверувам поради трсуматични исцедоци... Се додека е ваков како сега без мирис и без приемеси на крв или промена на боја и без чешање е сосема нормално... Која недела си?
Исто и јас на две недели одам на контрола. И баш затоа и прашав ако е нешто штетно самите докторо ќе кажат. Незнам само до кога е дозволено вагинално да се прегледува?
Мислам дека е нормално ехо еднаш на 4 недели Ја одев на секои 2 недели, некогаш и на секоја недела т.с. еднаш неделно мораше така Ме фати и мене шубе да не е многу често и има штета од ехото ама секаде пишува дека нема плус доктор си знае што прави А вагинално ехо после 12нед мислам дека не се прави освен грло кога мерат еднаш или два пати до сега ми мереле набрзина само Сигурно не може да направи проблеми штом прегледуваат
Утре влегувам во 6-та недела. А втор преглед закажавме дури на 19ти Мај, како ќе се издржи до тогаш еве не знам само тоа ми е во глава. На првиот отидовме многу рано (4+2) и немаше ништо, но не ме гледаше вагинално. Завчера правев и hCG испитување, беше над 5000 (без точна бројка бидејќи не им очитувал над 5000) се молам само се да биде добро
Оф леле јас мислев ова го бараш за флеки. А тоа за дезинфекција го имам баш дома ама купено пред неколку месеци од којзнае каде. Ајде ако некоја го начека негде ќе сподели.
Вечен страв... Јас бев во средата ми рече се е ОК 10+3сум јас ... Сега на 27ми Мај ќе одам за ПРИСКА па потоа НИФТ Ме излудува кога чекам сите ми велат само смирено да си барам занимација да не мислам ама понекогаш тешко оди...
Јас пак долго време и пред бременоста брисеви правев нон стоп и се се чисти. Во последнава година ипол мене ми е како бело светло жолт и пак правев брисеви и нема ништо. И тоа ми се појави така после мисед пред околу година ипол. Ама и тогаш се правеми брисеви чисти. Ама ниту мириса ниту иритира. Јас и многу слабо имам секрет повеќе сум сува, единствено имав само за времето на овулација прозирно.Е сега возраста дали има врска незнам, и тоа што кај мене има многу малку секрет. И пак ми е мисла ама проверено е незнам што да правам. До што би можело да е...
Не јади млечни производи многу значи јас имав мака со кандида поради прекумерно внесување на млеко, сирење, .... Исто така и благо премногу имав проблем со акните а и со кандидата... Тестенини, јајца, мајонез исто понаретко... Бело светло жолт не е страшно доколку не ви прави проблем мислам јас имав проблем што усните на вагината од чешање ми отекоја и цела бев крв на влошка неможев да седам без да се чешам...страшна болка... Пробајте со маст Канестен или на Гинеколог оди вагиналети имаше едни со билки... Мирисаа ужасно ама за една недела ни чешање ни ништо како нова...
Јас немам чешање никакво, ниту пак консумирам млеко освен сирење. До која недела смеат да се прават брисеви? Ќе побарам пак...
Смири се не барај повторно штом немаш проблем.... Разговарај со гинекологот ќе ти даде вагиналети на природна база за да бидеш мирна . не барај брисови... Не чини многу буричкање долу.. Штом немаш чешање, инфекција, крв, висока температура...ништо не е види киселоста кога ќе правиш диференцијална крвна слика кај мене 6.5 нормалното без бременост 5.0- 5.5... Сега во бременост некои вредности се менуваат...
Да ве прашам тие што веќе имате родено, дали некоја ја користела бубамарата на хаака и дали е нешто корисно? Некако веќе толку сум бомбардирана со информации а сфаќам дека многу од работите не се воопшто корисни и практични. Пумпа не би сакала да купувам, бидејќи е инвестиција а има шанса и да не дојам. Но, ете ја мислам бубамарава како опција да ја имам дома во случај да имам доволно млеко и да дојам, но сепак би ми значело доколку некој има искуство да сподели
Јас би ти рекла да почекаш и за ова да видиш како ќе ти биде. Мене лично немаше никаква работа да ми врши затоа што не ми течеше млеко од едната, додека цицаше бебето од другата ни општо, а имав премногу млеко. Така да мора да видиш како ќе ти биде, дали ќе ти треба воопшто
Devojki do koja nedela se pravi tretiot skrining, treba da zakazuvam naredna nedela da znam koj termin da go fatam