Во 26 недела ми беа 4700 ме ставија на клексани, прво 3 недели по 2 дневно сега две недели по 1 и ми рекоа да си ги продолжам по 1. Најверојатно не требало ни да ги прекинуваш ама мислам не е страшно ссмо пак ќе ги почнеш
Без ин витро, до кај 35 негде беше. Не се сеќавам точно. Ама др што ме пораѓаше ми кажа кога да ги преќинам.
Девојки , мислам дека сабајле прв пат имав стврднување на стомакот . 27+4 сум , Лежев и како да ми се стврдна стомакот и стварно камен тврд беше . После неколку секунди пак си беше нормално помек. Ова се тие лажни контракции што ги викаат ?
Девојки, какво млеко за сонце како заштита користите во бременост за лето? Може да ми препорачате? Дали може се да се користи?
Јас прошлата бременост користев на еуцерин за бебе што е со 50ка фактор sensitive protect. И оваа година планирам исто и за мене и за ќере ама во секој случај прво ќе се консултирам со докторот
Женски ај пак. Клексаните каде ги чувате, дали смее во фрижидер? Сега е над 25 степени и дома...а и потопло ќе биде или немаат гајле
Јас користам од натура сиберика за лице 50 фактор. Од Белина го зедов кремот. За тело се уште немам почнато, летово не верувам многу да се изложувам на сонце, веројатно пак би зела нешто од Белина,да имам ептен ако треба да излезам преку ден.
Си купив од чико бебешка крема 50 фактор минерални состојки, 600 денари на попуст ама тешко се размачкува.
Не осеќам тежина зашто повеќе лежам. Во 33 гн бев на рутинска контрола 2 прсти отворена, и контракции сум имала без да ги осетам, ме задржаа на болница 3 дена, примав антибиотик и магнезиум и ме пуштија ама на строго мирување. Сега кога го враќам филмот ги осеќав контракциите ама нели се е нормално во бременост .
На собна температура, да не е до процорец на директна светлина, инаку мислам уште не е толку многу топло
Здраво женски Прва бременост, 38+, денес бев на контрола и имав минимални контракции, отворена 1 прст, утре пак на контрола Искуства? За колку време сте се породиле вие ако има некоја слично искуство Фала ви , пријатна вечер
Ги имаат ли кај нас во Oysho трудничките хеланки или треба да се нарачуваат онлајн? Денес баш влегов во Oysho, во Cosmos ама немаат ништо, ми рекоа само онлајн нарачки.
Охооо со 1 прст отворена може и 3 недели да тераш. А може и да се убрза процесот. Следи симптоми,при болки, крварење оди на преглед.
Со првото се отворив 1 цм па до следниот ден уште 2цм ама бидејќи беше рано 8ми месец, ми дадоа утрогестан и мирував, го носев до ден пред термин. Во твојов случај ако продолжи отворањето ќе се породиш порано можеби, ама нема правило, сепак си при крај можеби ќе си стагнира до последно. Среќно!
Бев во east gate и имаше ако не се лажам maternity дел ама имаше и стварно убави бејзик модели кои беа со широк ластик па ми се видоа практични и за после бременост.