Olly денеска е прва ќе идам да ми ја види ранава конецов еве 4та недела не ме паднат од гак што се породив, ќе ја прашам за смени ќе ти пишам.
Јас исто премногу апетит имам, 4 пати повеќе јадам од претходно, само 1,5 до 2 кг сум поправена. Сега ќе мислам некој проблем има со мене. Зошто не се поправам. Порано кога знам да претерам се поправав иако во глобала сум слаба, а сега на толку јадење и да не се поправам, плус и мора да мирувам не се движам толку.
Женски пиете ли кафе? Јас пијам по едно турско на ден и знам некој пат да се напијам и ептен слаб нес како второ кафе во денот. Да не претерувам со кофеин? 22 недела сум.
Добро утро! Имам можда чудно прашање: не можам убаво да спијам од возбуда и 100илјади мисли и планови Дали постои безбеден суплемент за заспивање/спиење? Претходно сум користела мелатонин, и прочитав дека може, ама со ризик, така да, отпаѓа.
Јас читав дека кафето, кока колата (кофеинот)ја намалуваат циркулацијата, јас избегнувам многу ретко. А две кафиња мислам се премногу. Пишуваше некде дека до 200 мл дневно само смее кока кола или нешто што содржи кофеин.
Здраво пак јас... Дали само јас вака или има некоја како мене.. Легнувам се ок знам трудна сум станувам си го барам мешето во лежечка позиција незнам оти вака... Кој ќе чека до 27ми за пак срценце еве 11та недела меше големо од кога ќе јадам од кога ќе де напивам нешто ....
Ок е. Не се секирај и јас на почетокот стомак подуван сабајле не е толкав. Првите 3 месеци од подуеност е така.
Јас несвесно така реагирам а и од страв... Имам на научни портали читано дека како поминуваат неделите после слушање на срцето така се намалува и ризикот од спонтан... Јас 11та недела секој ден се молам се да биде ок и да не се повтори претходното.. Барем да имаше некој начин да знаеме дека се е ок... Јас пак си пробувам со стетоскоп но рано е сеуште незнам што да слушнам... Понекогаш си велам се е ок не мисли немаш ни кафеаво ни Недај Боже црвено, терапија примаш се ќе биде ок... И оп одма филм во главата до читање на гоогле дека срцето може да прекини а да немаш симптоми и да се открие дури на конторла и триста трауми.... Не знам некоо денови топ некои денови стравови...
Кого и да прашав од доктортите рекоа смее по едно кафе на ден. Ама треба да се внимава и на друг внес на кофеин пр.какаото има кофеин, чоколадата, кока кола ...и кафе ако пиеш да не дојде многу. Јас не пијам ниту едно постепено го намалував прво по пола па по малку па сега ич. Ама си купив безкофеинско од ДМ Био, за ако дојде некој на кафе па друштво да правам. Имаш и турско безкофеиснско во Веро. Можеш и таква варијанта да си земеш.
И јас најчесто пијам толку, 23та недела. Јас себе се следам, ако не ми се пие, едвај едно ќе се напијам. Со низок притисок очајно ми треба, одма после појадок ако не се напијам заспивам. Некогаш и мене ми е на совест да не претерувам, со едно турско и едно нес ама се тешам дека тоа не се случува секој ден...ако има некоја што знае што како треба, слободно нека ме кара ако претерувам, ќе се откажам и од тоа Цигари не пушам, алкохол не пијам, па и за кафе ако треба ќе намалам само за доброто на бебето.
И јас исто повелете кај мене на безкофеинско јас од Стокомак си зедов скапо ми беше ДМ 160ден... Бујрум..
Исто пиев, имам низок притисок ми требаше нешто да ми даде малку енергија. Секако пиев и многу вода. Несот ми беше послаб, кафе турско пијам слабо ради желудникот. Секако нашите турски немаат кофеин толку до 25-30грама , многу пепел наут мешани се. Еспресо има по 100грама кофеин. Испитувани се на факултет, еден црн, зелен чај има повеќе од некои фирми на кафиња турски.
Јас пред бременост не пиев воопшто кафе. Ама во бременост толку ми пријаше и си пиев едно до две од почеток до крај. Ја прашав матичната рече едно две не сметаат.
Девојки што значат ниски тромбоцити? Референтни врености од 150 до 400 кај мене пред еден месец 156 сега 135? Со два клексани сум, железо океј и хемоглобин. Ддмери добри
Исто и јас сум. Ниски тромбоцити, и во претходната бременост исто бев со ниски до 114 ми дојдоа.. Ми рекоа да не се под 100. Која недела си?
Те читам тебе, исто како самата себе да се гледам во огледало . Вчера поради болки отидов на ехо, докторката што ме пипкаше ми кажа дека е нормално мек стомак за овие недели. Јас сум ок два три дена после ехо, и потоа паранои дали е добро бебето . Машала супер си е бебе , и се ние до главите затоа што имаме лошо искуство. Кога лежам и кога се вртам си го барам стомакот каде ми е па ќе ме здоболи па му зборам добро добро не се буни
32 +1 сега ми стигна крвната слика и баш правев споредба, дури наредна недела сум на контрола.. А причина од што можат да паѓаат ти кажаа? Никој ништо не ми напоменал до сега можеби дека биле на долна граница ама сега веќе се паднати
Дека било нормално да паѓаат во бременост, дека се додека се над 100 не е алармантно. Искрено мене и кога не сум бремена ми се пониски во споредба со други ама пак се во долна граница.