Не е баш за тука прашањево, ама некако најактивна е групата. Прошлата недела добив писмо дека е одбрена рефундацијата за клексани, кога би можела да очекувам исплата?
Да ве прашам дали ви се случува ова? Последниве две недели, неколку пати се случи, ама овие два дена неколку пати во денот, и во мирување, но и одејќи, покрај тажината во долен дел на стомак - бешика, сега има и секундарна отсечна сензација, не знам дали е како да ме пече, боли, во моментот морам да застанам да почекам некој момент додека престане. Не знам дали се удари од бебето, па така ги осеќам. Уринокултура правев пред неполни две недели, чиста беше.
Јас секогаш прво исплата добивам па писмото стигнува. Изминативе три пат и околу месец ипол по поднесување кај мене
31 недела сум, имам приметено во одење како да ми прелапнува долу, непријатна болка, најверојатно се удари од бебе оти овој период се вртат цели
Исто , си го фаќам стомакот и така си се вртам Како тежина некоја , и ако ми е полна бешиката после тоа знае да ме заболи такс отсечно ама поминува.
Можно е ехо да им варира на докториве за +/-500 грама? Едниов ми вика стагнира бебево 1900 грама е 35та недела мој совет е да се породиш побрзо, другиов ми вика супер е 2500 грама се како што треба, се гледаме за две недели.. Не сакам кога имам вака две различни мислења и не знам кој пат да го фатам, освен да одам на трето мислење
Оди на трето мислење, мене матичниот ми го мери 1.269 грама, другиот ден во плодност 1.400 скоро. Кај тебе е голема разликата ама оди си на трето мислење оти тежината отприлика ја мерат. Мерките како се за неделите ?
Едниов ми рече таман си се (една недела помало, другиов рече три недели помало). Протоците и двајцата рекоја дека се супер, ама гинекологов што ми кажа помала килажа рече во ред е и бебево е во ред, ама изгледа нешто не му одговара бидејќи не расти.. Ќе одам од понеделник и на друго мислење, се надевам викендов ќе си е се во ред Едит: Трет доктор го виде само резултатот од доплер, не ме прегледа, ама рече според ова во ред си е..
Јас фатив лани (не бев бремена) ама муабетов ми е дека прелесно поминав а исто ме плашеа тешко температури не знам што. Ништо од тоа... ни тт не качив не па друго.
ако ти се добри протоци и постелка, може да е едноставно поситно бебето. Генерално индикатор за рестрикција во развој се лоши протоци или до самата постелка. И јас сум 35та и вчера бев на преглед, ми објаснуваше др дека веќе полека стагнираат со раст а и невозможно е точно да се измери бидејќи се големи и не може убаво да се фати дијаметарот со ехо. Затоа се водат највеќе да се добри протоци, постелка и плодова вода. Со цтг веројатно си почнала или ќе почнеш и таму ќе гледаат исто дали е се океј. Искрено ако отидеш на трето мислење, може уште толку нешто трето да ти каже. Одбери си сама на кој доктор повеќе му веруваш и нека те тера до крај.
35 nedela a izmereno 1900? Nesto ne mi stima, ama moze e positno bebce. Jas bi odela na treto mislenje. Inaku ne moze tocno da izmerat kilaza realno varira barem +-10%. Eve prvoto mi go izmerija 3600, se rodi duri 4200 Vcera bev na pregled 37+5 ja izmeri 3300-3500. Bitno e da kacuva od pregled na pregled valda i da si raste kontinuirano bez razlika dali e ponapred ili ponazad. Ako konstantno raste bi trrbalo da e ok.
Да провериш дали можеби донеле во херба Стојанови (кај тутунски позади билна аптека) знам лани барав таму немаа ама ми кажаа дека можеби ќе донесат ако најдат соодветна оти тој чај требало да е од дивите малинки во планините т.с. листовите Едит Само мислам дека не се пие во бременост
Девојки 36 недела сум, имам исцедок како во овулација да сум само што е обоен од утрогестанот. Нормално е или да одам по доктори? Овај крајов ме измачи, секој ден нешто ново.
Мачата содржи скоро исто кофеин колку кафето + л - теанин кој е најдобро да се избегнува во бременост. Е сега ваљда не е штетно ако се напиеш една чаша од време на време ама за секој случај консултирај се со докторот макар шо можи и да се чуди што е тоа мача