Во првата бременост син ми постојано беше недела две поголем и го родив 4590 гр. природно во Чаир така што уживај си, не е страшно ништо.
Jas se porodiv vo sistina. Privatno osiguruvanje imav od uniqa mi kazaaa da ja platam suma i deka ke mi ja vratat za 10 rabotni dena..i taka bese ne sorabotuvale so sistina za da moze da platat tie delot sto mi sledi a jas ostnatatiot. Zavisi od koja kompanija imas osiguruvanje. Za dokumenti mi pobaraa fiskalna, faktura, transakciska...toa mislam bese
Ива јас инфузионо до последен ден сестрами исто пиеше, во ремедика се породи, по 1200 мг до последно ама двете ради цервиксите.
Здраво, малце сум во прашалници. На 9 мај малце прокрварев и одма отидов на ургентен. Тогаш бев 11 недела и 1 ден.Ме прегледаа вагинално и абдоминално. Го видовме бебче и ми кажаа дека е добро и според големина е 48mm и одговара на 11 недела и 4 дена. Потоа истиот ден бев кај матичниот гинеколог да ми препише терапија и повторно ме провери вагинално. Само наредните 3 дена имав кафеав исцедок. Во понеделникот на 12 мај бев на контрола, ме гледаше матичниот вагинално и ми рече дека бебче е големо 55 мм и одговара за 12 недели. Денеска на 15 мај (12 недела според последно добивање) бев у гак за контрола за патолошка бременост и на абдоминално ехо ми кажаа дека бебче е 66mm и одговара на 13 недели. Имам 3 прашања: 1. Треба да направам пап и микробиолошки брисеви. Кога можам да ги направам и дали има врска тоа што крварев малце? 2. Имам закажано Скрининг на приватно наредна недела. Тогаш ќе бидам 13 недела и 0 дена според последно добивање, а ако рачунаме според раст на плод тогаш би била 14 недела. Да не е многу касно скринингот тогаш? 3. Исто така наредна недела ме праќаат во гак да направам скрининг и Prisca 1. Страв ми е да не е многу тоа зрачење. Затоа што имав повеќе прегледи периодов.
Пап не се прави, а за брис сега 12-13 недела. Нема врска крварењето. Нема зрачење од прегледи не се плаши. Оваа недела да си направиш и торч, крвни анализи, рх фактор, ќе ти каже доктор што треба. Скрон2се прави до 13+6 според последната менструација. Такс знам јас.
Брисеви ти се 12-13 недела ,пап не памтам дали ми зема. Скриниг се прави според неделите од циклус а не според големина на плод. Според мојот гинеколог е зрачење ама сите ти биле по индикација или по редовни прегледи кои не може да не ги направиш например скринингов на Гак. А некои еве и од членкиве и гинеколози и истражувања викаат дека не е штетно ехото не знам кој е во право ама ете.
35та недела од денес, неколку дена го прекинав и пред две вечери ме разбуди ужасен грч во левата нога на лист… никогаш не сум имала подолг грч … можда 30-40секунди со јака болка. Од вчера пак почнав по 400мг да пијам па ќе ја прашам докторката во среда сум на прво цтг ама како читам ако има потреба и болка не е страшно да се прима во таква количина… исто и препони попладне ме болат кога ќе се напијам одеќам ми олеснува
Дали има немоја друга со болка во препони? Ме болеше кичма може месец два, ишјасот од десно и колкот, ама некако се справував, ама оваа болка во препони е неподнослива. Сега па од левата страна ме фати. Едвај одам, скали скоро да не можам ни да симнам ни да качам. Баш и пишав на докторката дали може нешто да пијам, вика лигаменти се тоа е нема многу што може да се прави. Пиев Но спа 3 дена, скоро без ефект. Пијам магнезиум дури и 600мг, па и парацетамол пиев деновиве, ке ми олабави некој саат и после пак исто. Ептен ептен ме боли.
Еве јас последниве недела ипол секое попладне после 6 како да ми тежи доле препоните ептен болат… мислам дека полека се спрема организмот нормално е и бебињата веќе ни со убава тежина вероватно затоа. Јас ќе легнам и сабајле сум како нова … попладне/навечер ми е болката само … 400мг магнезиум само зимам декс веќе полека влегуваме во 9ти месец од наредна недела
Мене ми помина најмногу од кога почнав да спијам со трудничка перница. Сега пак почнува кога станувам да ме боли, но доста помалку од кога ја користам, а не пијам ништо друго освен Провен
Немам трудничка перница, но имам некои долги такви перничиња што си ги местам некогаш. Ама почесто ми сметаат. Често имам и киселини па никако не можам да се наместам да бидам искрена. Вчера пример спиев скоро во седечка положба, ме убија киселини. А сега не купувам перница па не знам што да е, за 2 дена влагам во 36та и нема поента допрва да купувам. Но ќе пробам еве со перници обични некако да се наместам.
Не е касно за скринингот. Мене ми го поместија за 13+ недела по циклус, зашто иницијално ми беше закажан за во 12та ама имав обилно крварење. Баш ми спомна докторката дека и во 14та може да се направи.