Девојки дали некоја со соочува со 'рчење во бременоста? Од кога влегов во трет триместар јас сум како моторна пила, еве 35та недела и некако се почесто и почесто станува, дури и сама се будам од што е гласно а претходно никогаш не сум правела вакво нешто... Што може да користам за да го намалам ова, буквално е неподносливо па и мм ми е ненаспан од мене
Дали некоја од вас ги има правено првите брисеви микробиолошки во Ремедика? Колку чини ова? Матичниот ми спомна дека треба да се направат после првиот скрининг и Приска. Па размислувам и за приватно, ме интересира цената, дали има некои пакети што како брисеви спаѓаат во испитувањето и слично.
Не знам мислам дека не. Бев синоќа во Систина не можев да се смирам излезе дека ми се тегне кожата да се мачкам од надвор и да пијам магнезиум за да ми ја опушти матката прва бременост ми е па мора и малку драма
Е добро де стар обичај е. И мајка ми ми го направи ништо лошо ни страшно нема во тоа. Секој си има верувања. Што е важно кој век сме ако на некоја мајка т.е. баба од минатиот век и е кеиф за таков обичај па зошто да не.
Ехе колку пати сум се исплашила така и на колку прегледи сум отишла секогаш истово ми го кажувале. Сега сум скоро 29 и веќе си знам што каква болка е
Прошлата недела правев микробиолошки брисеви и урино култура 5600. Скрининг е 6600 мислам, приска незнам не сум правела таму.. Можеш да се јавиш во контакт центарот да прашаш дали има некој пакет за све комплет да си направиш .
И јас сум иста. Кога влегов во 7ми почнав со хрчење Маж ми се бунеше на почеток, виде не виде си легна на брашното. Ќе не издржат неколку месеци, нас како ни е
незнам чаре, ама и мм мене ме буди демек сум хрчела, што до сега не беше случај На страна спијам ама изгледа во сон кога ќе се свртам на грб несвесно ја палам пилата Иначе незнам која какво искуство има ама јас до 30 недела како да не бев бремена. Од кога влегпв во 30 ( а сум 30+5) мене ми е мачно , отечена сум цела.... И времето ваљда си го направи свпето ама до крај на јули /август страв ме фаќа како ќе бидее
Обавезно шише да си земеш, за секој случај да си имаш ако треба дохрана да дадеш. Авент стаклено имам, а и мислам најмногу препораки за него ќе добиеш. За цуцлите немам совет, зедов Бибс за почеток и после тоа уште неколку вида ама ниедна не фати и сега веќе се откажав.
Хахха двете цимерки во постродилна ми хрчеа многу, воз мислиш. и психички се спремав да заспијам пред нив зошто ако заспие она јас толку како буф ќе бидам будна. Мм вика што не кажа да ти донесам тампони. И на ПИН имав такви макии ама ај така се помирив и со хрчењто од мм.
Имам авент, и бибс. Бибс ја сака мн, кружна е, тоа не ми се свиѓа, сакав да најдам сплескана ама нема. Многу се учат и кружниве им прават вакум и сака да спие со неа, све со неа да прави. Земи си една секако, незнам кај ќе се пораѓаш ама се смирува бебе, да не плаче. На Гак ги тестираат бебињава ако има мајка гради тврди, не носат млеко за бебе демек да се учело на града... а на цимеркава не и фаќаше, градите тврди може и канали запушени, вода млака немаше топла да влезе да измасира града, сестра немаше да влезе барем да и помогне да фати бебево. Бебе пишти му се јаде. Хаос. Првата цимерка имаше цуцла, со неа еден ден бев, и она слабо млеко, и како ќе му ја даде цуцлата ќе поспие до млекото додека го донесат и посмирено беше бебче.
Авент soothie тие што ги има тука јас лично не би ги препорачала. Многу се гломазни и тешки. Не се ко тие “старите” што еве упте ги даваат во Ремедика. За жал ги нема кај нас. Јас порачав преку другарка од Германија ама цимерката прашуваше и ги препорачаа на Медела тие за новороденчиња што се. Шише имам на Медела јас на подарок што добив, а со првото имав земено Авент анти колик и ми беше супер. Стакленото неккао тешко ми беше, а за убаво убаво е.
Јас зедов авент стаклено 120мл и за понатаму авент пластично 240мл. Цуцли исто зедов на авент-ultra air happy
Значи по ова што ве читам убаво е да се има купено некаква цуцла и шишенце да се носи со себе на пораѓај па после да се докупи по потреба
Баш денес и јас разгледував цуцли, и во дм во Германија читам ревјуа, бејбилов има премногу позитивни критики а се многу поефтини од овие брендираните. За цуцла се препорачува ако се дои да не се дава првите недели за да се приспособи уште малку а ако се храни со формула може веднаш од првиот ден, а и шо знам не ги сакам јас ич цуцлите, најубо е да си е навикнато колку шо можи без цуцла и од медицински причини, кога ќе видев па поголемко дете со цуцла ептен ми беше онака безврска. За шише или нук или авент ќе земам. Ќе си ги порачам од Германија, сега правам список па сопругот нека се позанимава малце
Дефинитивно е најубаво без цуцла ама кога ќе врисне бебе и те како е утеха Поголеми шетаат со цуци затоа што е најтешка одвика тоа за нив.
На ГАК пред 5 ипол години на син ми му даваа ад од шприц. Не знам што ќе ми служеше шише да имав. Овој пат може да си земам силиконски брадавици за во болница затоа што имам вовлечени и после година дена доење со силиконски, не се научивме без, а сестрите на гак освен тоа дека немам млеко ни брадавици не знаеја друго да ми кажат, среќа што бев 1 ден само таму... Сакам без силиконски овој пат ама не на цена на тоа ич да не дојам. Цуцла шознам, ако купам може и да ја земам со мене за секој случај. За пумпа се мислам, се зависи од тоа колку долго ќе бидеш во болница, не би земала, ако треба ќе ми донесат дополнително.
Нема правило за цуцлата, зависи од детето има и деца што не прифаќаат цуцли што сакаш прави а има и деца што до 5 г не можеш да ги одвикнеш. Јас лично би дала цуцла. Па ќе се потрудам после да не биде тоа до 5 години И некако послатки ми се кога ќе видам бебе со цуцла. Па си викав кога ќе имам мое сигурно ќе има цуцла
за на пораѓај не ти треба. за дома да. јас лично користев на нук цуцла и шише. иако беше на ексклузивно доење од шише и давав молзено, а цуцла се сложувам дека е добра работа дур се мали, ако не ги одвикнеш на време после големо дете не го личи со цуцла, а и педијатарот нас ни рече дека се деформира вилицата, ние ја одвикнавме негде пред вториот роденден и не знам дали беше случајно ама од тогаш прозборе нагло