Како сте мамички? Дали почнавте да купувате за бебче? Јас сум 26 недела уште ни чорапчиња не сме купиле . Мајка ми прво внуче умира од среќа мислам се и сешто и има изнакупено , креветче од золва ми добивме како и релаксатор . Сега сум во дилема за количка , не знам дали да купам од оние 3 во 1 , односно дали ќе ја искористам корпата и транспортерот декс здравје боже ќе биде бебче на крај на август. Имате ли некој предлог за количка ?Ги гледав 3 во 1 na chicco сега најновите и баш убаво изгледаат. Исто дали во оваа недела сте имале / имате тапи болки? Мене ме болат колковите во зависнот дали лежам на лева или десна страна и кичмата , поминува со магнезиум така да верувам дека не е ништо страшно . Се консултирав со матичната вели дека сега бебето почнувало да тежи и нормално е , се додека болката не е константна или на интервали. Времево е само за некое добро кафенце , ама ќе го заменам со нешто друго поради шеќерот, да сум жива и здрава
Топло препорачувам количка со корпа ако имаш после кај да ја чуваш и зависи дали планирате да патувате првите 6 месеци бидејки се навистина гломазни. А и тие 2 во 1 секако се со меки корпи кои се транформираат во седиште за после 6 месеци. Јас имам Чико трио од првото дете, ок е количката во однос на издржливост, но е доста ниска. Да, рачката се подесува да е повисоко ама кај што седи детето е ниско некако. Јас сум 175цм висока чисто за репер.
И моето е Август ама пак есента одма е тука, така да мислам дека ќе се најди корпата шо знам. Јас ги гледав на либерта равелото 3/1 13.000 денари е и кокол лисиа травел 2/1 Лисиа ми личи за поедноставна, 50 евра е поскапа. За количка мислам на крај ќе земам да не ми држи место од сега, а и можи на попуст некоја да се начека. Јас полека полека си се спремам, зедов од чико креветче од тие до кревет шо се за до 6 месеци, дрвено имам од золва ми за потаму. По некое боденце од кеф, а од тему си нарачав некои реквизити за во собата. Собата ја спремам полека полека, секоја недела по нешто купвам За еден месец здравје Боже планирам да доземам се шо ми треба за да не трчам во последен момент.
И јас ја имам истата од првото, супер ми е и не е ниска онака како сите висока е некако ама па ја сум 157цм
Транспортер секако ти треба, бебе е најбезбедно во транспортер да се носи од овде до онде, за од болница мораш во транспортер да го извадиш, плус ти е најбезбедна опција за во кола. Така да мој совет- инвестирај во убав транспортер. Транспортерот не мора да ти биде во склоп на количка систем, така е смислен за на пример одиш на контрола и се паркираш малку подалеку, па ако си сама на пример да го ставиш транспортерот на рамот од количката за да не го носиш во раце. Не треба да се користи за долги шетњи, за тоа на почеток служи корпата. Можеш да инвестираш и во добро седиште за од старт, но иако има седишта 0+, сите советници од оваа сфера препорачуваат што подолго бебе да се вози во транспортер. Количка можеш да си земеш и некоја што е од 0+ или 2 во 1 (корпа и седиште) или ако најдеш со некој добар транспортер да земеш и 3 во 1 систем. Maxi Cosi ти се добра опција ако веќе се решиш за 3 во 1, од поскапите Сајбекс. Корпата се користи до кај 4 месец, кога веќе се препорачува ставање во седиште под 45 степени агол. Можеш да си направиш математика колку ќе ти треба корпа. Јас имам бебе во август родено и бидејќи во Скопје до кај 9 навечер тој период не се излегува (а после го заспивав), првите месец ипол не ни шетавме, после не ми се исплатеше за еден месец да земам. Така да тогаш не купив корпа. Ја зедов сега за второво бебе бидејќи се роди во мај и има време дури фатат горештините (имам количка за која сите делови можеш посебно да си ги докупиш).
