Мене за ракавици ме замараа така, барем за спиење да сум ставала. Секако дека не ставив никогаш, ни буден ни за спиење.
Јас бев со првото таква, не давав да го зимаат - гушкаат - бацуваат и имавме на почетокот така коментари ама не се замарав.
Девојки ве молам споделете дали сте се соочиле со слично. 12 та недела сум и на одмор. Сега кога се туширав ареолите под левата брадавица ми се отечени и тоа видливо и многу боли на допир ама само на долната страна. Претпоставувам може да е нормално бидејќи имам доено, ама не знам дали треба да превземам нешто, а немам ни можност да се проверам сега
Ракавици ,широк повој ,капчето. Нокти не се сечеле до 40 дена ,алишта не се переле во машина ехее си имаше бисери куп. Сеа истото ме чека. А најбисерно ,рскавица е тоа како му облекуваш кратки
Мешковци како ќе тераме по овие топлотни температури што идат? Јас два дена од нагла промена неможам да се стабилизирам и многу ми е тешко,страв ми е како ќе се издржива.
Јас боловање отворив денес и мене ми е мачно на топло..не можам да доседам 8часа на раб.Плус отоци од топлово ..33 недела сум ..
Пред.. два пати го мерев во ред беше, ме болеше мене измеѓу очиве од вчера, ама после ескалира.. Сега ми е малку подобро, ама ќе одам на ушно, да видам синузитис нешто дали имам зошто ми е затнат и носов
Господ нека ни е напомош. Жешко не сум поднесувала и нетрудна, сега ќе пукнам. Вчера шетајќи, и тоа доцна беше околу 7 на зајдисонце, таков жешок бран ме акна да се препотувам. Неможев да се разладам и после два саати. И тоа малку сонце ми е убиствено. Не знам ме фаќа нервоза од помислата како ќе се издржи.
Минатата бременост бев премногу вознемирена и специјалистот од систина што ми ја водеше бременоста ми рече дијазапам 5ка да се смири организмот и да заспијам. Нема штета ако е дојдена ситуацијата да ти треба ептен, немој да го мислиш тоа. Подобро да се смири болката да не ја трпиш
Да ве замолам некоја ако знае неделава кога е Др Јани на работа т.с. дали е некаде пристапен за прашање и каде од колку до колку саат? Колку што разбрав ќе бил на одмор ама не знам од кога
И јас само споредувам и чекам уште, еве денес 39+4, нејќе бејби да испадне, на цтг бев 2 пати, нема никакви знаци. Јас вака не осеќам нешто тешко дека ми е, едноставно сакам да се роди да го видам . Ноќеска ме разбуди болка во половина викам тоа е тоа сеа ќе почне да се случува нешто ама ништо хаха. Следно сум во четврток на цтг, тогаш ми е и термин, се надевам ќе има некој знак до тогаш.
Како се справувате со карлична болка? 25та недела сум и малку повеќе ако постојам од што треба почнуваат болки во препони, срамна коска, кај задникот Уште немам проблеми во спиење, насабајле ми е најдобро но навечер се се активира додека не си легнам а гледам да пешачам барем некој саат
Не може да имаш контракции ако те боли ногата и колкот. Контракциите се осеќаат во стомакот доле и половината во исто време, оние вистинските. Ова може да е само од спиење и лежење на таа страна.
Оо ти и понапредна си Јас 30 та недела бев со болки и се исплашив па изгледа мирував повеќе од што требаше Сеа 38+5 сум ама дека и немам после кој да ја чува унапред се нервирам дека ми се крати времето со неа а и градинка толку мала И јас се надевам нема да ме фати викендов баш на дежурство да сме ,три пати бев на ГАК дека претходната 37 ма недела и веќе не ми се ни оди окапав петокот доктор немаше веројатно имаа некоја интервенција. Исто ноќеска со болка се разбудив ама денес еве освен некое шутирање нема друго
Колку е мала? Кај мене исто сите се на работа за викенд и јас се молам да не ме фати така. Син ми завршува со градинка на 15ти јуни, па се прашувам што ќе правам со двајцата по цел ден али ајде ќе биде забавно, само да биде се како што треба.
А не ме сфати зборам за бебето што доаѓа пошо чим заврши породилно ќе мора во градинка немам back up. Замислата ми беше да отворам породилно на ден на пораѓај ама веќе немаше како да се оправдам на работа сите џокери ги искористив. А зошто да заврши градинка на 15 ти ? Ќерка ми 5 сеа ќе прави и оди само моментално е дома настината . А за летово не знам мешани групи се ,нејзините ќе бидат некој период и на одмор. Многу лесно настинува а дома со две како ќе е не знам Се трудам да бидам let it go