Зависи многу од твојата состојба На почетокот мене на една недела па после на две па после еднаш месечно 500 ден ама не секогаш. По правило не би требало трудници да плаќаат, ама ајде ок е, реално кога се зема брис или кога се прави поопширно ехо некако во ред е нешто да се наплати ама не 1000ден не знам ама тоа е мое мислење
Кај матична ехо ми е 500 ден, Систина ехо 4900д, одам на месец ама тоа се дог со доктор што те води. Ако е се нормално на месец, ако треба нешто да следи тогаш и порано
Јас немам видено вакви работи да има воопшто на мојата крвна слика да се испитува или можеби немам приметено ама не сум начекала не знам што е ова
Мојот не можеш да го убедиш на помалку од месец да те види детално ако имаш проблем само проблемот. Пример имав болки ,провери само грло. Инаку 500 ми наплаќа.
Иста сум и јас, а влезена сум во осми месец, 32 недела сум, киселини на сред ноќ ме будат, а ги имам некогаш и во текот на целиот ден. А тек кај е деветти месец.... Ни Рупурут, ни млеко веќе ми помага, Сода исто когапомага кога не....
Како бе 1000 денари ? Мене 300 ми зема матичниот, не треба ни толку, бесплатни се прегледи во бременост ама во оваа држава нема закон. 1000 денари е премногу, во приватните е 2500, шо и тоа е многу за наш стандард ама шо ќе му прајш, приватник е.
Девојки, што користите при главоболки? Цел ден трпам не минува никако, не знам што да правам. 8-9 недела сум. какви креми смееме да користиме? Апчиња исто? фала
Сестроооо ниска/ висока нема правило. Што дека сум висока, кога од прием во болница, до 5 минути пред да искочи бебла, повраќав од киселини. Во инфузија ми ставаа реглани да ми смират желудник. Ееее откако искочи, магично исчезнаа.
Сега само парацатамол можеш, напи се слободно, малку ќе те опушти, колку и да трпеш не мине и само полошо ќе ти биде. А после 13 недела можело и аналгин, мене така ми има кажано докторката, во 14 недела поради силна главоболка и повраќање имам примано инфузија со аналгин и реглан.
Микроалбумини во урина се тоа. Мене цела бременост ми беше 30-50мг/л резултатот. Од испитувањата што ми ги препорачаа да ги направам: скриен шеќер немав (2 пати правев), тримесечниот во ред ми беше, притисок низок, ехо на бубрези во ред испадна, останатите параметри на урина (креатинин, протеини, итн) во нормални граници, уринокултура негативна. Може уште нешто испитував, ама не ми текнува во моментов. Кога се породив се врати во нормала резултатот. Консултирај се со гинеколог (да се исклучи прееклампсија) и за секој случај консултирај и нефролог.
Викаш а? Е може, јас па помислив ради тоа ми е така, зошто она големка ја мала ја носев многу ниско, маж ми викаше, во колена сум ја носела а сите во стомак носат бебиња и после накај 5ти коа се крена, приумирав. На закажан царски реши бе да се спушти, царица моја
пред некој ден имав главоболка 16саати пресилна со повраќање. Матичниот гинеколог ми рече смее парацетмол, б6, магнезиум
Скриен шеќер испитано и е уредно, притисок низок имам не ми се качува. Понеделник ќе правам уринокултура, а денес сум во Систина на преглед па ќе видам што ќе препорача Димчев. Јас течности многу не пијам па може и до тоа да е. Фала ти на мислење
Секогаш кога на урината ќе се појавеше нешто сите доктори ми викаа повеќе течности Последниот пат имав оксилати и еден + крв во урина, во Плодност ми рече докторот најверојатно некое камче, истото и матичниот ми го рече да зголемам внес на течности. Јас пијам ама изгледа треба повеќе.
Изгледа не е возможно да се помине бременост без некаков проблем. 26 недели се супер, испаднаа високи димери ми дадоа клексани сега е регулирано океј не е страшно. Сегаа еден клиент нс работа ми се јави да ме предупреди дека имал сипаници, редовен клиент, а јас немам прележано. Се надевам нема дс испадне ништо ама стресот
Јас сум прележана од сипаници, ама бев во контакт со дете во фаза на инкубација. Го прашав докторот дали има простор за грижа, ми рече дека може да се испитаат igg & igm антитела во лаборатории за да си бидам раат ако толку ми е страв, но генералната препорака беше за не, бидејќи бевме 100% сигурни за прележаност. На крајот така и одллучив, не тестирав бидејќи поголем стрес ми беше боцкањето. Сепак ми рече дека сипаници се опасни на почетокот во бременоста, а не и понатаму. Консултација со докторот кој те води направи си, ако треба ќе си испиташ антитела, а мислам дека (не сум сигурна) по потреба даваат и профилакса.
Па Димчев ми рече да испитам антитела прво за да видиме со сигурност дали имам прележано, иско сум 99% сигурна дека немам. Трет триместар сум да ама страв ми е ако случајно сум заразена како ќе ги поминам оти факт е дека малите полесно минат од возрасен.
Факт е дека е така. Докторов мој рече освен кожни промени кај тебе нема влијание врз бебето (зборевме за варичела конкретно оти знаевме дека детето со кое се сретнав има варичела), за морбили или ситните сипаници не. Не знам со кој тип на вирус си била во контакт. Не се секирај, слушај го докторот и ќе биде се во ред.