Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.811
    Допаѓања:
    12.724
    Пол:
    Женски
    :hug::l:
    Не се испитува во бременост, нормално е да е покачено. Матичната не е добра..(facepalm)
    Испитување за гестациски шеќер е стрикно од вена. Венска крв и капиларна не е исто. Најверодостојно е со три боцкања.
     
    На Трагедијаупмм, olly14 и jagoda777 им се допаѓа ова.
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.811
    Допаѓања:
    12.724
    Пол:
    Женски
  3. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е нормално да се покачени ензимите на црниот дроб во бременост. Може да се на горна граница заради забрзан метаболички процес во телото, но не е нормално да се покачени.
    Нормално е да се покачени холестерол и триглицериди бидејќи телото складира резерви на здрави масти кои се есенцијални во периодот на доење за бебето.
    Не се испитуваат како дел од редовна крвна слика бидејќи најчесто има симптоми кои укажуваат на нужност да се испитаат ензимите на црниот дроб. Доколку ве хоспитализираат во болница за време на бременост, на урнекот на ГАК за редовна крвна слика во бременост се вклучени. Нека си продолжи жената со консултација кај доктор како што и е кажано. Секое добро
     
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.811
    Допаѓања:
    12.724
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми испитаа и е нормално да се покачени, 71 и се. Секој доктор нормален исто ќе ти каже. Секое добро.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Не ти испитале бидејќи не си имала индикација за истото а бидејќи сме на форум и не ја знаеш претходната здравствена состојба на членката е супер доктор што и ја знае анамнезата да и даде понатамошен совет.
    Референтни вредности зависат од лаб до лаб, тоа што има објавено е под 35 нормално што значи се двојно покачени.
    Јас како доктор по дентална медицина кој учел анатомија и процеси во човековото тело, НО без специјалност во областа на гинекологијата не си зимам за право да ја коментирам туѓата проценка. Има животозагрозувачки состојби особено во бременост врзани за ензимите на црниот дроб и по ниту една книга и протокол за водење бременост не е нормално да бидат покачени, такашто супер е да се задржиме за совети давање за масла за стрии и природни лекови за главоболка и убава мисла за членката да испадне се во ред.
     
    На MikicaBt и DreamOn им се допаѓа ова.
  6. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    5.823
    утре ќе проверувам, 28ма сум, матичната ми рече до 28 и јас чекав последен ден, секој ден викам утре и така :D

    @jagoda777 мене упат и за крвна слика и за скриен шеќер ми дадоа и ми рекоа на едно да проверам, иначе многу често се имам боцкано ден за ден, не сум ни помислила дали нешто би сменило, не гледам зошто
     
    На fragaria, Трагедијаупмм и princessgirl47 им се допаѓа ова.
  7. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.373
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    Покачени Аст и Алт може да се од витамините кои ги земаш или прогестеронска терапија. Дали имаш друг симптом? Чешање? Постојат и други состојби кои се поврзани со овие вредности во бременост па затоа ако матичната те советува додатно да испиташ нешто, послушај ја.
     
  8. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    И флеки и нови нишани и бемки, и тие што биле малечки знаат да пораснат и созреат во поголеми :D се е нормално.
    Јас имав една малечка бемка, цел живот беше малечка и безбојна, некаде во 5ти месец ја приметив дека созреала доста голема и нормална кафена бемка, сега така си ја имам.
    Нормално било во бременоста ради хормоните.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    431
    Пол:
    Женски
    Девојки кога ви се сврти бебето со главата надоле дали осетивте, разлика некоја во мрдањето или притисок?
    Скоро 34та недела сум, мислам дека бебуш уште си е со главчето нагоре... Чекам контрола па доколку не е свртено да почнам со вежби.
    Дали со вежби некоја успеала да го сврти? Има време уште but new fear is unlocked :D
     
  10. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.262
    Пол:
    Женски
    Син ми во 35та недела се сврти, не правев вежби никакви. И да, неколку дена пред да одам на контрола и да ми кажат дека се свртел со главчето надоле баш коментирав колку е немирен, дека многу го осеќав удирањето, притисок поинаков :D
    Се породив 37, две недели од кога се сврти :inlove:
     
