Не може ништо да е ,па како за децата гледаме домашно да биде а во бременост да не е ,ако е за така пред некој ден нели имаше информации дека не знам колку кг месо се поништило од месарници бидејќи не е безбедно. Плус од кај баш близок земаш. Сигурно нема свекрвата да ти даде стари јајца.
За јајцата не се препорачува да се полуживи, на пример со растечена жолчка. Инаку смее да се јаде ако се добро термички обработени (пржени, варени…) Јас на пример обожавам растечена жолчка да си мацкам со леб, ама во бременост не ги пржев така.
Исто како што пиша некоја членка погоре јадам, пијам се умерено, освен цигари и алкохол. Во првата бременост јадев и туна неколку пати ама сега некако ми се дига желудец кога ќе помислам само. Не знам за вас на што сте настрвени во бременост ама ја овој пат сум на пиперки зелени исецкани и испржени. По кило јадам на ден. И летно маџиче абе се давам. Вчера ми отиде паметот на тост и цел ден доручек ручек вечера ми беше тост. Имате ли и вие такви желби за некое јадење и постојано тоа да јадете?
Ете сум со пиперките и патлиџанот и сирење (не многу) малку само запржени да пуштат сос и со сиренце...тоа би јадела секој ден. Или салата шопска А еве денес бурек ми се пријаде, пекав за бурек и си направив (со готови кори)душа на место Нешто ептен да сум захтевна и во момент не, ама тоа што можам да си дозволам да. Тост јадам често не секој ден ама си правам со интегрално лепче и кашкавал и путер одозгора да крцкаСувомеснсто избегнувам иначе би ставила кулен
Еххх ја си патам за сиреце нема овде кај мене само ладо сирење а мене не ми е тоа тоа, па си ги јадам пиперките со абц сир и топ ми е. Ја во тостот ставам мортадела или тееенко парче салама колку за вкус.
Трудна кога бев само пиперки јадев, печени со оцет и магдонос. Имав пишувано може негде по темите. Абе се удавив во зелени пиперки и дома и по ресторани само нив ги јадев.
Nemam nekoi zelbi. Sakam se da si jadam Ama interesno e sto zdenka mnogu jadam . Prethodno ne retko ama sega nogo ja sakam. I mnogu sakam smoki so jogurt pa se trudam da ne kupuvam da ne jadam.
Јас па од 8ми месец навака немам апетит за ништо а претходно скроз нормално како и пред тоа абе ништо не ми се јаде посебно. Маж ми па мерак да јадам ме пукна кажи ми што да ти земам нешто посебно … викам уста не ми се отвара … сега во 35та недела со сила се јадам и киселиниве плус ме дотепуваат
Читам дека апетит доаѓа кога ќе почнеме да доиме одвај чекам нешто да ми се пријаде онака со сласт да си го изедам ама ај за некоја недела ваљда
Значи комплетен преокрет ај да се тешам дека ќе ослабам и средам побрзо тогаш нема диета и кај мене подобра од нејадење и вода пиење колку и да звучи нездраво калориски дефицит само ми функционира најубаво за чистење организам. И сега реално посчедниве недели сите околу мене ми рекоа ослабена си во лице деколте само мешето расте … ама па и така треба. Се надевам нема да се подујам на крај
Jas so prvoto koga dojdov doma jadev kako da nemav videno, prvite obroci sto gi jadev mi se cini deka mi ostanaa omileni.
Домашни јајца јадам најчесто ама гледам да се добро испржени. Месо исто од луѓе по села или телешко од месара исто добро варено или печено, до пред бременоста не јадев месо ама железото ми беше 2ка Алкохол цигари кафе не нормално Сокови ништо не и чаеви многу пиев пред бременоста сега само камилица Ми се јадеше пица премногу иако не е препорачливо на три четири пати јадев од пицерија Исто и веганска храна купена јадев од надвор и салати иако тоа можеби е најризично салата од надвор ама до сега ништо не ми било фала богу Семки јатки исто си јадам многу а треба умерено И чоколадо Знам дека не смее благо ама после јадење чоколадо ако не каснам исто ко да не сум јадела Реално треба умерени да сме
Пред бременоста не јадев буквално ништо сувомеснати производи со години Сега обратно Цело време барам говедска чајна не знам зошто По малку ставам на пржењето на јајцата Мислам дека ако барем малку термички е обработена не е страшно
Како врви времето така апетитот ми расте. Јадев многу умерено цела бременост, некни испаничив дека сум качила 9 кила, ама така ми покажала вагата во моментот. Отогаш натака стојам на 7.5 / 8 плус, докторот ми рече супер е за скоро 30 недела, најнормално. Со ова зголемување на апетит, сега баш се плашам да не се здундам ако си дозволам да јадам колку што ми се јаде. Јадам нормални оброци, а од оброк до оброк најчесто трпам глад и се фрустрирам. Ништо посебно не ми се јадело во бременост, како некои производи кои ги нема во моментот (на пример лубеница во декември). Ама кога ќе ме фати вака глад, замислувам дека на маса имам се, и сакам се да вкусам. Особено ми се јаде благо, торти, колачи, сладоледи, палачинки. Би јадела секој ден по цел ден. И се осеќам ко загреота, вообичаено си дозволувам по една лажичка на ден смеса од мед, таан и какао, и коцка две темна чоколада. Неколку пати сварив пудинг од дм со стевиа место со шеќер, и овошје. Е сега последниве три дена правам овошни каши, јогурт, јаболка, јагоди, најдов некој мармалад од подравка без шеќери и по лажичка ставам. Колку толку се лажам. Изедов пред пола саат една, ја планирав наместо ручек, ама страшно сум гладна пак.
Не е убаво да гладуваш. Надополнувај со протеини и салати за да бидеш сита. Не е убаво ни меѓу оброци да гладуваш. Можеш јаболко или јаткатски плодови да јадеш. Или што и да е, нешто касни за да не бидеш гладна.
Не гладувам буквално, значи јадам најнормални оброци. Обавезно ги балансирам протеини, јаглехидрати, витамими. Проблемот е што не се заситувам. Јадам за доручек две јајца, неколку крекери од семиња, зависи што имам од додатоци, некогаш хумус, некогаш сирење, зеленчук. Останувам гладна. Не знам како не ме заситува 200 гр. месо, риба, грав, леќа и сл, плус чорбалок салата. Ако се најадам, максимум саат и пол два и пак гладна. Затоа велам ако дозволам да јадам колку што сум гладна ептен ќе ги преминам границите. Го споделив проблемот и со гинекологот и со ендокринологот кај што одам, препораката е умереност, бебето се си добива од витамините, не мора да јадеш за двајца.
Не сум трудна ама ко бев живеев на банички. Сеееееекој ден 4 месеци. Не знам како не ми се згадија. А еднаш плачев за Хот дог. Не прашувај.. маж ми 4 години подоцна ме заебава за тоа како рикав.