Фероглобин, ц витамин и избегнував млечни работи да јадам додека го пиев. Ми помогна само едно кутивче, веднаш ми се покачи.
Jas bev so pozrela negde od vtor skrining i so nekoelakunce me sledese maticnata pominav ok se porodiv 39 (+5)i ne citaj na net barem ja se trudev da ne citam poso sekoj so svoe iskustvo i samo za bez potreba ke se iznerviras
Вие што сте (или биле) трудни втор, трет пат, кога го почувствувавте бебе со удари? Вчера осетив како "играње" во стомаков, како лупкање не знам како да опишам многу нежно така на 2 пати. Некако рано ми е за да го осетам од денес сум 12та недела. Знам дека со втора трета бременост порано се осека бебе ама толку рано чисто сумњам. Chatgpt вика веројатно се удари од бебе ама не му верувам
Мене на 125 хемоглобин ми препишаа терапија оти и железото ми беше 11 Почнав со глобифер и витамин ц и пак паѓа, почнав со флорадикс пак паѓа. Не многу ама се држи во некоја нормала. Сега последно хемоглобинот ми е 116 а железото 9.6 7 месец влегов Е сега не пазев на млечни работи, сега гледам да не конзумирам додека земмам суплементи и зголемив внес на црвено месо и такви работи па ќе видам. Од наредна недела ќе земам појаки суплементи, Сидерал или хеферол ми спомна матичниот па ќе видиме.
Мене минатиот месец нагло ми падна железото од 24 на 14. Ама изоставив од храна некои намирници. Хемоглобинот 11. Се уште не сум на железни суплементи, иако гинекологот ме форсираше и убедуваше дека слабо е железото. Општата матична ме советуваше да не земам дополнителни суплементи. Ги вратив пак на мени, секој втор ден блитва и кокар во јајца, повеќе месо, наместо една шолја какао дневно, зголемив на 3, секое утро земав мешавина или мед, таан и сирово какао, или маџун, таан и какао. Ова најчесто после доручек одма, а за доручек гледав колку што можам да избегнувам млечни, или ептен залак два колку од мерак. Одма после тоа витамин Ц и Б12, и најчесто еден цеден лимун. Едит: да дополнам, вклучив многу семки. Секој ден без исклучок, јадев домашни крекери, и мислам дека ептен помогнаа. По едно пакетче семки од тиква, лен, сончоглед, блендирни. 3-4 лажици интегрално брашно колку да врзе, околу 100 грама интегрален сусам, можеш по желба малку овесни, зачини по вкус, некоја лајца масло и замесуваш сува смеса со вода малку, и лајца две кисело млеко - или јогурт околу 50 мл. Сум стабала и лајца две таан во смесата. Се сука измеѓу два слоја хартија за печење. Излагаат многу од оваа количина. Заедно со сопругот 3-4 дена ги јадеме. Денес пак правев анализи, од 14 се качило на 21 железото. Хемоглобинот уште на 11 стои, ама барем не паѓа. Се надевам дека ќе ти послужат советите.
Бремена сум 25+6 а бебето одговара на 26+5. Дали некоја имала поголем плод. Гинекологот кажа дека се е во ред но сепак и некое ваше искуство. Дојабет ќе испитувам за една недела
Eве јас од сам почеток сум така ,денес бев 36 та сум по добиено 37 ма по мерки ,се е ок. Гестациски евентуално може да наорави така ама кај мене и тие резултати беа ок никој не ми рекол дека е проблем. Друго да прашам ,бев на ГАК денес со упат за стг ама докторката рече дека е рано ,ме гледаше на ехо протоци ок ,постелка ок ,плодова вода ок, рече контрола 10-14 дена ама на извештај пишала 7 ја прашав и за упат рече не треба само со листот од шалтер може. Ама пак да видам за сигурно оти и за мм му рекоа не треба за друга контрола постоперативно па после едвај го прими др морало упат... Да не ми биде и мене вака ,немам нерви да се оправам.
Три недели беше моето понапред, немав никаков проблем, немав нит гестациски. До две недели плус минус се толерира, нормално е.
да, минатата бременост бебето ми беше од почетокот до крајот поголемо за една недела, матичната мислеше дека имам шеќер ама се си беше во ред, се породив во 39та недела скоро 3.600 беше ќерка ми. него јас дојдов да си се пожалам, трет пат оваа бремност сум болна, значи веќе овие промени на време не можам да ги поднесам, цело време маж ми прв се разболува и ми пренесува на мене, до сега поминав некако лесно, ама сега бајаги ме има фатено, вчера цела вечер не можев да спијам од болки во грло, ни можам да зборам , ни да јадам ништо. матичната ми препиша одма панцеф и пробиотик, ми рече премногу ми е воспалено грлото, плус пијам за хемоглобинот, плус сабајле аспирин, навечер клексан, магнезиум и калциум и фемибион, б12, метил фолат, и ќесички за киселини, затоа што повраќам. луѓе се побудалев веќе, уште свекрва ми сега , а да земеш некои витамини да пиеш плус сега веќе осеќам и температура дека качувам. него минатата бременост во сред корона одев на работа до последен ден и ја поминав одлично, освен шо имав стомачен вирус. е сега, прв пат пијам антибиотик, ми е страв, знам дека пијат и за инфекции и слично ама ми треба утеха дека нема да направи штета. 26та полна утре иначе