    На 1RedLipss и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    Нормално е но дали после бременост ке исчезнат. Јас имам многу нови пеги појавено, се надевам ке се повлечат после бременост
     
  12. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Јас правев вежби, од 31ва до 32ра ми се сврте со главчето надолу, сега сум 35та и уште е така, се надевам така и ќе остане. Немаш штета од вежбите, особено од оние кружни движења на карлицата, јас тие ги правев по неколку пати дневно, некои ми беа ептен незгодни од типот на “puppy pose” и не ги правев. Мост направив неколку пати исто не ми беше најпријатно, ама правев по 3 пати дневно по неколку секунди да се задржам во позиција, важно е карлицата да е отворена што повеќе, стави перници меѓу нозе да има поголем простор, пробај да не седиш навалено, поисправено со поддршка за грбот. Е сега ако си е инаетливо бебето може и до сам крај да се сврти, нема гаранција :D. Ама секако немаш штета од вежбите, јога пози се, дури и препорачливи при нормална бременост за раздвижување. Јас со движењата не осетив толку разлика меѓутоа имав многу силна болка, на ѕидот на абдоменот, странично и претпоставувам дека тогаш се сврти.
     
    На 1RedLipss и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    2.762
    Пол:
    Женски
    Кај мене не изчезнаа ,дури сеа со второво и ми се зголеми таа најгрдата на носот :headbang:.
    Здравје после пораѓај да се стабилизирам и на дерматолог.
    И по вратот многу ми излегоа оние папиломи ли се викаа :drunk:
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gena gence

    Gena gence Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2023
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Во 28 недела најдобро
     
    На princessgirl47 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    3.552
    Пол:
    Женски
    Се давам во киселини и така си бутам рупурут по 2-3 во 24h распределени пошто само тоа ми смирува по малку :drunk:
    Наредна недела тек убсреда сум пак на цтг … вака почнав да осеќам како некои болки изненадни како пресекувања доле се надевам полека ќе почне да се спушта зошто не можам да дишам … мислам целата е напикана во желудник и затоа сум со киселинивњ нон стоп :whew::whew: ама ајде тоа е што е … уште некоја недела остана докторкава моја ми вика нема да биде пред 10ти (hollest) така да си ја чекам на тенане со кафенце :rofl: па после одвај чекам да вњ смарам во теми бебе кога нема да знам шо да и праам :rofl:
     
    На princessgirl47, fragaria, DreamOn и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    3.552
    Пол:
    Женски
    Еве да се надоврзам дека во бременост 80% од индикациите за зголемени алт и аст се клексаните и прогестеронот кај сите ние што ги примаме додатно.
    мене конкретно таму негде на почеток ми се дигнаа до 120, паника бев цела. Имам пишувано и поназад таму во октомври ноември негде. Во систина направивме и проверки за хепатит и ехо на гастро одделот се си беше во нормала … гинекологот мој во систина заклучи дека е бурна реакција на бременоста клексаните и прогестеронот во форма циклогест. После две недели, контролен тест со укинат прогестерон се се врати во нормала. @navyforever дури и леукоцитите беа качени, кај мене и во првата бременост на почеток и сега со втората … без никакви индикации за инфекции и чисти брисеви. Едноставно по срцева реакција организмот бебето ми го сфака како страно тело и додека се прилагоди му треба некоја недела. Моментално сум влезена во 9ти месец и ја чекам бебка … немој да се стресуваш премногу провери ги овие ствари што ги наведов и позитивно само размислувај, убави работи те чекаат :inlove:
     
    На Ladyme, Puffy2019, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    978
    јас бев во 26 недела со две боцкање ...
    @Baby warrior каде планираш за пораѓај
     
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    3.552
    Пол:
    Женски
    Систина сум јас
     
    На Ladyme и nice-girl им се допаѓа ова.
  19. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Немам чешање ниту па било каков симптом. Све си е океј, бебчо е 13та недела на последен термин го видовме све си напредува како треба меѓутоа малце во Германија се потресуваат за све. Се распрашав повеќе и кај гинеколози во Македонија ми рекоа дека може да е замастен црн дроб ама тоа се средува. Чекам деновиве да ми се јави повторно матичната да ми каже како се сега резултататите
     
  20. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    2.083
    Пол:
    Женски
    Mozes ;)