Во Германија тестот со две боцкања е всушност “мал тест”, т.е. со раствор со 50 гр гликоза и пред тоа си јадеш најнормално, не треба 12 саати пред тестот да бидеш гладна. И по него се гледа дали воопшто имаш индикација за скриен шеќер. Ако на тој тест покаже покачени вредности, тогаш се прави “големиот тест” со три боцкања и раствор со 75гр гликоза, тој покажува со сигурност дали се работи за скриен шеќер или не. Ако не покаже покачени вредности на малиот тест, си останува на тоа, нема дополнителни испитувања.
Од сабајлево осеќам повремено некоја чудна болка во десната града, како бодежи, внатрешно. Не можам ни точно да ја дефинирам болката, наеднаш јака болка што трае секунда, две и прекинува. Па по некое време пак. И зачестува, на пократки периоди почнав да осеќам. Ви се случило и на друга некоја, нормално е? Читав може од хормоните да е, спремање на телото за лачење млеко, ама пак ми е малку мисла...