Зависи каде ехо. Мене на последен преглед во Чаир 39+4 ми го измерија 3800 грама, јас се породив 39+6 и го родив 4590 Што значи јаче од 500 грама утка.
Па пред недела дена бев отворена врв од прст, денеска 1 прст. И до утре сабајле не верувам да сум повеќе од ова што сум…. Што викаш можеш да тераш и 3 недели така
Па пред недела дена бев отворена врв од прст, денеска 1 прст. И до утре сабајле не верувам да сум повеќе од ова што сум…. ти благодарам
32 ра недела сум.. од 8ма недела имам киселини..на се ..буквално..не јадев благо, леб,газирано не пиев џабе ..пробав и со различни таблети и течност ..ништо ..сода пијам моментално ми помага и пак исто .Ќе се издржи си викам..уште малце
Темата за мекици е во категорија бебе кај што се сите породени мајки ама тука вероватно ќе сме поажурни за темава јас се дадов во истражување ресторани кај да правиме мекици пошто имам уште 2-3недели најмногу. Споделете убави искуства кај сте биле на мекици периодов имам неколку параметри што ми се битни Да е летна тераса со опција за затварање да не заврне Мекиците да ги прават на лице место и да се топли и меки, да не ги носат ладни од друго место или маж ми да разнесува За околу 80-90луѓе Музика сакаме старогратска така лежерно без ора и чочеци
Ја во 38ма исто бев 1 прст и до 39та бев само уште еден т.е 2 прста. И да ме оставеа така сама да се отварам мислам дека ќе поминеше и 40та недела. Ама не мора да значи ништо тоа, може за 2 дена да се отвориш 10 прсти а може и да тераш уште со 1. Не се отеретувај ќе биде наскоро, ден два, или недела две при крај си, ќе се гушкате уште малку
Za tie sto go nosele bebeto nisko, dali so tek na vreme se kacilo so pomos na pojas ? Ili taka ke si ostani do kraj. Dali e strasno mng ? Ke miruvas ama nekogas ne mozis celosno da se dopazis..
https://www.facebook.com/share/p/16e637Jhc3/ Јас за нашите мекици оваа понуда ја гледав, ама сакам да отидам до таму да го видам и местото. Инаку вака се исплати како што гледам. Ние сме со термин 22 јули, имаме време, ама пред време сакам да најдам место.
Градина правевме, а сум била и во Ореов лад на мекици убаво, е затворено пријатно летниковци, за деца простор. Мислам дека таму ги прават мекиците прашај.
Нас Двор ни пофалија дека многу убаво прошле на мекици, па таму сакавме да прашаме. Градина бевме последно, храната беше вкусна, музиката нападна за наш вкус, му се лепеше на таткото цело време, сопругот исто преферира или музика староградско нешто да си свири или воопшто да нема жива музика. Вака други предлози најчесто што ни ги кажуваат луѓето, Одисеја многу ја фалат, за храна и услуга, Лира, Дукат.
Јас ја носев мн ниско. Појас не носев. Се качи сама во 5ти месец, после па едвај се спушти во 40та недела за природно да се породам. Припазувај се колку можеш. Јес да ја пешачев по 10км, работев низ дома, реновиравме, активна бев ептен. Ама гледав и да одморам колку се може.
Кој месец/недела си? Бидејќи не е исто 13-14 недела, со понатака неделите. Или еве не е исто 4 ти месец и од 6 ти нагоре
Дали ви се случило бебе да ви копа на едно место два дена, осеќам ме удира многу долу лево, ама цело време таму буричка, како заглавено да е. Ептен е активно деновиве, 31 недела сум и карлично е свртено па можи затоа долу го сеќавам. Вчера и осетив болка во препони, ми е страв некако