Баш така , многу без веза муабет. Инаку според мене нема простор за грижи. Битно нека се родат живи здрави и термински бебиња па килажа ќе си качат натака. Не се раѓаат сите по 3500 а и вака не сме сите луѓе исто високи,ниски ,дебели,слаби.
Тоа со 200 грама кофеин е аут оф сенс. На ужасно низок притисок нема шанси да се влечам како рак по улици и да припаѓам, само затоа што таму на некоја и текнало дека не се пиело кафе во бременост. Безкофеинско нема врска. Литар кока- кола имам пиено на почеток на бременост и дури тогаш ми доаѓал нормален притисокот. Не секоја има шанси да не работи додека е бремена и да се притресува што наводно смее, а што не. Пијте си кафе колку што ви бара организмот.
Можеш авокадо и банана топ е. Иначе сеуште е рано за да се осети бебето, повеќе се осеќаат цревата како кркорат
Ја почнавте темата со кафето па да си кажам и јас кафе не пијам, ми пречи на желудникот уште од како знам за мене.Другарки си пијат нормално едно две, која колку си пие. А не да прекумерно. Газирано избегавам ради шекерот и плус сум на диета притисок еве во вакви денови кога е никакво времето 70 ми е високиот неможам од кревет да станам. Со солено кисело го кревам колку толку, течности и понекогаш кога ми е многу премногу низок, ми се има случено да ми се слоши многу знам газирано да пивнам колку да се оправам да можам да функционирам. Така да кој може да си пие кафе за да си го нормализира со умерени количини уживајте си
Многу лош совет, секаде пишува дека кофеинот е штетен . Ти ако сакаш и ракија пиј и пуши и цигари... кој може да ти забрани ама не значи дека е правилно. Ништо нема да ни биде ако се стрпиме неколку месеци за бебето да биде здраво кога ќе се роди. Може во моментот ништо да не ти биде ама си има последици. Кофеинот лесно поминува преку плацентата до бебето, а бебето не може да го разгради, бидејќи неговиот метаболизам не е доволно развиен. Ова може да предизвика натрупување на кофеин во телото на бебето.Кофеинот има стимулативен ефект и може да го забрза срцевиот ритам кај бебето. За низок притисок ќе пиете повеќе вода, вода со лимон. Повеќе салати, ќе се хидрирате и слично. Или кафе една мала шоља а не бокал...
Дојдов да си се пожалам денес кај матичната бев на контрола и ми мери цервикс 2.86 цм, а кај неа предходно ми беше 3 цм па 3.1 цм. И ми се врати цел филм од првата бременост и уште ме тепа таа тага и беспомошно чувство што го имав тогаш, некоја мелахонија. Дали е до психата или ставрно, осеќам како благи менструални болки долниот дел од стомакот и уште толку ме фаќа страв. Ми даде утрогестан да ставам 2х200мг, магнезиум некој друг што е мешавина од повеќе различни магнезиуми. Затворено е грлото само малку пократко, за две недели контрола. Незнам дали да барам кај Димчев пак да одам или кај Палчевски да си закажам најбрзо што може. Дека кај Димчев ми измери 4 цм, па 3.9цм на втор скрининг, што е голема разлика од нејзиното мерење. Се е чисто, се осеќам океј, се надевам дека не е ништо, дека е само до мерењето. Во саботата ми се појавија некои бели светла пред очи неможев убаво да гледам добри 2 саати, мерев притисок 130 со 90 и глава ме болеше. Па помина се само од себе и не се повтори досега. Матичнава ми вика мери секој ден неколку пати ако имаш пак одма пиши ми. Раат да не е човек. Одам да си ја земам ќерка од градинка, се надевам ќе се оправам со паметов, да не си правам стресови. Да ги земам и новите витамини од аптека па да ми кажете дали некој ги користи јас прв пат слушам. Си се изнапишав, ама немам со кој да споделам што ме разбира кога хормони и спомени неубави ме маваат. Ќе си кснеме и едно сладолетче со ќере и ќе помине
Се од храна и пијалаци во умерени количини е ок Исто важи и за кафе Со тоа што ако веќе мора да се напиеме пример за притисок доволно е една шолјичка, во спротивно човек реално од сѐ може да се воздржи. Јас мака мачам со чоколадо на пример знам дека не смее ама секој ден по малку или повеќе си каснувам Кај и да е ќе треба да проверам гестациски дијабет па ќе видиме како и дали направил штета шеќерот За 24 нед не знам зошто ми покажува 2 степен на постелката малку се замислив Прочитав во извештајот инаку докторот ништо не ми посочи (Примам клексан по еден на ден) Но мислам дека е рано за таа недела тој степен И сега се замислив со благото
Ќе биде ок само смирено Тука колку што читам има многу со искуство со помалку цм на грло па до крај терале Мене па никој не ми ни кажал колку цм грлото. Претпоставувам дека го мерат некако преку стомак и е ок Не знам која недела си ама пробај да мируваш и да примаш терапија А за кај други доктори за грло не гледам зошто би одела да се малтретираш засега, сигурно ќе те следи матичната Битно си покриена со терапија и знаете ситуација
Прашај си за токорелакс или ферона помагаат за грло. Јас ги пијам од 12 недела. А ако веќе ти создава стрес и се чуствуваш така од целата ситуација и сакаш да слушнеш уште едно мислење закажи си порано на уште еден преглед па ке си прашаш се што те мачи. Некогаш е подобро така отколку да седиме дома и да се мачиме. Не знам магнезиум колку пиеш исто и тоа можеш да покачиш.
