Девојки , еве веќе 2 часа бебка е многу активна . 26 недела сум и до сега не сум ја осеќала волку или можеби само не сум била сконцентрирана не знам. Нормално е или?
Со упат бев некни може и така а може и со болки. Ама подобро со упат. 34 та ** Ако сум била еднаш со упат и ми рекле контрола за 10 дена (на извештај пишува 7 ) сеа пак да закажам и дали кај истата докторка треба ? Како одите ? Ја прашав таа докторка вика не треба упат со извештајов ни кажа дали кај неа пак ни ништо...
Зошто читате нешто што треба да ве оправи доктор? Каков chat gpt, доколку паничите за секоја состојба како упорно читате еве не знам? Секако дека на интернет пишува најлошо, консултирај се со доктор и тој ќе ти каже што и како треба, а не плачење и нервози пред време.
Да се пожалам и јас, овие дена почнав да осеќам веќе тежина, болка под градата кај реброто трга ли трга, посебно на таа страна ако лежам, и најчесто после јадење и кога се движам. Грбот исто ме корни овие дена, киселини, значи забавата може да започне
Женски искуство со хемороиди во бременост? Јас имам надворешен од почеток, од запекот...и еве успеав на бришење нескајки убаво да го поткачам со нокти и се раскрвари доста. Паника до даска што да правам...
Јас земам стерилни газички 5х5, секоја вечер после миење, ставам газичка натопена во маслиново масло врз хемороидот и така спијам. Скоро и да исчезна. Ептен ми олесна, прекинаа болките.
Фала, ќе пробам имам гази и маслиново (од Кам) Се изнервирав како може да ми се дешаваат глупости. Нокти ќе сум имала јас госпожа....Се заклав одма
На таа мака, запек, нокти, камен да е ќе пукне хахаха Редовно со ова и ќе видиш ќе се потсмири. За бришење со тоалет ептен колку да не е без ич. Влажни марамици и вода. Инаку, пробав нов рецепт против запек овие три дена успешно. Јогурт, суви сливи, јаболко - смути. Досега сливи не ми помагаа сега ок се покажаа.
Точно и јас прочитав дека без симптоми ама никакви можело срцето на бебето да престане и дури да видат на ехо... Се испотресов место не ме трај до 27ми...многу ми е страв... *да кажам и да прашам нешто? Многу ми либидото кренато.. Не знам дали е ок мастурбирбациијата? 12+2 сум... Со терапија за тромбофилија
Отидоа ноктите толку им беше.Реков ај не работам ништо сега ми е шасна да сум госпожа со нокти и од витамините си пораснаа убави, ама кога не ти е дадено викаат... Фала.Ќе пробам рецептов, ма да сега за сега ми помага млеко пред спиење(без лактоза користам) со некоја бисквита или велнес овесни. Еден ден не се напив млеко и сабајлето плачев на шоља , не е нормално какви промени се случуваат во бременост, ова со запекот е страшно...офф и ова ќе помине само бебушките да ни се добри, се ќе издржиме.
Majki vekje 7mi mesec sum imam strasni bolki vo nozete posebno koga legnam 23h- 00h nemozam ni da spijam me vrtat duri neznam ne se izdrzuva pijam po dva magneziuma bedoksin no nisto ne pomaga dajte malku pomos
Мери пробај магнезиум донвас гел, го користев во бременоста многу ми помогна, мачкај по два до три пати дневно, обавезно навечер еднас пред легнување, миев нозе со млака вода и мачкав и легнував.