Кичма веќе 3 дена ме боли @ALISA0000 да постојана а почна пак и стврднување ,ќе си одам јас да ме ѕирнат само да дојде мм
Јас имам во наследство старо дрвено и него ќе го користамКупив само душек од симпо 120x60 мислам дека е, планирам само постелнина од старт без ништо околу.
Секако ,ноќеска вака ја преседав ноќта ,добро на подолго беа. Вечерва немам намера пак @cocopuff честито да сте живи и здрави
Секое бебе е различно, тука имам читано дека многу не го користеле баш, ама кај мене обратно. До година ипол скоро спиеше во креветче дрвено со тркалца. Кога беше помалечка, веќе после 5 месеци, се будеше некој период и само ќе го занишкав креветчето јас легната и продолжуваше да спие. Се надевам и сега ќе е така. Мислам дека уште ќе спиеше, ама ние зафркнавме работа. Па на 2 години си доби детски кревет
Јас имам такво дрвено најобично креветче. Кога се роди малата првиот месец имав ставено гнездо во креветчето па спеше во него после го тргнав и само на душекот си спиеше без перничиња без ништо одколу неа ради безбедноси причини. Е кога потпорасна малку и ставив над главата како перниче ограда што се врзува од страните, доаѓаше компелт со две плетенки дебели. Тоа и го ставив над глава пошто се буткаше нагоре кога спиеше и со главата маваше во оградата, а од страните и ги ставав плетрнките, обожаваше да легне на страна и ногата да је префрли на плетенката. Креветчето ми е толку искористено што сеуште спие во него еве ја скоро 4 ипол години има. Сега планираме да и купиме кревет за неа а за бебе само душек да сменам и во нејзиното креветче да си спие. Брат ми купија едно креветче со фиоки доле што се спушта дел од едната страна да се стави до спалната и еве го сега внук ми 2 год веќе му е мало може комотно да се прекачи т.е да падне од него. Така да ја мислам најпрактични се тие обичните креветчиња, класични креветчиња како ние што сме спиеле во нив.
Како ти оди со масаживе на перинеумот? Јас почнав и некако тешко ми оди, мислам дека неправилно работам, како да немам каде да го вметнам палецот па само надворешно нешто пробувам
И мене некако не ми е лагодно па пробувам да наоѓам позиции полуседната со перницата за спиење трудничка, иначе еве приказ за движењето како треба правилно
Ај оди изпршачи се еден саат врати се и маани еден долг врел туш До сабајле ке ни се пофалиш Со лесно