Здраво сегашни и идни мамички. Долго време ве читам, па дојде ред и јас да ви се придружам. Да те утешам @KikiKviki , не си единствена... Еве и јас, 10+4 сум, и последниве две недели толку наеднаш огладнувам. Порано сум немала таков проблем, напротив можев да седам нејадена со саати, но сега обавезно на неколку часа нагло огладнувам...
Јас мислам дека и пренаталните витамини имаат големо влијание врз гладот што го осеќаме. Мене ми се случувало и кога не сум бремена ако пијам некои јаки витамини да ми делуваат исто како што објаснуваш, екстремна глад. Сега сум бремена пијам Провен витамини и немам проблеми со гладот нормален ми е фала богу. Секако дека тоа што си бремена се отвара апетитот ама пробај смени витамини можеби ќе ти биде подобро, затоа што како што одминува бременоста апетитот ќе расте
Така почнав ,па почна повраќање дури и ослабев ,заврши таа фаза почна пак ова со гладот сеа сум 35 та и уште знае да се случи абе ноќе станував јадев банана како дупка да имав во желудникот не можев да спијам ако не каснам нешто. Го балансирав со помала количина оброци а оовеќе пати. Инаку шеќер на к.с никогаш не се качи над 4.2 и др вика дека нагло ми паѓал затоа сум осеќала глад.
Здраво. 15 + 5 деновие приметувам како пецкање, трнење на кожата на стомакот. Дали е нормално? Имал ли некоја вака? Секој ден нови симптоми, ај помина 12 та паники, сега други симптоми.. Хелп?
Нормално е, се тегни кожата, пука, мене ме чешаше и ми се лупеше. Мачкај некое масло или некој лосион за да ја хидрираш кожата. Јас користам алверде путер и масло за трудници, преубаво е и многу добро мириса.
Девојки, Да пофалам денес еден гест кој многу пријатно ме изненади. Бев во банка, и немаше кој знае колку многу гужва ама никој не ми ни даде ни предност, а секако не ни побарав. Една вработена ме виде во редот како стојам и ме праша за што сум дојдена и и реков . Ме извади од редост и ме однесе на почеток и им вика после ослободен шалтер девојката е на ред, и ме праша дали сакм столче и вода. Се воодушевив од нејзината внимателност и лубезност. Морав да ја пофалам. Искрено не сум навикната некој во оваа ситуација да ми дава предност секој си ја гледа својата работа , али на девојката секоја и чест.
Јас бев таква, ова траеше интензивно од 5 до 15-16 недела некаде. Ми се случуваше да плачам од глад. Верувај ми. Јас не јадев, трпев. Гледав ептен да пазам, да не се здебелам и такви глупости. Кога ќе видев па работи што си ги забранував, уште толку. Втор триместар ми беше постабилен, сега како влегов во трет, се врати. На пример, сабајлево доручкував супер, две јајца, крекери од семиња, салата, хумус. Пак останав гладна, до ручек мислам ќе цркнев... И еве на толку пазење, пак сум здебелена 9 кг. Денес се мерев и денот си го расипав. И баш ми е мака што толку се оставав гладна особено на почетокот, барем да знаев од кај сум поправена. Да си јадеш ако си гладна.
Јас дека уште на никој не сум кажала освен мм и пазам и кога ќе ми се пријаде прво се врткарам пред фрижидер и дсмек да грицнам нешто ќе седнам да јадам. Мн ме давеа во првата бременост уште од прв ден кога им кажав. Па сакам малку полабаво дур дознаат они ама пуст глад.. не дозвољава
Ооо арно се мериш. Јас не се мерам. За поправена поправена сум. Пред месец дена нервен слом ќе добиев и од тогаш на вага се немам качено. Иначе не јадам толку од глад колку од немај каде.Дома сум по цел ден и тоа сама, па со фрижидерот сме ептен другарки
Цел ден кукам и сите ми велат што се мериш ама ај, се стори. Да знам за отсега да се скарам со вагата. Хаха
Ова искрено многу ретко го гледам и не ми е јасно зошто. Еве мене само оваа недела ми се случи да чекам автобус со дете и торба полна на рамо плус ранец на грб и буквално никој да не се помести од место на клупата, а девојчиња 2 и една жена, ќе речеш женски се ќе разберат, ма јок. Во автобус се качувам и преполн автобусот од најмладо до најстаро, никој да понуди да стане да не се буткам во гужвата, плус две жени ме забуткаа за да поминат, а ме гледаат сите со толкав стомак. Не ми мене дека мора сегде предност да имам и да ми се тргаат, ама јас сум така учена покажи почит, за деца мали, трудни и стари, помогни ако можеш. Незнам можда многу очекувам од нашиов народ. Браво за секој што вака се грижи, дефинитивно ретки се.
Јас боцкам клексан цела бременост ради мутации и општ матичен ме праќа кај трансфузиолог па после тој дава насока што да се испита и за терапија. Не знаев дека тие рутински што испитуваат одат со упат од матичен гинеколог
Јас сега рутински ќе испитувам прв пат. А досега кога прашував дали треба, сестрата кај гинекологот ми рече ние не можеме да дајме упат, ко ќе дојде време ќе те пратиме на одделение по упат. А денес ми рекоа може ќе ти дајме, не знам оти така.
Со првата бременост јадев како дупната, трудна останав со 58 кг раѓав со 87 кг. Сега со ова што го носам, јас не можам ништо да јадам, накај 13-14ч што јадам јадам после цел ден ми е тоа во нос и нагони повраќања чуда. Едноставно ми се гади и кога ја гледам храната. 8+3 сум исто
Јас па пред бременоста правев експерименти со бои и таман земав фарба ништо. Денес ставив колор шампон ама после прв триместар сигурно ќе се исфарбам, вака нема да шетам 100%
Здраво девојки, Сакам да ве прашам бидејќи ми е прва бременост и не сме упатени воопшто, дали некој накратко може да ми каже што и какви испитувања се постојат и од кога почнуваат? јас сеуште сум во рана бременост, скоро во 7-ма недела, но сакам да знам што следува надевајќи се дека се ќе биде во ред и бог ќе не чува.
Во 12 недела се прави првиот скрининг , и се земаат брисеви . Доколку е уредна бременост преглед после месец дена . Потоа и втор скрининг каде што се гледаат сите органи на бебчето . Крвни слики ќе правиш сигурно у меѓувреме, барем јас правам . Сега сум 25 недела и ми дадоа упат и за скриен шеќер како и за димери и хемостаза . Потоа како што знам се прават пак брисеви некаде пред крај . Последните недели секоја недела на Цтг. Ти посакувам лесна и убава бременост
Дали само мене ми е вака или и на други ? Многу ми се слошува како светки на очите и после тежина на гради на срце.... 1 тримесечие сум