Добро само моево ли бебе се крие, мрда става раце кога треба да се направи слика на контрола... една салам слика немам
И јас немам слика Цело време исто и кај мене Плус постелката на преден ѕид плус цело време рачиња и ноџиња ми сликаат
Нема да ту е утеха. Јас од мојата немам слика во лиценце. 9 месеци цело време де криеше. Едвај успеваа докторките , да фатат тоа што им треба на прегледи.
Имаше и кај мене тензија... само родители дојдоа кога ни ја дадоа и никој не дојде скоро 40 дена дома, сама со мм. Др Јадранка ми рече барем до два месеци да сме дома. Изржавме доста до крштевката, и таму прв пат ја видоа другите. Внуци и деца не дозволуваме да ја чепкаат и да се доближуваат, да примиме вакцини малку да пркне, сега качи 3 кг. И реков на свекрвами, сите дошле дома со деца од 3 ипол 4 кила, јас три ипол недели идам секој ден во болница и сама доаѓам дома и кој сака нека се љути. Сега детето нема ни имунитет ни килажа. И ќе продолжам така додека мислам, не ме интересира никој. Мм вика неможеме нон стоп да ја пазиме, можеме некој период. Немам потреба уште со болести да се нервирам, да имам друго дете тоа е.. ама немам и несакам други деца бо близина. Идат во градинка денес е ок утре има коксаки, неможеш да знаеш дали се здрави.
Потполно си во право Лејди, само Вие си знаете низ што поминавте и правете си како знаете ако некој не му одговара или се лути нека му стои побитно е твоето дето додека се пркне па после има време кога да дојдат и деца и гости и други по ред
Скроз сум со тебе за муабетов, плус со прематурче како твоето нема муабет … терминско бебе па ми е шубе друг да ми ја пипка а не па во ситуација како твојата све што помина има време цел живот ќе ја гледаат првите месеци нека си бидат со нас само и така не знаат за ништо повеќе од мајка
мене па не ми е јасно како луѓето сакаат да се пикаат и да пипкаат толку мали бебиња, мојата е голема па и до ден денес ми смета некој кога ќе ја баци во лице мислам желудникот ми се превртува во секунда
И мене не ми е јасно, никогаш не сум бакнала туѓо дете, никогаш, дури ни децата од брат ми, и после толку години. Е сега, некои тоа го доживуваат како израз на љубов, посветеност, грижливост и што ти уште не, мене ми е преправање, ќе дојде комшивка пред двор и ќе ги шлапа, аха важи што ќе дозволам. Знам луѓе што им било незгодно да им речат на другите да не им ги шлапаат децата, и не го сфаќам ни тоа незгодно, ако ним не им е незгодно и се без осет, зошто би било незгодно да се забрани.. Некни на инстаграм рил ми излезе некоја мајка со близнаци, на количка им ставила налепници и напред и назад, забрането бакнување, допирање и зборење над бебињата. Кога нема разбирачка.
И јас одлучив сами да тераме со мм и мислам стварно добра одлука беше тоа. Има се уште моменти кога се осеќаме како муви без глави и не сме сигурни што правиме ама прашувам педијатар, мајка, форум, chatgpt и се снаоѓаме па мирна ми е главата никој не ми соли ум и не ми крева притисок
Исто и педијатарот ми кажа да не ставам капче после бањање, јас ставав првите денови дека така ми рекоа од болница но само ми се нервираше бебето и одкога на прва контрола педијатарот ми рече да не ставам преќинав
Не. Веќе 8 медеци лице не можеме да му видиме убаво. Иначе е размрдан цело време ама штом сме нс ехо се крие. А за полот кога беше утре нс прв скрининг се покажа.