Не се секирај, ќе биде се океј ќе видиш. Знам дека имаш лоша историја и се паничиш на најситни работи, ама пробај релаксирај се и не читај на интернет, таму секогаш најлошото ќе го прочиташ. Многу голема грешка на трудниците ни е тоа читање на интернет, јас на почеток ептен бев навлезена и поради претходна биохемиска цело време мислев дека нема шанси да ми преживее ова бебе… црнила во глава имав… Инаку примав клексани и јас околу 1 месец меѓу 8 и 9 месец, баш периодот кога имав најмногу грчеви, преку еден ден на утринско тегнење ме рокаа, некогаш од болка сум плачела со солзи. Исто проверував хемостаза на месечно ниво по друга индикација (лакуни). Уживај во бременоста, уште малку па после слатки маки, ќе заборавиш буквално на сѐ за 1 недела со бебуш. Мене бременоста ми беше еден од најубавите периоди вака кога ќе се навратам, тогашните и сегашните грижи споредба ми немаат.
Не читај, не си прави стресови. Може досега не те болела ногата од грчеви, ама не значи дека не е можно да те боли, посилно се стегнал мускулот и потребно е време да се опушти. Уште ли ти е тврд муслулот и дали болката постепено се намалува како изминуваат деновите? Масирај и движи се пешачи, знам дека мава на психа тоа што си со терапија.
Таман завршив со работа у петокот … почнувам со одмор од понеделник си викам да се релаксирам да си ја чекам на раат бебка ама што викаш тек кога ќе се роди какви грижи ме чекаат а не ова сега Штознам во некои делови од денот како да се намалува после ско заседнам пак како да ме боли повеќе… инсче не е згчен мускулот вака меко е местото
Јас ги пијам, мислам десетина испив до сега, исто на граница ми беше железото па затоа ми ги дадоа. Ама вака немам приметено да ми прават тешко на желудник. Како ги пиеш? На гладно?
Никако неможе тромб со клексан, уживај и мачкај со магнезиум подкрени ги нозете малку на столче да не се надоле. Малку и на работа си седната све тоа прави. Јас со 11000 ддмери бев со 1клексан... таму недела ми немаа испитано ддмери а се качиле а лежев, болки имав во нозете и со еден само клексан, магнезиум ќе намачкав и ќе заспиев некако.
И јас сум на истата мака со шеќерот, но успевам да го држам под контрола само со диета. Мислам дека тоа покачување не би требало да ти направи некој проблем, но да се не повторува, мора да внимаваме. Ми дадоа совет да јадам почесто во помали количини, доколку имам можност да го делам оброкот
Абре каков тромб одмарај си не се замарај. Грчеви е нормална појава во бременост а некогаш и болат отпосле. Мене ме фаќаат сега периодов во спиење кога ќе се истегнам несвесно. Јас тебе ти зборам а преге од на кафе Охрид заминав в аптека притисок да ми мерат оти ми се заврти така убаво Загреој сме шо би рекла мајка ми
Па изгледа се изглупирав што ги купив и одма отворив едно го испив. Јадена бев ама не во брзо време. По едно се пие? Да не треба со Ц витамин заедно?
По едно да, во аптека ми рекоа на гладно и дека не мора со вит ц затоа што веќе имало во нив ама нема штета и да пиеш заедно со нив. Јас пијам едно на гладно па чекам саат време за јадење и кафе
Девојки, дали јадете сувомеснати произвиди? Во глобала не јадам но периодов се разјадов за доручек. И кај ми текна да прочитам на нет дека не е прорачливо за трудници.... дека постои ризик од Листерија и Токсоплазмоза.... Имате испитувано Листерија? Искрено ме фати паника
Јас да.. не често ама знам некогаш сендвич да си напрам со пилешко/мисиркино. Исто и доматен сос конзервиран имам користено неколку пати, а читав и тоа не било препорачливо.
Јас да, не пречесто ама си јадам. Кај нас немало случај на листерија со години наназад, можда и никогаш. А токсоплазмоза мислам не се ни поврзува со сувомеснати производи туку со измет од мачки, ама не сум сигурна Од рестрикции нормално алкохол, кафиња до две дневно, свежа необработена риба (пр. чаден лосос), непастеризирани млечни производи мада мислам кај нас сите се пастеризирани по маркетиве, внимавам со овошје и зеленчук да се добро измиени, ама генерално тоа, без премногу оптеретување
Јас како што знам кај нас по маркети сите сувомеснати се пастеризирани, исто и млечните производи а во бременост е забрането непастеризирани од ризик при пакување да не се контаминирало со некаква бактерија. И јас знам од време на време да си каснам за појадок со јајца. Ако ти е ептен шубе, загреј го минута-две пред јадење, висока температура ја уништува листеријата (иако мислам дека шансите се екстремно мали да воопшто ја има).
Све нормално без рестрикции, е сега да не ви текне да купувате свежи јајца домашни селски или месо колено свежо домашно некои такви лудории другото во продажба си е преработено … пушено … пастеризирано…термички обработено како и да е
Ooo pa jajca domasni zimam od kaj svekrva mi od selo. Obicno gi varam tvrdo ili przam. Sto rizik moze da ima ? Tnx
Јас земам домашни јајца цела бременост и пред бременоста од познати луѓе. Јајцата не проаѓаат низ никаков процес пред да одат во продажба, освен што се мијат надворешно а со тоа се скратува рокот на траење. А и секако се јадат тврдо варени, пржени, поминуваат низ термичка обработка. Мислам дека препораките вака за дозволена храна во бременост што ги читаме генерално важат за Америка што има поинакви регулативи и не се познати како поднебје со развиена агрокултура. Кај нас ако ништо имаме барем уште развиено земјоделие и сточарство и храната е прилично безбедна и поздрава од таму.