Мене ми растат како луди влакнава, имам уште 12 дена до контрола и нема да искочам додека не каже што е Инстинктот ми кажува девојче дека е, со сол што ми ставија на глава испадна машко но само да е живо и здраво
Јас да ви кажам вчера што се жалев за болка во препони, бев на цтг, ниту една контракција нерегистрирана, се испостави дека главата си ја наместило баш врз ѕидот на бешиката и од тоа биле болките. Истрауматизирана од минатата бременост, цела бременост се секирав да не ми се скрати грлото, последниот пат во 34та ми рекоа омекнато е, затворено, одмарај повеќе. Мене паника ме фати ништо немав спремно, пери, пеглај, чисти, не седнав 2 недели. Отидов спремна да ми кажат дека сум се отворила и од тоа болките.. не што не сум отворена туку за 2 недели грлото се скратило само 1мм. Со газето си е на дијафрагма наместено, едвај дишам од вчера, жештиниве ме убиваат, вечерта накај 10 излегов да прошетам, спарно, се препотувам, јас и онака сум с’клетџика сега дури ме плаши како ќе биде ако терам до краен термин уште 3 недели, за надносување не ми се ни размислува Има ли уште некоја со мака со отежнато дишење да каже некој трик или положба да е покомотно?
@Amore.Mio @Трагедијаупмм @SanelaS сите сме со паднат чеп и јунски термини денес препони ме убиваат други болки немам ама одвај се движам. Маж ми ме натара низ моловиве да шетаме на поладничко ајде викам … 3 саати се мафтавме плус кафе пиевме и нестрпливи ја чекаме ама нема абер Ена напикана ми е со не знам што горе во желудник нема дишење само се подместувам ништо не ми е згодно
леле страв ме фати кога ве прочитав сите со чеповите И јас сум 37+4 кај мене абер нема, немам ни контракции, цтг мирно, чеп си стои... од една страна неможам веќе ми е тешко од друга страна си викам нека си поседи уште малку ( од страв) Со лесно нека ви е на сите
Јас бев во 13та на прв скринин и докторот ми кажа пол беше сигурен, ама ја сепак сум доза на резерва. Во понеделникот правев пренатален така да следната недела со сигурност ќе знаеме што е. Иначе да во 16та би требало да се види ако е убаво наместено бебе. На сите ви посакувам брзо и лесно да си ги родите бебушките ви доаѓаат најубавите моменти.
Јас со првото се породив во 39та недела и така од 37ма викав ајде више искачај доста ти е. Е кига се роди и после 10 дена кога и почнаа грчевите викав што не поседе уште малку во стомак не сум спремна на ова Ама еве 4 ипол години поминаа додека трепнеш
Па ние сме сите над 38 ма мислам ако не се лажам Јас вчера мислев дека е денот ама еве ме заебава ,денес мирно тук таму ритка по малку Така да ништо не значи не се плаши А и 37 ма си е ок недела
Немав страв со првото, отидов и знаев дека мора да излезе како така. Легнав, за 5 мин го извадија бебе 4590 гр природно.(во Чаир, без епидурал) Второво ми викаат поголемо се раѓало, ама силна е мајка, не се дава само да е добро. Ти го пишав ова да те охрабрам, штом толкаво бебе може да излезе природно без гајле и смирено, се ќе си биде
Нема простор за паника, може ќе те прати да испиташ уште еднаш шеќер во крв без скрин бидејќи нема индикација за скриен.
8 ми месец се отворив 3 цм и ми падна чепот, ставав утрогестан и ден пред термин го родив 39+6, ми пукна водењак. Додека дојдов до Чаир + ковид тест ау бау и додека ме примија на Патолошка веќе бев 6-7цм отворена. Некаде 6 ам ме примија го родив во 12:09 со постепено отворање (што би рекле они како по книга) Кога се отворив 10цм само што легнав на бокс не памтам колку минути лежев ама генерално ми се видоа многу малку 3-4-5 минути туркање.
14та недела сум. Чувствувам како некое жежење на левата страна од стомакот. Не ме боли туку како да ме жеже или пече не знам. Да се сеќирам и да одам на лекар или е нормално?
Нема ништо ,само некое чувство болни и тупо доле како карлицата да ми е напрегната. Не одам додека немам контракции не можам веќе ваму таму па и прегледите да ги поднесам. Лабаво денес си терам полека,вчера демек за побрзо да се отворам се движев денес онака лежачки го поминувам денов ем жешко еве сеа истура... немам ни како да се движам. Ептен тука негде во комшии исто вака ја вратиле жената на крај дома се породила и мм вчера беше малку испаничен затпа и отидов на тој преглед вечерта ама сабајле вика ќе одиме ли. Викам не ,ништо не ме боли да се возам по жешково немора
Веројатно се лигаментите на матката што се растегаат. Јас како струја да ми поминуваше осеќав баш тој период некаде.