Ова е колектор ако ти тече млеко? Не е евтино, за тие пари ќе земеш рачна пумпа.. Јас доев успешно година дена (4+ месеци ексклузивно), млеко не ми течело само никогаш. Камен ќе ми станат градите, млеко не течеше. Ти одлучуваш сепак, јас ти кажувам мое искуство.
Епа да, тоа сакав да слушнам, дали има сценарија каде било бескорисно. Значи сепак да почекам на почеток како ќе биде и сепак пумпа ќе се испостави како најпрактично решение ако веќе дојам. Фала ти и тебе и @Larea ❤️
Девојки порачав од Турција пролутекс да ми ги донесат као поевтини ама немало баш такви па кажале дека овие се замена. Дали некој има искуство, секако утре ќе прашам доктор.Ама ако некој знае да сподели, упатство е на турски ништо не разбирам.
Здраво Денес кога станав ставав кафе и се ок .... Го сварив ма маса го оставив ајде реков да измијам кога ми се слошило не за повраќање онака снагата ми омалакса лошо рацете ми се тресеа пребледев препотев страшно мажот ми рече оди легни малку напи се вода страшно беше .. Мерев притисок 100/80 е сега можеби шеќерот првпат вака ми се случува од нос сега на бришење крваво мрсулче .. Сега ок е ќе мерам притисок пак подоцна... 10+4 недели сум... Ви се има случено и вас? Искуства некоја трудница
Исто и мене сабајлево баш тоа ми се случи 14 нед. Јас мислам можеби од глад. Јас каснав само јаболко и викам ајде да измијам имав садови па ќе правам смути и додека миев така одеднаш ми се слоши и како силна главоболка. Ама зедов да јадам ми помина веднаш. И притисокот ми беше ок.
Мене ми се случи вака исто во банка дури чекав ред, немав сила уплатницата да ја пополнам. Притисок нормален, шеќер нормален, најверојатно од самата бременост. Тоа беше прв пат да осетам некаков симптом во бременоста
Ми се случи два пати. Не се плаши за жал нормално е. Така кога ќе осетиш одма седни и касни нешто благо и напиј се вода. Минатата недела ми се случи ептен свежо ми е, не изреагирав брзо затоа што бев надвор немав вода и благо со мене, додека ми донесат јас веќе припаднав, ама штом каснав коцка чоколадо веднаш почна да ми станува подобро. Инаку не е од глад, двата пати одма после јадење ми се случи, во движење. Не оди никаде без вода и благце.
И мене ми се случи 2-3 пати истото да ми се слоши така наеднаш од нигде никаде.Ми се стесе целото тело и мислев ќе се онесвестам. Тоа кога тргнам така некаде и не сум јадена убаво. Обавезно во чанта водичка,чоколатца,кока кола било што во моментот да седнете и изедете нешто ќе ви помине. На многу се случува така незнам од што е.
Цела бременост го имам,на моменти како сув мрсул се правеше. Чисти и првите и вторите брисеви и тоа намерно од тоа ставаше примерок гинекологов... И мене ми се слоши завчера во бисер ,јадена пиена се бев.. одеднаш како да снемав воздух и ми се стемни буквално темница ништо не гледав а гласовите како да сум во дупка ги слушав среќа од киоскот девојчето ме примети нормално кога за вратата се држев ми даде столче седнав и бомбонче да држам колку нешто во уста па полека ми се врати животот се исплашив искрено и се надевам нема да се повтори. Туку цело време осеќам некое пулсирање доле ниско некогаш лево некогаш десно. Прво мислев икање дека е ама некако пречесто е за икање...
Многу лошо чувство... Не сакав да испаничам пп природа паничам поради претходните трауми... Сега се трудам да не си правам притисок.. Ама многу лошо да не знам дали да повраќам,дали да паднам... Препотев, мажот ми рече жива вода си.. На 27 дури на ПРИСКА сум па после на НИФТ многу се плашам..
Исто и јас, пот, тахикардија, воздух снемав. Ама премногу се исфорсирав тој ден, пешки од еден крај на градот до друг и тоа со ранец полн со книги и наоблечена со дебела вентијага.
Јас можеби преуморна овие два дена три на доктор дп град по инекции, низ дома горе долу, вчера на фризер и можеби премореност... Ме јади нервоза што свекрва ми ( неможам лошо да речам се ми купува дава се ок) меѓутоа за НИФТ борба водиме... Шо ќе ми било, таа до сега нема слушнато да прават, чабе фрлање пари, незнам зошто не сваќаат некои работи.. И цел ден на ифрат дека и реков оти докторот рече така не побарав јас... Знам невработена ни јас ни мажот ми се разбирам се ок можеби мисли дека од неа очекувам да даде незнам зошто не се разбираат дека понекогаш некои работи е подобро дс ги направиш да бидеш мирна... За пари некако ќе се снајдиме со мажот ми јас сакам да сум си мирна.. Неможам да сватам... Се лути бадијала сега де кажано ништо не се крие и вчера до едни од Генетска лабораторија правев муабет триста работи од околу ми изнарече ( што туку прашуваш гледаш се нема, не си прави чабе муабет, ексик ...) реков да не кажувам ништо ама не сум таква личност сакам да си кажам не утре другиден со кјутенката работиш ова она..