Која недела си ? И мене ми е 2.8 плус фанелинг и слаџ. Речено ми е да одмарам ама имам и јас мало дете дома тешко иде. Пијам антибиотик за слаџот и во петок сум на контрола. Молам Господ све да е ок. Прошлата бременост како што кажа ти истата ми беше. Истите стресови после втор скрининг. Не мрднав од кревет се породив во термин ама сега страв ми е дека не успевам да лежам, имам грижа на совест. Имам помош дома ама малата мене си ме бара и многу ми е криво на моменти што неможам 100 % внимание да и дадам. Инаку психата е чудна работа. И мене денови коа "не ми е денот" све ме боли и триста мисли во главата (ете како на пример денеска ) а некои денови ко ништо да не ми е мислам да станам маратон ќе истрчам. Инаку да земи си Ферона или токорелакс за грло. Јас плус боцкам пролутекс и навечер ставам циклогест. На контроли идам државна и Ремедика паралелно. Матичната крева раце коа ќе види покомплицирана ситуација.
Комшиката на работа не можам да ја пратам место мене, извини. И не е дека немам пробано алтернативи, се сум пробала за низок притисок и џабе. И води и сол и што и да пиша. И не, некој не може да си дозволи луксуз - стрпете се. Друго е да имам патолошка бременост и да морам да лежам, а друго е да не можам да работам затоа што притисокот ми бил низок. И ова не е точно дека кафето ќе направи тахикардија, одело во плацента и не знам ти што. Се зависи од квалитетот на плацентата. Жени се на посебна исхрана и на милион хормони за да забременат, некој ќе пие и ќе пуши и непланирано ќе забремени и ќе роди здраво дете. Нормално дека ќе се припазуваш, ама да влегувам во делузии што треба, а што не, да не пијам лек за кој пишува дека е дозволен, да не јадам одредена храна ради бабини деветини, да паѓам во несвест ради кафето, не планирам. Милион случаи на препритресување од жени знам, чиј исход на крај не бил баш сјаен. Опуштете се.
На форумов 95% од жените се со бременост која најчесто не е школска, или имаат некаков проблем или се со ивф или имаат претходна загуба па коментариве што ги пишуваш се неемпатични. Супер е што ти имаш уредна бременост и одиш на работа, секој од нас сноси одговорност кон самите нас и кон она битие што го носиме во нас. Некој попаметен од нас истражувал и установил дека 2 шољи кафе дневно се дозволени и не штетат на бременоста и тоа е целата дискусија. На твоја одговорност ти можеш и хероин да зимаш, има трудници зависници исто што раѓаат живи бебиња, но, тоа не значи дека хероинот е добар.
Не знам зошто сметаш дека премногу низок притисок е нешто што е сосема нормално и лајт во бременост. Можеш да паднеш и глава да искршиш. За низок притисок ниеден доктор нема да ти отвори патолошка бременост, само ќе се насмее и ќе рече пивни си кафе или кока-колче. Мојот коментар воопшто не се однесуваше кон оние жени кои немаат школска бременост (според мене ниедна бременост не е школска, секоја си носи ризици по здравјето и животот на жената), туку кон оние членки, кои се расфрлаат од ракав дека смеело само 200 грама кафе да се пие. И не е само за кафето, туку за се. Воопшто не е ОК на жена која се мачи со низок притисок (што за вас повеќето е смешно и "школска бременост") да и истресеш од ракав колку количински кофеин треба да внесе. Константна вртоглавица и несвестица поврзана со низок притисок не е воошто за потценување, не мора сите да имаат високи тромбоцити, мутации и ниско грло за да се сфатат сериозно.
"Работата" е да не се оди од крајност во крајност. Ни едното ни другото не ни носат добро, а на крај секој си е свесен што е добро за себе и бебето. Јас имам одлучено да не се "потресувам" за се и сешто, ова смеело, ова не смеело. Јадам и благо, пијам кафе и газирано, толку колку што мислам дека е добро и ми е потребно. Е суши или горгонзола не јадам, бидејќи сметам дека нема потреба. Друга работа што многу на социјални мрежи читам како е тешка бременоста, како е тешко мајчинството, да тешко е, но сето тоа читање ми прави да се чувствувам како жртва и со самото тоа да се чувствувам уште понеубаво, како јас губам нешто, а уствари тоа е нешто што самите свесно сме го одбрале.
Јас никаде не искоментирав ништо околу твојата ситуација, туку дека коментари од типот кој колку се притресува не е твое да судиш. Тоа притресување доаѓа најчесто проследено со одредено минато. Јас исто имам низок притисок, над 100/50 ми се нема качено, знае да ми падне и до 60/30 па не пијам литро кафе и литро кока-кола и ниту паметувам кој што треба да прави. Тоа е се личен избор. Следам препораки на гинеколог а препораките се тие, 2 шољи кафе и газирано/благо/нездрава храна да се избегнува. Јадам кога ми се јаде ама гледам да не претерам и тоа е тоа.
Сите тие работи што смее што не смее и колку смее и колку не смее да се пие и јаде во бременост не сме ги измислиле ние него медицината. И тие препораки важат за сите без разлика дали некоја има школска бременост или не. На крајот од денот одлуката што и колку ќе јадеме и пиеме останува на нас самите