Ke te boli sigurno nekolku dena na toa mesto kade bil grcot,ne se sekiraj normalno e i mene posle grc me bolelo taka
Да се надоврзам на ова, и сестрата кај докторот ми рече да си продолжам со магнезиум и да лежам повеќе на лева страна, е сега дали тоа има врска многу хммм нз..
Може да е од зголемена циркулација. Јас го решавам тоа со масажа со крема за хидратација и подигање на нозете. За некоја минута се смирува.
Јас неделава земав количка од либерта на cocolle ми изгледаше ммогу лесна малс кога ќе се склопи со транспортер. Вака изгледа добро па кога ќе дојде бебуш ќе ја пробаме и ќе знаеме. Не можев да си дозволам повеќе од 15000 за количка.
Од работи кои не ги знаев во првата, но ги знам во втората бременост е дека и тоник не смее да се конзумира поради хининот. Можеби на некого ќе му е од корист оваа информација
Да затоа ги избегнувам газираните пијалоци не дека и густите се нешто многу здрави .... Видете реалноста е колку и да внимаваме се е ризик денес ништо нема безбедно.. Пак ќе речам и воздухот што го дишеме е штетен... И јас внимавам на се ама стравот си е страв..
Да Доколку сте добиле и совет од доктор дека треба да избегнувате односи во првите месеци..... Така да заборавете на односи додека не добиете зелено светло од доктор.. Без паники одете на контрола да видат дали е се ок и повеќе внимавање нареден пат... Воздржете се
да ти кажам искрено, не знам колку литри тоник имав испиено во минатата бремност, само од него ми доаѓаше добро, опредната бев со тоник
нормално е, избегнувај односи во рана бременост и додека не ти каже гинеколог дека смееш. јас и без односи крварев по малце до 12та недела, после тоа добив зелено светло и редовно имаме односи 27ма недела терам еве
Дали ние имаме доктори. Одам сабајлево на болница да ме види доктор оти вчера цела вечер болки имав долу кај препони. Ме пушта докторката на цтг мерат пола час не детектира ништо апаратот ама бебето спуштено долу, си шета додуша, небитно тоа. Одам со лентата кај докторката ни да ме види на ехо, ни да ме прати на дополнителни анализи на урина или да ми измери цервикс ништо. Ми вика штом си гледана на ехо пред една недела немаш ништо нема потреба од ехо, немаш болки терај дома. А сестрата што мереше цтг вика нема ништо ама не е мн меродавно мерењето ма цтг, во моментот вика е чисто. И така сега до Понеделник ке си седам, матичниот ми е затворен, дури петок сум Плодност на контрола закажана а денеска пак некој благ притисок осеќам долу, дали бебе шутка долу не знам стварно, на штрек сум сега
И мене овие две недели ме боли кај клиторисот, осеќам како тапа болка, посебно на вртење во кревет и кога се движам или се пресоблекувам. Инаку 30 недела сум, ова ми почна некаде од 28 недела....
Ај и јас да си се пожалам со шекеров. Огтт искочи на горна граница од тогаш сум на диета правен 25 недела. Тестенини благо ништо. Само протеинска храна. Утринскиот ми е добар 4.30, 5 а после 1ч до кај 7 и нешто одеше и ке се спушти. Денеска решив за доручек да си се почастам со мекици и што да видам. После сааат и после два часа по боцкањево 10ка искочи.. ке припаднев кога видов. А деновиве скроз нормален ми беше. Можно ли е да направи проблем нешто моментално премногу е висок.. Денеска утре и понеделник ке следам вторник секако со гинекологот ке се консултирам..
Страшни се значи Како може да ти каже не те боли Ти си осеќаш како ти е... Сигурно не одиш од што ти е многу забавно да се мавташ по прегледи
Исто а само 22 недела сум и не памтам скоро ништо од првата бременост па не знам што е нормално.. А најмногу проблеми имам со долниот дел од грбот, страшни болки и кога стоам и кога лежам