Транспортерот сигурно ќе го искористиш, без него нема ни да ве пуштат од болница . За корпата си зависи и од самото бебе и од вас. Јас од блиски околу нас или ептен ја искористиле корпата или воопшто не, мене лично ми се гледа практична, освен за шетање во првите месеци, за на гости ако отидам некаде да си спие во неа итн; ама ќе видиме бебе што ќе каже на моето мислење. Ние земавме сајбекс 3 во 1, ја испробавме ептен практична ми се виде а тоа најважно ми беше за кога ќе сум сама со бебе. Снаа ми има макси кози исто 3 во 1, нешто потешка е за склопување ама они исто беа задоволни од количката. За други совети и модели нека споделат тие што се веќе мајки
Холестерол и триглицериди не се испитуваат во бременост, не се грижи. Телото си складира резерви на есенцијални масти што се потребни да се пренесат и во период на бременост на бебчето и во период на доење. Се проверуваат некој месец откако убаво ќе се воспостави лактација или неколку месеци постпартум ако не доиш.
Женички ги добив резултатите од крвната слика, железото ужас, паднало на 4.10 а 9.6 ми беше пред еден месец. Пиев флорадикс и семе од коприва со мед секое сабајле. Е сега три дена не пијам сируп, чекав резултати за да сменам суплементи. Хемоглобинот се кренал од 116 на 126 Матичниот вчера ми рече хемоглобинот е побитен, не го гледај само железото. Му реков хеферол да пиши, да не се зеебавам, се оддадов од пари за суплементи и џабе Крвната слика е супер во глобала, освен мн малце еритроцитите намалени, друго е се совршено.
Имам joie signature finiti 3во 1 количка, транспотер и држач за транспортер во кола. Многу добри, количката е мн стабилна, висока, транспортерот е искрено мн добар, мене ми го даде сестрами па само количката ја купив. Комплет се околу 43000. Мислам дека нема потреба од корпа, јас лично не ја сакав и ова ми беше побитно добар анатомски транспортер, се користи до 9 кг бебе, сестрами дека внуката поситна скоро до 9 месци после зедоа седиште. И да е добра количката, на него се става со адаптери транспортерот. Така да знам дека парите некогаш се многу ама важно е да е стабилна и квалитетна количка и анатомска за бебето (на сестрами не е мрдната мислиш како од дуќан е). Во многу работи знам да заштедам ама во добри обувки, душек,.. нешто што влијае долгорочно на здравјето сакам да е подобро. Разгледај и прочитај обично солун, белград се поефтини и има поврат ддв.
Почнав интензивно да купувам од минатата недела облека. Односно од 30та недела. Кога ми кажаа пол во 12 недела му купив ќебенце плетено, а на почетокот некаде 8-9 недела купив бебешко шкафче. Нареден месец планирам да купам креветче, количка и уште некои ситници (облека, чорапчиња, постелнина, козметика и слично)...Што се однесува до количката јас оваа ја меркам, се надевам дека сум направила правилен избор... https://www.libertabebecentar.mk/kolichki/coccolle-melora-3-in-1-diamond-black
Здраво имам прашање, др. сака да ме породи 3 дена пред краен термин, отворена 3цм без контракции,дали е океј или е подобро да се чека до краен термин?
Е сега ние повеќе знаеме од докторката Како шо ти вели така прај, си ги знаат работите тие, демек ако ти речиме не е во ред ти ќе се противиш и нема да остајш да те породи ?
Mnogu poragai se dogovoreni koda si vo bezbedna nedela . Taka da Dr sigurno znae sto pravi. So lesno pa te cekame so ubavi vesti
Prv skrining do koja nedela bese? I dr Dimcev od sistina kako se vikase? Da zakazam kaj nego so vreme.
За колички разгледај ги и моделите на anex за мене поубав дизајн во моментот нема, лесни, преубави и многу добри reviews низ Европа. https://anexbaby.com/ За жал кај нас ги нема, во Солун најблиску. Како систем се 2 во 1, ние ја фативме на промоција со плус транспортер anex. Си ја порачавме и си ја земавме плус такс фри ни дојде минус доста пари. Одвај чекам да ја пробам со бебка за некоја недела сега ми стои во нејзината соба и секој ден влегувам да ја видам
За кој модел се одлучи? Мене таа ми беше дилемата Анекс или Сајбекс ама многу ми беше страв дека летно бебе да не привлекува многу сонце материјалот (Фло ја гледав јас). Баш ќе кажеш како ќе биде.