Мислам дека не постои жена што родила а не се соочила со еден вид на постпордилна депресија т.е baby blues. Имај си само позитивна мисла дека се ќе биде во ред. Не си сама тука е сопругот за помош, за се. Е сега па и немаме некоја друга опција освен да сме позитивни и така да мислиме, пу пу не важи нема назад јас така си викам, иако ми поминала мисла што ми требаше ова Тука сме за поддршка, само смирено и се ќе си биде во ред.
Нормално е ова што осеќаш. Еве ќе бидам брутално искрена. Може си ме читала ама сепак. Цела бременост не осетив ни најмала грижа, бев пресреќна што ќе станам мајка. Ама кога дојде време за пораѓај и самите 40 дена со бебе, како некое копче да ми штракна во глава и наеднаш фатив страшна депресија, до толку што имав црни мисли, а од друга страна имаш едно мало бебенце кое што зависи од тебе. И сето тоа мене ме полуде, дека немаш никаков излез, освен да стиснеш заби и да издржиш. Завршив и на психолог и на крај антидепресиви. За среќа ми помогнаа, па постепено замина депресијата. Кој вели дека е розево со бебе на почетокот, лаже. Или па има челични нерви. Грчеви, плачење, не спиење, умор, немаш време ни до вц, буквално преживување е на почетокот. Ама , еве ме 3 ипол месеци постпартум па можам да ти кажам дека тек дури сега ја гледам цела таа убавина во мајчинството. Не дека сега немам тешки моменти, далеку од тоа. Со деца секогаш е тешко. Ама кога ќе го видам како ми се смее, како е станат едно мини човече што ми гуга, му се смее на татко му кога ќе си дојде од работа, на се заборавам. Ќе помине и пораѓај, ќе помине и тој период на новороденче кој што е претежок, ќе дојдат најубави денови со твоето бебе каде што еве вака ќе ти се смешка и ќе бидеш најсреќна мама на свет. Само мора да издржиш, да стиснеш заби, дека еве ќе ти кажам пак, тешко е мнооогу на почетокот, поготово ако немаш никаква помош како мене. Ама ќе пројде сѐ. Еве јас сум пример , никогаш не мислев дека јас ќе се најдам во ситуација да делам вакви утешителни совети, ама еве ме. Еден ден и ти вака за некоја мама, и така во круг.
Истите мисли ме мачат вака на крај, не постојано ама некако како на бранови ми доаѓаат. Многу ми помага кога ја читам Свесно мајчинство од Нада Бучевиќ, ама и скроз нормални се тие мисли. Стануваме свесни дека животот ќе ни се промени целосно, само гледам да ставам фокус на тоа дека ќе се промени на подобро јас од почеток имав страв дека и бракот ќе ми се промени, ама како се ближи доаѓањето на бебе си викам па може и подобро ќе биде, како можам да знам од сега си имаат улога и хормони во се ова, само да ти кажам дека не си само ти, најверојатно сите сме со тие мисли вака при крај. Праќам гушки
Здрави идни/сегашни мамички, Вчера бевме на преглед кај гинекологот, уредно ехо и плодот одговара за 7ма недела. Веднаш ни закажа Prisca здравје во Јуни. Ми требаат информации од вас со повеќе искуство бидејќи немаме никакви информации и сме како муви без глави.. Сега прашањето ми е околу Prisca, дали да го правиме на државно, или подобро е приватно? Дали ако се прави на државно во Скопје, треба да се бара некој доктор конкретно или нема никаква врска тоа? Ве молам споделете информации околу тој тест, што да се внимава, што да се прави, кај да се оди и слично. Дали ти треба човек таму, дали не и сл. Искуства споделете доколку може. Фала ви од срце
Според мене , многу побитно е ехото , првиот скрининг и мерките што ќе ги гледа докторот во 12 недела отколку приската. Приската е статистика . Најди си добар доктор што знае да гледа скрининг и мислам дека немаш потреба од приската. Но ако сакаш можеш да ја направиш и на државно. Јас скринингот го правев и кај матичната и на приватно. Кај матичната ми зема крв и за приска. На приватно каде што бев ми рекоа нема потреба од приска и дека е статистика . Инаку , ќе видиш разликата од 7 недела до 12 е голема и тогаш е веќе како мини човече со рачиња , прстиња Јас кога ја видов прв пат на скринингот се расплакав . Можеш и да каснеш нешто пред да одиш на преглед . Мојата девојка не соработуваше воопшто па неколку пати одев по благо и скринингот ми траше еден час. Со лесно и уживај си во бременоста
Jas kolku i da se obiduvam da se kontroliram i da ne mislam stravot si stoi tuka nekade .Najmnogu strav imam od toa dali so bebeto ke pomine se kako sto treba na poragaj i kako ke vospostavam rutina so mojot golem zlatokos, dali ke imam vreme da mu posvetam, da se setame, da ucime da se guskame...Ova vtorovo znaci me.ubiva denovive.
