Ќерка моја од прв ден е иста на тато и лик и со висинава напредува, он е 2 метри ја сум Снежана ама затоа плави небо очи има на менеее а бела е на двајцата
Веројатно и не е до пренаталните, како расте бебето се повеќе ќе си зема. Земи си некој суплемент за железо.
Јас скоро 9 месеци ги пијам Провен пренатал, секогаш ми е железото над 20. Баш го прашав матичниот бидејќи на една крвна слика ми покажа 50, да не е случајно од нив, да ги прекинам, ми рече не, во смисла тие се само да го одржуваат железото, а не толку да го кренат
Боја на очи најчесто од татко се наследува. Јас сум со светло зелени, татко ми небесно сини. Големата до скоро 2 години имаше сини очи и постепено почнаа да и потемнуваат. Сега светло кафени и се како на маж ми. Јас жива пресреќна бев дека цела е таква беличка и со сини очи ептен и одговараа. И сега си е супер детето, ама уште си жалам за бојата што ја смени толку касно. А висока е и слаба на татко и, фацка како мене. Малово сега за сега е со небесно сини очи и сите коментираат колку и се светли. Ама рано е уште, може и она за 2 години ќе смени. Ова повеќе на маж ми личи, од очи надоле дури и обликот на филтрумот им е ист. Се надевам и ова високо на него ќе биде
Што убави теми сте разврзале мојата прва среќа е цела на татко и, ама буквално, се надевам вторава нешто бар на мене да фати Со нејзе ептен лабаво и безгрижно си ја терав и бременоста и пораѓајот, ама затоа овој пат еве 30 недели сум паник систем како пукан зајак, а уште не сум ни почнала да размислувам за раѓање Само секој ден си викам фала богу што стигнав до овој момент и нека биде господ со нас до крај. Месец дена не сум била на контрола и веќе секакви сценарија ми се вртат, едвај чекам петок да отидам. А и како ќе се издржат жештиниве до август се прашувам @Ladyme честито крштевка на куклата, вечно да и е името
Под клима и шетање после 19ч. Ова ти кажувам како некоја , која лани цело лето го истерав пеколот. Свежи ладни овошја, вода , вода, многу вода и ќе издржиш.
Сини очи изгледа сите сакаме Од моја фамилија татко ми ,сестра ми ,баба ми ,другата тетка сите имаат. Од на мм има сестра му и татко му ама ние и двајцата сме со кафеави. Бебе се роди со тамно плави и знаев дека ќе смени. Па една црна густа остра коса и таа смени сеа накај плава и оди златна да не речам . Второво абер нема од излегување еве 39 та од денес а мене па ми се смачи да одам да чекам редови на ГАК па си решив болки ќе чекам тоа е Се јадам дека ми тече породилното ,еве сеа 3 дена не работни за џабе ќе ми отидат . После си викам многу си будала на работата ли сеа ќе мислиш И така. Жешково е тешко ама полошо ми беше кога варираше температурата. Па и ќерка со тт и со кашлање го помина и викендов
И јас читав дека од татко одат очите и баш се надевам, сопругот има многу убави зелени очи. А кај мене во фамилија се сите смеѓи со сини очи, само јас со црна густа коса и црни очи (среќа тенот ми е бел). Мајка ми до ден денес се зафркава, сакала Бисера да се викам и вика Бисера ја асоцирало на нешто бело, ти кога излезе со една црна густа коса, каква Бисера ама се надевам тој ген на второ поколение да фати
Денес бев на прв преглед во Чаир кај д-р Илиевски, малку сум под стрес после прегледов. До сега бременоста супер, 33 недела + 1 сум. И денес докторот го гледа и ми вика дали си сигурна дека си 33 недела? Наводно стомачето не одговарало на димензиите за 33 недела. Помало било стомачето (како за 31 недела) ... Се изнаплакав
Нате моето беше и глава за 33 и стомаче за 34та а јас бев почеток 31+2 . Не се плаши, секој различен апарат, позиција на бебе како било свтено од кој агол мерел. Чим другото е све добро не се секирај.
+- 2 недели се толерира. Плус точно да измерат до милиметар неможат да измерат. Мрда бебе, поголемо е. Не паничи.
Да му го јади газето докторот на бебето Две недели отстапки се толерираат, досега сите доктори тоа ми го имаат речено, затоа што и моето е 4/5 дена помало во мешето.
Мила, не паничи. Кај тројца разни доктори да отидеш сите различно ќе ти го измерат. Најбитни се протоците да се добри и бебе да си напредува. Сѐ ќе биде во ред.
После 6 години мачење,трчање по 100 врати и фактот дека никогаш неможам да останам природно бремена,годините 36 и дијагнозите после поминати стимулирани со кломифен имерење фоликули па стоп инекција па темпирани односи.Па 3 инсеменации оди едно инвитро со биохемиска и второ и усшешно инвитро со само 2 јајце клетки и два ембриона и две здрави и живи близначиња кои денес имаа 6 опол месеци.Јас покрај сите кажувања на стручни лица дека неможа да забременам природно никогаш јас останав природно бремена и сум бремена 6 недели.Како е можно ни сама незнам ама е божји дар.Многу рано и многу брзо и повеќе ми е страв ама сакам да ви кажа дека чуда се случуваат секогаш,како и ова моево.
Сестра ми и рекоа само 1% има шанси за природна бременост.Остана бремена со близнаци 2 инвитро.Одккако се родија близнаците остана трудна послем 11 месеци природно.Ене ги сега пораснаа,и она викаше брзо е ама мајка ми и рече од господ ти е дадено.Така да ќе биде тешко ама ќе пораснат.Со лесно бременоста.