Јас вакво сакам да земам. Ама сега како доаѓа времето за креветче се размислувам дали да земам обично со тркалца. Некои ми викаат да не фрлам многу пари на креветче, чисто ради тоа и сум на мисла....
27ма недела сум, имам доста лошења од почеток на бременоста и пред малку повратив, ама од напорот поради повраќањето ми потече нешто, што не знам дали е урина или плодова вода. Со првото сум породена природно и ми се случуваше и пред бременоста при многу јака настинка и кашлање и напор, да ми потече малку урина. Сега се загрижив, утре ќе одам секако да ме погледнат. Веќе не тече, моментално беше само, вака бебето го осеќам, си мрда. До сега на секој преглед било се добро, со првото кога ми пукна водењак, немав никаква контрола над течењето, а сега имам, иако многу често ми се оди во тоалет, ама па и многу вода пијам. Има ли простор за паника и страв? Како да знам да направам разлика дали е урина или плодова вода?
Zdravo idna mami A dali znaesh do koga ke bide doktorkata Kornelija na odmor? I jas sum kaj nea,pregled imam vo sreda na 11ti togash ke bidam 36+5
Нема потреба од паника од напнувањето е притиска бебето на мочниот меур и се подмочнуваш.Да си купиш од аптека стапчиња да видеш дали е урина.
@Ava.84 @Baby warrior фала ви и на двете, ме смиривте, утре обавезно ќе земам и стапчиња, баш читав за нив. Имаше мирис, да. Мислам не скроз баш ептен интензивен, ама тоа го препишувам на големата количина вода што ја испив денес, па и бојата беше посветла и мирисот не толку јак најверојатно.
Еве и јас бев на таа мисла вчера, ама сепак ако е плодова ќе тече по малку и постојано. Така да не се секирај, сигурно ти било од напонот.
И ја веќе неколку недели се подмочувам при клекнување дури и после мокрење, станувам од шоља и како да потекува пак … по 3пати на ден гаки мрнувам ам жолта е бојата и има мирис баш на урина. Вчера бев на контрола и спомнав на докторката вика ретко кој не во 9ти месец и ми се насмеа
Јас уште не сум до 9ти стигната, затоа и се загрижив најмногу. Иако сега бев пак во вц и баш пробував дали имам контрола на тоа да ја сопрам урината и пак да ја пуштам и имам, најверојатно беше само од преголем напор поради повраќањето. Сепак утре ќе си земам ленти за проверка, да имам дома. Се сеќавам со првото кога ми пукна водењак, тоа беше баш онака течење над кое што немав никаква контрола. Најде ли лек за киселините и лошењата?
Да лентичките за проверка се за мирен ум супер ако не фати паник атак у ниедно време да не се трча по болници. За киселините … тежина мачнина што да ти кажувам … си се тешам дека уште малку остана и си ја чекам… легнувам на лева страна па ќе се смират малце… сода бикарбона и рупурут и бадеми непечени …. Ама секој ден си ги имам. Иначе јас 9месеци ниеднаш не повратив али последниве месец ипол желудников хаос ништо не ми се јаде од што ми е цел стиснат и тоа е тоа додека бебка не реши да излезе ќе си потрпам
И јас не повраќам многу често, ама некогаш дури ми олеснува кога ќе повратам. Кај ми е крајот мене, уште три месеци. Денес му викам на маж ми - да знам едно нешто дека не ми ствара киселини, само тоа ќе го јадам секој ден, без никаков проблем, ама за жал од се ми се ствараат. А и јас немам ич апетит. Наредна недела ќе правам тест за скриен шеќер, 90% сум сигурна дека ќе ми кажат дека имам и си викам може ако сменам скроз исхрана, па ќе ми биде подобро, не дека и сега нешто лошо се хранам, ама тогаш ќе морам скроз да се хранам како што треба. Со првото вакви киселини и тешкотии - немав. Кај тебе барем ситно се брои, кај и да е ќе се роди бебле
Мислам дека е од позицијата на бебето, јас немам гестациски а неможам уста да отворам, се одвај и ништо не ми е вкусно. Цела бременост 6ипол-7кила качив до сега а бебе си расте супер. Мојава е свртена со главче надоле уште од 24та недела и мислам дека со ноџињата ми стиска на желудник и околни органи и се ми е стуткано нагоре ама тоа е што е, само нека ни дојдат здрави и живи, ќе истрпиме се
Извини што ќе упаднам во муабетот, сакам да те прашам дали има некои симптоми скриениот шеќер, како се чувствуваш? И јас сум со многу киселини, а истовремено чувствувам и глад ама не можам количински да јадам многу, некако брзо се заситувам, ми доаѓа тешко и почнуваат киселините... ама до пред некое време (дури повраќав) редовно се будев среде ноќ прегладнета и морав да јадам, инаку ем не можев да спијам, ем пак ми доаѓаа нагони за повраќање. А и сега ако не поткаснам нешто пред легнување - се будам среде ноќ и морам да каснам нешто. А ако ја издржам ноќта, наутро прегладнета се будам. Не знам дали е нормално вака, некако уплашена сум, си викам може е ова симптом на скриен шеќер... Дури искрено и страв ме фаќа кога ќе дојде време да проверувам скриен шеќер, како ќе ги издржам тие 12 часа пред тестот кога не треба да се јаде
Нема некои класични симптоми, тоа често мокрење, жед и слично се типични и за самата бременост и не може тука да се разграничи. Кај мене конкретно, не знам дали е симптом ова, ама мене ми е најлошо и имам најстрашни киселини кога јадам бело брашно, тестенини, овошје, млеко, за благо да не зборувам. Сето тоа што влијае лошо на шеќерот, па затоа си мислам дека ќе имам. А и во првата бременост имав, така да, шансите ми се доста поголеми поради тоа. И почнав со стартна поголема килажа од претходната бременост, иако многу малку имам покачено до сега, само 4кг, сметам дека и тоа си има влијание. Која недела си ти? Тие напади на глад се типични повеќе на почеток, после тоа како расте бебето, се помалку место останува за храна. Иако навистина не мора да значи, ако си ја почнала бременоста со помала стартна тежина, може затоа имаш и поголем апетит и тоа не значи дека така ќе остане до крај. Тука кај што живеам, се прави прво мал тест за скриен шеќер и не треба да се биде 12 часа гладен за него, баш напротив треба да се јаде најнормално, само да не е нешто благо како мармалад или нутела баш пред тестот. Не знам дали се практикува и кај нас таков тест, прашај, тогаш не би требало да се грижиш дека не смееш 12 часа претходно да јадеш.
Девојки дали имате значително повидливи и испакнати вени? Стомакот од што ми е оптегнат посебно исправена цел ми е вени, денес и по рацете се приметив многу видливи вени. Ваљда е нормално ради зголемен волумен на крв во телото?
Мене пак ме вратија ,уште 2 см отворена и мирно цтг Ми се смачи и идењето веќе ,сеа утре да сум одела веќе не одам додека не се силни болките
Постојани болки не се контракции Цтг фати некоја контракција? Ке биде за ден два само сеа ова чекањето е најмачно