1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    За себе имаш право да се притресуваш, нормално, но никако за друг. Или своите лични стравови да ги наметнуваме како закон. Јас тоа го искоментирав. Никаде не пишува дека 200 грама кофеин е дозволено само.
    Не знам, баш прошлата бременост докторката ми рече, алал да ти е тебе, во сред недела ми стигаат пораки смеам ли да јадам ананас и урми, па се лутат ако не им одговорам. Ете и тоа важи како мит а нема врска, ни еден доктот не го кажал. И така некои митчиња си кружат со векови и нормално преплашени жени ги прифаќаат како закон. И дај не споредувајте глупости како алкохолизам и наркоманија со шоља, две, три кафе. Или урми што правеле контракција, бе.
     
    На Bubble91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel.20

    Ariel.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Јас сум 24+4. Иначе накратко првата бременост ми е иста со слаџ, со итен серклаж, со крварење, притисок. Ептен тешка бременост. Сега се океј си почна, досега се било океј и терапии си примам и гајле немав. Ама ти викам последнава недела повеќе болка во колкови, како некои менструални болки слаби, малце ме пецка баш кај цервиксот кога бебе шитура(на ехо видовме ноџињата директ на цервикс и таму мава) и сеа кога ми кажа дека малце е пократко од пред две недели од 3.1 кај неа мерено нега 2.9, не ми е баш сеедно и неа не и сеедно знае како поминав предходно. Ќе видиме тоа е.
    Пијам токорелакс. Матичнава ми кажа ќе се распрашала по колеги најзини за искуства си други кои биле најдобри такви апчиња ако треба да ги сменам. А магнезиум пијам цитрат на солгар 3х200мг. Сега ми кажа да земам Magnewill rapid, прашак мешвина цитрат глуконат и бисглицинат. Ќе видам за преглед уште еден утре ќе се јавувам.
    И јас сум исто имам и пишувано за првата бременост. Оваа сосем обратно ми почна и до сега било се океј. И јас имам помош, ама пак со мене е поголем дел од денот ако е дома, инаку е во градинка. Незнам ќе видиме, може ми е до денов/неделава некако неубаво се осеќам, се надрвам тоа е. Се мислам за консултација ама ќе видам утре, дека матичната измери 3 цм првиот пат, а Димчев после една недела 4цм. После исто она 3.1, а он 3.9 што пак не е мала разлика за кратко време. Ова е пред две недели и сега кај неа 2.9. Освен колкот и препоните ништо не ме болеше, ќе се раздвижев 3 4 чекори и се поминуваше. Сега на мисла ми е што чуствувам болки во долниот дел на стомакот, не цело време ама од кај знам веќе. Се надевам се ми е до главата. Јас се движев се нормално, само гледав да не се заморувам и не кревав тешко. Ќе видам утре тоа е. Се молам на Господ се да е океј барем до 34 да истуркам после веќе е друго.
     
    На fragaria и Ena0310 им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.918
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    За џабе се контраш со членките, внесот на кофеин во бременоста е ограничен, влијае врз плодот, врз развојот на мозочето, проток на крв и затоа е ограничен на 100 до 200мг, медицински и научно потврдено и докажано.
    Лек за низок притисок не е, и не може да биде кофеинот, бидејќи ја зголемува диурезата, па уште толку ќе ти падне притисокот иако првично малку ќе ти го поткрене поради вазоконстрикција на крвните садови и за тебе лично не е добро да внесуваш, толку многу кофеин. Се е во ред доколку се внесува во умерени количини.
     
    На jungle, H.VAGA, Ladyme и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    1.872
    Пол:
    Женски
    Do 12 nedela, posle mi ja prekinaa
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    765
    Девојки, знам дека еднаш се пишуваше за варосување, ама не паметам баш, па пак ќе ја отворам темава. Планиравме да варосаме, дојдоа мајстори, ми велат наша препорака е два три дена да не си дома додека да испари се од поликолорот и скрос да се исуши, па ваша си е одлуката дали ќе останеш дома или не.

    Сте биле дома додека се варосувало? Немам кај да се изолирам баш, и ова ми направи шубе и веројатно ќе го одложиме варосувањето за в пролет.
     
  6. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    912
    36+5 денес, спремив торбица и чекам :D. На секое одење во вц гледам да не има нешто. Предходната бременост бев 35+5 кога се породив и тоа беше баш неочекувано и секако немав ништо спремно па сега со време си фатив и се си исправ и средив. Битно не знам како да се понашам во 9ти месец :D.

    @NewMember23 ти ако сакаш можеш да испиеш и 3л. кока кола и 10 кафиња, исто ми се фаќа, али немој ни ти да се расфрлаш со информации дека твоето е правилно пошто 100% не е. Секаде пишува дека 200гр.кофеин може да внесеш, џабе се напињаш со сите.
     
    На Ani93, Autumn05, Dijana DM и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.312
    Пол:
    Женски
    Аморе за некој ден влагам 35та ај да ми кажеш како искочи неочекуван пораѓај во 35+5 ја си мислам имам уште цел месец :D:D лабаво скроз. Наредна недела ми е прво цтг
     
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.312
    Пол:
    Женски
    Де бе со што ќе фарбаат? Еден ден мириса … плус топло е веќе испоотворете се ќе изветрее. Или идеја на пример петок нека исфарбаат отидете викенд до маврово на ноќ два најблиску до Скопје ако сте од Скопје и решено :inlove:
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    1.972
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто така ти рекол ние варосавме пред 2 недели негде. Истата ноќ си спиев во спалната ,дента излегов ради шо ќерка ми збеснуваше па да не истури нешто да направи беља. Додека кречеше мм се беше отворено и вечерта од дневна на кип прозорот. Тоа беше...

