Еее и да родиш дома па што хахаха Мене докторката од Гак што ме водеше, ми викаше, најбитно е да осеќаш да мрда бебе. Мојава за машала не престана додека ме искочи.
Лелее, со лесно, со среќа, со храброст. Навистина е преголем подарок, само сила да имаш и МНОГУ ПОМОШ Идентична ситуација, исто со ивф, исто со дијагноза за бременост со шанса <1%, ама се ПАЗИМЕ од паниката да не ни се случи чудо, немаме сила за чудо со вака мали близначиња, ама КАКО ТРЕБА така ќе се случи, а кај вас требало да биде, лелее со среќа
Мојава женска денес ме зафркна и тоа добро . Станата јас од 7 завршив по дома некои обврски , си поминува време , чекам до 11,12 не мрда што да правам ме фаќа паника. Обично секогаш е премногу активна. Палам колата испаничена мислам на најлошото ќе идам сега одма на преглед, само што излегов од дворот кога почна да ме шутира право во ребра И ништо си се вратив, ама стравот си го прави своето, анксиозност до небо ама ќе издржиме
Ехее до 29та недела додека немаше некои поинтензивни и почести движења, колку пати сум отишла на дежурно, сите доктори ги научив некогаш па ако се погодеше истиот доктор Ремедика дежурен од минатиот пат кога сум била, на гак ќе отидев и најчесто таман ќе легнам за ехо ќе се размрда… ама сега кога се навраќам ич не ми е криво што сум одела, раатот нема цена а и докторите никогаш не ми направиле да се осетам ретардирано, напротив баш секогаш ми викале, најлошо е паника, се вознемируваат и бебињата, секогаш кога си испаничена дојди, една сонда да видиме да е се во ред, ние секако сме дежурни и тука, ништо не нѐ кошта.
Денес и моево бебче не е активно баш ама не тргнав на преглед оти во 28ма Нед според сѐ што читав е нормално некои денови да не се чувствуваат толку многу Еве сега имаше мало мрдкање и доволно за да ме смири Инаку мислам дека не е многу често активно исто дека не јадам чоколадо ко претходно оти сега внимавам после тестот, а ако јадев можеби благо мислам дека повеќе ќе мрдаше Битно во текот на денот да почувствуваш некакви движења Е сега ако го нема повеќе од еден ден можеби треба преглед Можеби е и од топлото време
Кога го осеќате бебе каде и како го осеќате? Уште во 13та недела осеќав како удари онака на рака убаво се осеќаше само од лева стана на папокот ама докторот ми рече дека е многу рано да го осетам и дека тоа се цревата. Е денес на два пати осетив ептен мааалку нежно пулирање над папокот
Еве кај мене чудото се случи,така да веќе неме чуди ништо.Стравот е голем искрено и обврската со 3 мали деца(да наплатам со години што немав деца и сега за една година 3)за помош и некоја немам,жени некако тешко се наоѓа све ќе се нафатат и откажуваат после,незнам зошто толку се плашат.Искрено мене ми треба помош околу дoмашни обврски за да можам јас си нив двајца да се занимавам.Ама тоа е ни дава Господ сила
Девојки веќе неколку дена сум настината, грлото ме гребе и затнат нос, користев спреј за грло на природна база и солена вода за носот, но од вчера и денес веќе почнав и да кашлам. Бев повторно кај општиот матичен и грлото е повеќе вцрвено и ми даде антибиотик Оспен од 1500 Ми кажа дека можело и Цефалексин но ми препиша Оспен. Денес сум 19 недела и влегувам во петти месец, дали некоја членка има пиено? Незнам ако не го пијам страв ми е поголем проблем да не си направам.
Првата бременост бев мртва болна уште во втор месец рана бременост. Види некаде природен 100% сок од калинка и мед лимон многу често во една лажица истовремено да зимаш. Мене тоа ме спаси колку и да изгледа наивно
Дали ви се случува да губите воздух,тешко дишете и при спиење како да ви снемува воздух? Овие денови така ми се случува,ај што носот ми е цело време полн но и кога го чистам исто ми е. 33+ недела
Премногу е мало 13 недела, тоа и да си мрда околу него има плодова вода што нема шанси да се почуствува некаков удар, особено па не околу папокот, дури 20 недела се качува во ниво на папокот.