@EnaEnA30 @ginger благодарам за мислењето памет немам веќе. Ке побарам уште едно мислење па ке видиме
Мислам дека нема правило за отоците, и да има, кај мене не важеше во првата бременост. Јас отекував летото, 5ти месец, бумбар бев во нозете, викав што ќе биде со мене до 9ти. 9ти во декември, никаков оток. Како залади времето кај мене отоци снема..
Не се грижи, може и ништо да не значи. Откако ќе се роди ако се искака без опструкции ќе се намали отокот во цревата ако е незначителен. Побарај си подетално објаснување што точно во твојот случај значи за да си бидеш спокојна и спремна. И да е потребен некој зафат, имаме одлични детски хирурзи, се ќе биде во ред.
Девојки за колку време делуваат флостерон тие што сте примале? После колку време е безбедно да се породиш после инекциите?
Здраво. Јас сум 23 нед веќе и на скринингот во 21 забележаа дилатација на црева/стоп во пасажа на тенко црево. Објаснија др дека може не е ништо ама за секој случај да се исклучи цистична фиброза правев амниосинтеза, рез од НИПТ ми се во ред ама тие не опфаќаат цистична. Доколку нема некои абнормалности веднаш после породување се прават испитувања и се прави интервенција кај бебчето.
Колку отприлика чинат д димери и хемостаза по приватниве лаборатории, и дали резултатите доаѓаат истиот ден или се чека? Досега немам испитано.
Во клиника на трансфузиологија ти е бесплатно. Почнуваат со боцкање во 08:15 часот. Ќе им кажеш дека си трудница и ќе те земат преку ред. Правев пред месец дена. Не ми наплатија ништо. Земав само упат од матичниот гинеколог пред да одам.
Земи си упат за трансфузија, зошто да плаќаш приватно. Воопшто нема гужва, мислам до 11 боцкаа, резултатите за 2 3 дена ќе ти стигнат кај матичниот, можеш и доказ за крвна група да си извадиш, се беспари.
И државно има резултати истиот ден, можеш да си ги видиш на Мое здравје апликацијата. Јас бев во градска да се боцнам, ич немаше гужва. Влезот е од позади некако ќе му дојде. Од кај зегинот има зелена ограда таква вештачка и тука десно и одма десно бела врата. Грдичко е внатре се распаѓа цело ама бар нема гужва и ако ти е поблиску е супер алтернатива.
Како мислиш насока од транфузиолог? Упат за димери и хемостаза дава матичен гинеколог, ќе видат дека си трудница и знаат мислам точно што треба. Освен ако се работи за специфичен некој случај.
Не сум од Ск, овде кај нас лабораторија и трансфузиологија се едно до друго, ненормални гужви се. Еднаш бев за крвна група, се изначекав, малтретирање. А не сакаат со едно боцкање да земат за се, и чекање на две врати. Како и да е, изгледа пак ќе одам тамо, ќе прашам дали подоцна може да ме боцнат, треба да правам и конторла нс тироидни, се ако платам приватно изгор се анализиве. Матичниот ми рече може тој да даде упат.
Матичен гинеколог ти издава упат за д-димери и хемостаза врз основа на тоа што си трудна. Ако нешто не е ОК ваљда, ќе те прати кај трансфузиолог на преглед, да ти даде терапија. Ако ти се ОК, не проверуваш повеќе. @ginger од каде и да си, мора на државно да има фактори на хемостаза со д-димер, а како трудница имаш предност секаде. Инаку на приватно, ко да беше околу 1200-1500 ама не сум сигурна.
Кажи дека си трудница на шалтер, ама и сами можат да видат. И јас одев по приватни за да не чекам, 900 денари само ддимерите ме чинеа па на крај се свестив и почнав да си користам што ми следува.
Здраво 8ма недела сум. И ова не е нормално. Во првата бременост не ми беше вака. Можда дека се плашев да не е гладен па само јадев. Буквално што и да јадам колку и да јадам после 2ч 3 макс јас сум прегладнета значи не е да речеш еј би можела да каснам не него ме боли желудник ме боли стомак онака ко да не сум јадела цел ден. Чаре? И не можам да јадам одма чим осетам глад пошто ми се лоши пошто буквално сум јадела пред 2ч Прееска ручав во 16и нешто значи тупан во 18ч јас јадев пак и не осеќам глад и буквално пред 5мин стегање мислиш немам јадено со месеци. А не можам да се товам толку ќе повратам. Иначе како за 8ма недела имам меше машала не знам зошто вака се познавам или уште се дујам. Иначе слаба сум апла само стомак на мене