Незнаеш за колку време ќе тргне процесот на пораѓај, не се оптеретувај ама ич. Она видела сега дека ти е омекнато грлото, можда ти било и недела две преходно а не видел никој, може да издржиш и една недела а може и да го надносиш. Не си создавај стрес безпотребно, битно си ја поминала 34 ене кај е 36та. Друго во врска со после пораѓајот , на сите другарки тоа им го кажувам. Организирајте си цело село позади себе, ама буквално. Маж, мајка, свекрва, татко, свекор, браќа, сестри и да ти остане на тебе само бебе и ништо друго. Јас кога се породив после една недела фати короната, моите одеа на работа на никој не ни се ризикуваше, свекор исто,ама не се мешаше со нас. Ама маж ми и свекрва ми Господ здравје да им даде, се превземаа, ни а ни б да чуеш од нив. Исчистено, средено, испрано, испеглано, јадење на маса. Дури и кафе насабјле ме чекаше направено моите пазареа и праќаа што ми треба. После некое време си го фативме редот, околу месец ипол ми требаше, па јас со мм си ги делевме обврските. Барај помош немој се сама. Лесно може да влезеш во таков токсичен круг од обврски, неспиење, плачки и да не знаеш кај ти е главата. Од друга страна не секогаш ќе ти биде средено, да не се лажеме, како растат расте и хаосот. Мислам дека 10 луѓе да чистиме и да собираме после ќере, нема да средиме. И си го прифатив така и нема нервирање, за чисто чистам прашина и усисување, за растурено нека е жива и здрава ќе порасне сега и трудна уште поспора сум, и алишта два купа ми стојат од ден за ден си земаме облека. Играчките се низ сите соби, само креветите наместени не дека никогаш не е средено ама во неделата два дена е средено цакум пакум пет дена е хаос. И ако ќе поминат годините ќе биде средено, сега за сега ако успеам бабите со мене да ги организирам за после пораѓај, ќе биде супер. Гледам јадења кои се мрзнат, па да правам ручеци за мрзнење колку толку да не му ја мислиме секој ден, за чистење жена некоја на 2 недели да прави генералка и бабите за алиштата перење пеглање. За без спиење секоја мајка го поминува тоа, ќе помине, дремни и преку ден, колку толку ќе те освежи. Се надевам дека си добро, пушти мислите на пасење и не се секирај. Сите имаме и лоши и добри денови, и кога се губиме и кога знаеме кај тераме. Се ќе биде во ред
@Ariel.20 ти се погодила свекрвата. Пред овој пост читав на друга платформа и ми се врати сликата. Мојава ем во заедница сме и ко ќе дојдеше ред за чистење или ручек небитно ми викаше дај јас ќе ја држам ти сработи си . Сеа шо ќе ме чека со 2 + неа јас не знам ама ајде ,веројатно ќе се издржи @blodixx ти пишала и другата членка ,приска ти е статистика ,јас не би трошела на приватно за тоа подобро скринингот на приватно ако веќе би трошела иако и скринингот на државна го направив не ни знам која др беше а не е ни битно. Само што не кажа детаљи туку само ок е се ,ама мене па матичниот ми е погоден секое мерење кажува се до детал. @SanelaS ела да те гушнам исто скроз се осеќам јас цела бременост имам и негде на др тема пишано. Чак си викав едно време арно ми беше со едно дете што ми требаше ова после па осеќам вина зашо така сум помислила и хаос
Природна бременост 4 недела и 5 дена вредноста на бета хцг е 3.572.Нели е ова висока бета хцг за оваа недела.
Знам и сегде си ја фалам, ама заслужено е. Камо сите свекрви да сфатеа дека треба ко ќерки да си ги третираат снаите, ама тоа е друг муабет веќе. Ќе биде се, ќе помине брзо. Другарка имам второто и е веќе 2 годинки, вика и лета времето не ни осетив кога порасна. Јас искрено едвај чекам да се роди и страв малце ама повеќе нетрпение да започне оној newborn bubble.
Ова бебулето многу ми е немирно, шубо си беше свртено со главчето надолу наместено, сега му текна претумбација напрај со газот кај реброто е напикано се сврти карлично. Матичниот вика ионака царски ќе си главче големо има. Со мерките ме мрднаа значи, мешето му е како за 28+2, главчето 30 недела, ме зафркава докторот тикварче ми го вика Цел на татко му во главата Денес и вагинално ме гледаше грлото е 3.9
Фамосан по препорака на лекар и рупурут, ама најискрено вака на крај ништо не ми помага, имам оганчиња во грло 24/7
Welcome to the club … умирам буквално овие два месеци за некој ден влагам во 9ти месец сега па и некоја тежина осеќам на желудникот не само киселини вероватно со ноџињата ме притиска горе и како без воздух сум. Сода од алкалоид, рупурут, гастрогард, непечени бадеми, ладен јогурт, кока кола, ова ми се некои ствари што ги пробувам месециве од што ми се потсмирува поима немам комбинирам кога што имам. Најјако е дека од сон ме бидат во 2 после полноќ а последен оброк во 20:00 на пример сум имала
На тема киселини да кренам и јас рака за ужасни киселини. И во првата бременост имав последните 2 месеци ама сега се пострашни. Буквално ништо не ми ги смирува некои денови. Пробани ми се гастрогард, рупурут, рефлустат, гавискон. Сега последнава недела фамосан само ме спасува навечер и сода повремено во текот на денот. Исто иначе од сон ме будат и имам чувство дека црева ќе истурам. Си имам легенче покрај кревет за секој случај. Спијам на 2, а некогаш и 3 перници цела прекршена ама само да сум на високо. Ни бадеми ни млеко ни јогурт ништо не помага. Кока кола не можам да поднесам оваа бременост. Во деновите кога не се со интензитет миЉон маааалку олеснува некакви лути бонбони и мијам често заби да ми е на ментол во уста некако олеснува.
Женски има некоја идеја кај има полначи за iphone со подолг кабел од нормалниот, знам дека во систина минатиот пат ми беше краток па сестрата ми даде некој нејзин на кратко да го наполнам ама овојпат да си имам зошто ќе сум неколку дена по пораѓај секако таму
Женски како сте ? Има по бензискиве , ако ти е океј да не е оригинал . Јас таму земав еднаш кога го заборавив на работа полначот и баш е видливо подолг од обичниот