    @Amore.Mio јас утре на цтг сум 36 та прам... со првото 37 ма породена и ни јас не знам како да се понашам баш :D.
    Во торбицата шо стави ,освен пешкир и влошки друго не ми текнува :D
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Извинете што тоа слаџ и фанелинг?
     
  11. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.883
    Допаѓања:
    21.706
    Пол:
    Женски
    Ние кречевме сред лето, на 100 степени кога беше. И бев цело време дома. Па и чистев. Повеќе мм и мајка ми, ама нели ако мојата фамозна рака не пипне, не се важи :rofl:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Да, по сите бабински муабети вика 200 грама дека требало, таму каде што урмите и ананасот предизвикуваат предвремено. :D
     
  13. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    912
    Бактерија драга имав, станав со треска, болки во мускулите, мислев настинувам и до вечерта ме фатија болки, отидов да доктор и видоа дека не е во ред нешто па мораа да ме породат хитно. На крај фала Богу се излезе како што треба. Бактерија од храна, не знам од што беше точно, не ми открија али ете…

    Ставив пешкир, спавачи, градници за доење, влечки, си купив travel size шампон, маска, паста, четка… облека за бебе, влошки за гради, ланолин крема.Тоа мислам беше се, ако треба нешто ќе донесе сопруг.

    Да така е, баш по бабински, дека они на времето се прашувале од што се пораѓаат предвреме и дошле до заклучок дека кафе, урми и ананас се проблем оти тоа јаделе па останало од нив. За твој мир така не е.
     
    На H.VAGA, EnaEnA30 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Така нека ти биде, за ананасот особено. :D
     
  15. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Се напна цел ден со кафево, урмите и ананасот. Пиј си и јади си што сакаш, некоја од членките праша совет / мислење и ѝ одговорија, ако ти сметаш поразлично, терај си. Валиден аргумент секако немаш.
    Дополнително, претпоставувам знаеш дека е неетички да се тестира нешто на трудница, па сите работи кои се дозволени или забранети во бременост се најчесто насобрана статистика, кога било неопходно одреден лек да се даде за здравјето на самата трудница.
    За урмите и ананасот е докажано дека има ензим кој може да го омекне цервиксот, но треба да изедеш 5кг ананас за да добиеш некои контракции. И тоа го пишува секаде и секој доктор ќе ти го потврди.
    За суши и бифтек не се дозволени зошто има термички необработено месо кое доколку содржи некаква бактерија / инфекција може да направи проблем на плодот. Значи не значи дека 100% нешто ќе се случи, туку постои можност и најдобро е да се избегнува зошто ниту една од овие работи не е неопходна за егзистенција и можеш да се воздржиш 9 месеци од сѐ што не е препорачливо.
    Ако ти си одлучила на сопствен ризик и одговорност да ги правиш сите работи кои се препорачани да се избегнат, терај си така.
     
    На DreamOn, Cherry333, Трагедијаупмм и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    1.872
    Пол:
    Женски
    Кога кречам дома независно од сегашната ситуација , бидејќи во стан живеам, сум оставала се отворено и од вечер сум затварала, и цел викенд сум била кај мајка ми. Дома не сум спиела. Ама тоа сум го правела оти не сум имала услови каде да си легнам, ама реално и мириса па да се проветри. Е сега во јуни планираме дома да кречеме па ќе видам кај ќе одиме.... вероватно пак кај мајка ми :) Кречењето ај , ама после чистењето тоа е ќе биде интересно.:drunk: Ајде има време :)
     
    На Puffy2019, ginger и Ladyme им се допаѓа ова.
  17. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    На леб и вода ќе бидеме сите дур не се породиме, најубаво. Се е штетно значи. После ниско железото, паднат шеќер и помало бебе за 3 недели.
    Секако изборот е индивидуален.
     
  18. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    Ја не знам што си толку дрска и безобразна и на кого се обидуваш нешто да му докажеш. Те имам приметено стално нешто си ти многу кул многу напред и сите сме заостанати од турско време. Џабе се контриш кога не си во право ама секако секој си прави како што сака.

    Ние сите леб и вода јадеме кутрите дека суши не смее. На суши пораснавме па сега баш до тоа ни дојде.

    Ај малку чил сите, трудни сме и живот треба да донесеме на овој свет. Си го кажа своето терај си како сакаш не мора на 3 страни препукавања беспотребни.

    Темава од убава неубава стана, ги замолувам и админите ако гледаат да реагираат малку.
     
    На Lidija1990, DreamOn, Change. и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    3.251
    Пол:
    Женски
    Бев на ПИН и дојдов дома после 4-5 дена од варосувањето, да не бев во болница планирав кај мајками. Мене лично ми сметаше и кога дојдов дома јак мирис. Нон стоп прозор на кип оставен ми беше.
     
    На Puffy2019, Трагедијаупмм, jagoda777 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Peperutce6

    Peperutce6 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Женски брзо прашање , смее ли да се касне нешто пред вадење крв за димери и хемостаза? Јас ќе одам за кратко и некако без да каснам барем залак одма имам гадење..
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.