35та, мерев денес притисок и во ред ми беше (пулсов само околу 90-100 ми варираше). До 40та недела ако терам вака лошо ќе е, ќе немам на нозе што да облечам
Што ќе ми биде потребно за пораѓај во Чаир да носам? Знам дека е рано за тоа, 31 недела сум, ама да си имам однапред се спремно.... И дали некој се има пораѓано кај Зоки Илиевски? Како сте задоволни од него?
Кај мене помогна само породувањето што све не пробав веќе не знам, од ништо не спласнуваа, само со папучи движев 90%, патики само за на прегледи и тоа едвај, пред два дена се породив и веќе се скоро вратени во нормала
За бебе ќе понесеш памперс, влажни и крема. За тебе мрежести улошки, пешкир,работи за лична хигиена и документација. Мене ме породи др Илиевски, презадоволна сум од него.
И мене ми потекуваа стапалата во првата бременост, не нешто премногу сма доволно за да не можам патики да носам. Отоците ми спаднаа 1 недела по породувањето и мислам уште попотечени ми беа после порпдување. Исто притисокот ок ми беше. Како и да е следи си го за секој случај. А освен подигање на нозете друго не знам дали делува. Ајде ситно броиш ќе се издржи и ова. Еве вторава бременост немам отоци, ама ко ќумбе сум, последниве недели жива вода нон стоп, косава мокра е од пот. 37 недела денес точно.
Дали некоја од вас чувствува болки во ребрата, јас сум 30та недела и веќе 2-3 дена осеќам болка под градите чат пат.
Девојки знае ли некоја што би значел ваков резултат од протоци. Докторот ми рече не се лоши ама не се ни најдобри. 35 +2 сум, значи ли ова дека за брзо следува пораѓај?На два дена на цтг ми кажаа да идам.
Да, ќе си пратам за секој случај, се надевам само со отоков ќе остане. Веќе почуваат да се собираат повеќе работи и станива напорно, како тенк се осеќам
каква перница купивте или планирате да купите за новороденче ? т.е која е најдобра гледам ми испаѓаат повеќе модели како подигната анти рефлукс, против задушување , па друго ергономско со дупка
Бебињата спијат на рамно. Јас на синот дури на 2ипол му ставив ептен тенко перниче. Анти рефлукс мислам дека нема поента да купуваш бидејќи не знаеш ни дали ќе има рефлукс, ќе купиш ако има потреба и би советувала исклучиво со одобрение од педијатар.
Бебиња не спијат на перница. Се препорачува бар до 3год да е без перница. Еве ја мојава скоро 4 ипол никако перница не сака. Знае да ја земе да легне на неа ама штом заспие перницата е доле во нозе
Vaginalno mi bese kazano. Koga prokrvariv dve mi kazaa da se napijam I bev kako drogirana. Go prespav cel den. Posle prodolziv so vaginalno.
Мене ми го препорачаа вагинално, имало подобра и побрза апсорпција. Орално кај некој може да предизвика вртоглавици и мачнини.
Не само вртоглавици туку и притисок качувам ако го користам орално, плус имам повеќе грчеви на матката.
Јас ставам сабајле кога ќе станам , па после тоа лежам едно пола саат. Навечер од како ќе се спремам за спиење ставам пак. Гледај малце нозете да ти бидат подкренати барем јас такс правам . И да не те плаши , утрогестанот може да си тече по цел ден и како лепливо е