Оваа бременост 3 антибиотици пиев. Само шо забременив бронхитис фатив алмацин не помогна па сумамед ми даде. И уште еднаш негде 26-28 ма недела беше од ќерката префатив веројатно бактериски па цефалексин ми даде. До сеа се е ок.
Мене од спиење ме будат јаки киселини. Само сода со малку вода измешано ќе се напијам и проаѓа одма па мирно спијам. Иначе имам пробано и со крекери и бадеми непечени и кисела јаболка и млеко, се, џабе. Ми остана уште таблети да пробам ама избегнувам па се "трујам" со сода
Мене ме здробија на ПИН, Лендацин три дена, па клиндамицин три дена, па сумамед три дена и на крај ме пуштија со кларитомицин 7 дена дома пред да идам на ПИН седум дена сумамед по 1грам и флажил со кларитомицин. Хардкор во живот олку антибиотик немам примено. Кога ме примија во предродилна и доаѓа сестрата со лендацин викам ова за мене.. вика да и викам иди врати го и кажи му на Кочовски да дојде да му кажам што сум испила до вчера пошо историја не се чита на пациент. И дојде и ми вика ок немора да примиш антибиотик. Онака пеоформе иде на клиника антибиотик.
@Трагедијаупмм @Ladyme фала ви женски ме утешивте @Ladyme вие како сте со бебче? @Peperutce6 маж ми ми зема некои кесички од аптека Алгорал протект, ми помагаат, тука ми препорача една членка некои други, ама ги немало тие па овие му ги дале како замена, пробај види. иначе мене сода не ми помага, можеш и зелени јаболко и млеко знам некои пијат тоа неам пробано, а јаболкото поише ми праи киселини него шо ми помага рупурут исто е дозволено ама ни тоа не ми помага
Само да ве поздравам старо нова трудница овде. Бебко само што направи годинка јас бремена. Уште не сум била на гинеколог ќе закажам за следна недела, а имам неколку позитивни теста кај што линијата е прилично црвена.
Јас пиев исто панцев 10 дена, пред еден месец. Кај мене беше грип потврден, три дрна се мачев кашлав и на крај ми препишаа панцеф. Два пати бев на дежурно и ме гледаа, се си беше океј. Тројца гинеколози прашав, матичната и во систина, сите ми кажаа исто, океј е панцеф за бременост. Плус ми кажаа да не оставам да се мачам со температура, да пијм парацетамол, а ако е ептен висока температурата и болки во цело тело, слободно бруфен да земам. Со лесно да поминеш
и верувам многу на матичната, ми вика не сум за антибиотик, ама ако не почнеш и качиш висока температура, крајниците ти ги гледам до утре ќе бувне ова само полошо ќе направиш, не е убаво температура во бременост и истото ми го кажа, за висока температура дури и бруфен се дава. ама тука вас кога ќе ве прочитам со искуство друго е, поише ми олеснува. фала ти
Безбедно е, бар мене гинеколог ми одобри. Претходната бременост до кревет ми беше содата и чаша вода. Еден тон сода испив тогаш, сега среќа па немам толку киселини ама кога имам ептен јаки ми се и само сода ме спасува. Ете можеш со тие кесички што ги спона членката да пробаш, проверини дека се безбедни за трудници
Здраво на сите Сакам да прашам како оди процедурата за пораѓај во приватните со користење на приватно осигурување. Шо документи се потребни и дали вклучува природно или само царски.
епа тие се тие што ги немало и вакви му дале, да ги допијам па ќе барам на друго место, секако далеку е 9ти
Оф топик , ама те читав во можно предвремено раѓање и сега си веќе пред крај и многу премногу ми е мило Се надевам исто ќе ми биде
Да. Имав скратено грло од 28 недела и до 2см стигна. Ама еве сега скоро 37 недела, истеравме. Само верба, дисциплина и позитивни мисли Ви пуштам среќа на сите да стигнете до безбедни недели
Добри Анароз, се навикнуваме више зголемивме храна, денеска баш приметив му викам на мм бебево почна да ми тежи на раката кога ја хранам, хаха може има 2800 г више не е како пердувче. Има некој гранулом на пупачето, утре ќе идам ремедика кај Др Јадранка да го средиме. Правиме контролни прегледи, сега за очи па на невролог за мозочето ама во главно добро е, почнав некои вежби од педијатар гледам супер ги прави Ќе биде добро све само не се стресирај. Види за имунитет малку, д3 обавезно пиј, уште нема некое јако сонце. И пробиотик со антибиотикот. Буларди е најдобра опција за бременост, има од есенса има како флуоротик буларди. Било кој ќе го најдеш. Така издржав на Пин да не фатам уринарна или диареа.