Фала ти многу на одговорот Јас сум 17та недела. Доста работи не можам да јадам, благо воопшто од сам почеток, овошје многу малку (ако е покисело, блажината ми смета)... ама пак белото брашно ми е основа на секој оброк (ама не претерувам), било како кифла или некој залак лепче А инаку со нормална килажа бев пред бременоста, на последниот преглед пред околу 3 недели бев неполно кило поправена. За скриениот шеќер уште ми е рано, ќе прашам баш на следен преглед каков ќе биде тестот, може за џабе си ставав стресови за тие 12 часа нејадење што ги рачунав
Ако јадеш може да имаш полош резултат само, ама мислам јадење 10 саати пред тест е 0 со тоа растворот што се пие. Јас имав лош огт тест првата бременост, без никакви индикации, не се оптеретувај, кога ќе дојде времето ќе видиш.
За ОГТТ тестот не треба да бидете јадени барем 10 часа, немојте да јадете па да ви испаднат резултатите како што не треба, да си направите дополнителен стрес.
Темава е малку поактивна од таа за скриен шеќер па да прашам и тука додека чекам матичната да се врати од одмор... Мислење за резултативе? Несвесно пред спиење изедов пола лажиче мед (малку ме гребеше грлото) се изнервирав ама бидна веќе. На сите крвни слики до сега на гладно ми бил помеѓу 4.6 до 4.2 (пред две недели 4.3)
Ништо не е, со оглед на тоа дека си јадела мед, не се разбирам многу ама сега брзо правев и јас, па според рез супер си. Третиот ти е 4.0 супер Ама ај нека кажат поискусни
@Eho очигледно во Мк се прави само големиот тест, со 75гр гликоза и три пати земање крв, по коментарите на членките, да не настане забуна дека ти давам погрешни информации. За тој тест - да, треба да си гладна 12 часа претходно. Како што кажав, не живеам во Мк и тука постои “мал” тест, со 50гр гликоза и ако на тој покаже индикација, тогаш се прави тој со 12 часа гладување. Ваљда поентата е одма да не сме изложени на тоа гладување и 3 часа дремење, ако не постојат навистина индикации за тоа. Ама како што кажав, очигледно кај нас не е така, по мислењето на членките, да не настане забуна. Затоа и реков прашај дали постои таков “мал” тест кај нас. Се работи за два различни теста.
До 18та недела ништо немав ставено во уста, па и дека лето ме фати, цркнав и повраќав. После 20та полека имав желба нешто да каснам. Јас во 12та на инфузии завршив од дехидрација, ќе издршиш, така мислиш, не е страшно, пример од 8 вечер до 8 сабајле не јадеш, и таму уште 2 саати ќе си земеш нешто со тебе за занимација и брзо проаѓа, јас го прегорев телефонот, во Биотек правев, одма ми летна.
Леле ме убија ноќеска болки ама не беа на точно време па си останав дома да си патам . Падна и чепот утрово цел. Аман, ова чекање убива . 40+ 2 денес
Во Систина боцкаат во прст. А во Авицена кога прашав за прст ми рекоа каков прст не се прави во прст, венски мора. И за да не те изложува да пиеш 50 па 75 глукоза, одиш со 3 боцкања... ако паднеш на тој со 50 мора и со 75 да направиш така? Упат имав за со две боцкања си платив приватно со 3 (не важи упатот) и паднав иако пазев на исхраната. А и ден пред тест 12 часа и повеќе бев гладна како што ми кажаа. Ни благо ништо не каснав нормално што си јадев секој ден... Стресот е ужас и не само за шеќерот
Постојани ми се во кичмата и во препонот а контракции имав плус засношти цела ноќ ама не ми се одеше на дежурство и вчера цел ден кога отидов околу 17:30 имав на 10 тина минути според цтг. Ама кога отидов после 4 ч веќе се смирија ,лажни ли беа се премисли ли не знам. Добро ,уствари се нервирам што ми се закочи процесот не дека спремна бев ама веќе и ми се смачи. Немав ништо ноќеска скоро ниедна контракција... само напнатост осеќам доле ниско и тоа е ,веројатно ќе поседи уште
37+4 cepot padna, bolki nikakvi duri i nekoja energija imam. Bebe 3700 gr imam upat i termin za slednata nedela na klinika ako dotogas ne se porodam ke se odi na indukcija ili na carski . Ananas i skali na menito ke vidime sto se sluci.
Со првото дете 11 не 100%, потврдено 16, второто 13. Двете машки. Ако се намести комотно може да се види
Баш во 16та ми рекоа дека е девојче . Беше папочната меѓу нозе ама ми рече дека е девојче. Пак зависи како е наместено.
Во 12 убаво беше наместено да се види, но докторот кажа уште не се гледа што е . Се надевам сега следна контрола ќе дознаеме
Кога се пожалив на докторот на почеток ептен, дека имам влакна повеќе од вообичаено, ми рече ааа машко ќе е и така испадна и на панорама тестот околу 12 13 недела. Ма да и на ехо неколку др. кажаа маже е што и да е нека е се како што треба