Не знам ама многу се плашам.. Многу сакам се да биди ок .. Само ставам рака на стомак да осетсм нешто..
И јас пијам некои денови по 2 кога ми е ептен низок притисокот и кога ми се пие. Така и читав дека 2 шолји е дозволено.
Да две шољи се доволни јас го прашав докторот рече да може до две мали филџани без проблем ... Јас веднаш откажав цигарите од 4та недела а секогаш велев каде без цигара не оди ама еве одело и тоа без проблем кога се работи за друго срце под твоето.. Почнав да јадам работи како авокадо, портокали се овошје и зеленчук избегнувам сокови освен дома сама ако не си направам... Имам мерак еднаш направив за внуката портокал со краставица ама се рушив од пиење и внуката и јас сега... Сега вечер пак да си накупам а и авокадо пробав убаво е така да го касниш а пробав како сок со вода во Нутри булетот ама некако не одеше гадно ми беше а така го каснав ...
Авокадото во нутри со мед и какао остави во фрижидер и имаш чоколаден мус може и малку сок портокал за вкус
Ќе пробам.... А каков мед чини ли од оној за деца ако ви текнува што го земаа нашите со мечиња... Благо ми се јади многу најубаво ми е најлепше желје секој вид посебно она со бисквита и кафе ... Исто така банана, чоколадно млеко (или обично), малку оревчиња и бисквита супер освежувачки..
Здраво сопругот го фаќа настинка/грип би сакала да ве прашам дали е ризик по раната бременост 6+3 сум и како би се заштитила доколку е? ( Пијам пренатални витамини и Мг)
Во едно лажиче нес кафр имас околу 70-80 мг кофеин скоро исто имаш и во турско кафе така да ако и двете ги правиш послаби можеш да испиеш две во текот на денот, дозволено е до 200 мг кофеин. А можеш да си земеш и безкофеинско нескафе не е толку лошо. Јас денот без нес не го поминував ама сега ќе си речам еј нескафе да си напраам ама кога ќе ми текне дека треба да го пијам ми доаѓа нагон за повраќање и се откажувам. Немам испиено кафе асално откако дознав дека сум трудна а сеа сум 12та недела и едвај чекам мачниниве да поминат па да можам и асално да јадам и да пијам
Јас пиев кафе цела бременост едно турско, едно нес, е сега некогаш ги пиев до пола оти од се ме фаќаше киселини. Се породив се е во ред и со бебе и со мене. Мислам дека од едно, две ако ти оди немаш гајле. Избегнувај појаки кафиња како еспресо или ако пиеш такво нека биде само едно кафе во денот
Ве моламмм солуција за затнат нос? Малиот ми има бактерија не знам дали и јас ја фатив, ама ужасно ми смета не можам да дишам, окото ми солзи цело време од носот. Марисол не ми помага..
Здраво, ме интересира дали некој има слично искуство. Првото дете ми е родено 2400гр во 38ма недела, наводно цела бременост беше све ок и при крај ми викаа ќе се роди помало не е ништо страшно, околу 3кг тие мислеа, на нивните мерењата секогаш беше повеќе. Кога се роди мал, и по испитување на плацднтата ми препишаа во втора бременост да пијам аспирин. Сега сум 14 недела, правев испитувања на крв и ехо во 13та недела и се беше во ред. Докторот ми вика според резултатите јас не би ти дал, ама ако сакаш ти кажи. А јас искрено немам појма немам никој близок шо пиел не знам ништо. Ми е страв затоа што ми кажа дека може да има и не сакани појави. Од друга страна и со првата бременост беше се ок, бебето добро според неделата, се до 8ми месец кога ми рекоа дека малку заостанува но сеуште е со граница на нормала. Стварно сум во недоумица..
Ако имаш и ти бактерија ќе мораш со антибиотици ама мораш да провериш со брис. А во меѓувреме пробај со аквамарис тоа е за испирање на носот многу помага, од едната ноздра се истекува течноста од другата.
Инфо од денеска, упат за хемостаза може од матичен гинеколог, а упат за д димери од специјалист. Ме пратија на одделение, па оттаму зедов. И сепак анализите ги направив во државна болница, не ми се даваа пари. Добри стигнаа резултатите.
Јас имам слично искуство прошлата бременост бебе родено 38+6 2500гр. Исто почна слабо да качува при крај, ме паничеа докторите може.ќе треба пред време да ја извадиме незнам што. Она качуваше ама по многу малку ама сепак качуваше. Мене постелката ми беше созреана пред време. Еден период примав и по 2 клексани. Инаку цела бременост примав по еден зошто сум со мутации. Аспирин пиев само до 12та недела. На крај дека ми е мало бебето препишаа и на генетика зошто јас се породив со 52 кг, многу сум ситна а и маж ми не е нешто многу голем. Детево се роди живо здраво палаво .. ама ситна е многу палешка моја нема ни 11 кг а е 2.5 години. Борба е за јадење. Ама јас сум била истата па еве ме.. Е сега сум бремена со второ 24та недела. Засега све е ок, па ќе видиме како ќе биде здравје боже ... Според мене доктор треба да пресече дали да пиеш Аспирин или не. Каков е тој одговор "ако сакаш" . Во краен случај барај второ мислење.
Исто е и кај нас со првото 3 години е но скоро ништо не јаде, околу 14кг е и слабичок е во однос на врсниците, но и јас и татко сме биле исти на негова воздраст, онака е супер и активен. Не знам баш ме изненади докторот, затоа што се работи за швајцарија, очекував дека здравството е на повисоко ниво. Испага ако не го пијам, јас ке бидам крива мне тој… јас фатив корона 8ми месец па сумњаат и на тоа, јас две недели ништо не јадев а не ми дадоа ни витамини ни инфузии плус