Никаква најава дека ќе излага бебе за скоро немав. Едноставно почнаа мали болки, отидов во болница, 4 прста отворена и за брзо се породив. Чеп, плодова вода, појма немам како изгледа.
Девојки, едно прашање. Синоќа кога станав од кревет за во тоалет, почувствував болка од десната страна на стомакот, во долниот дел. Не можев да спијам воопшто на таа страна, непријатно ми беше и како да ми беше појака болката кога лежев на таа страна. И еве уште ја чувствувам. Во пределот под папокот, во линија со колкот, од десна страна. Не знам дали е нормално, дали е таква round ligament pain? Читав сега дека таква болка обично трае пократко, ама јас ја чувствувам постојано и одвреме навреме ептен силна станува. Дали да паничам и да одам на доктор или нормално е? Фала однапред. 17 недела
Zdravo na site mozebi prasaneto ke bide cudno no sto da pravam Bremena sum po 3 pat (dva carska) dali e mozno sega da se porodam prirodno
Ако не е јака јака болка, се шири матката. Ама ти знаеш најубаво да процениш. Ако не ти дава мир оди нека те видат ќе се ослободиш психички ако ништо друго.
Какво лабело користите? Дали и какви маски за лице користите? И дали користите нешто за акни на лице?
Ima tema otvoreno konkretno za toa, otvori ja bajagi iskustva imaat spodeleno clenkite. Bash pred nekoj den ja listav
Тазе искуство: Епидурална ми боцнаа на 2-3 прсти отворена. Многу се плашев од боцкањето, ама оди многу брзо, не е болно. Олеснување на болките имав околу десетина минути (имав силни контракции на секои 30 секунди, со 30 секунди пауза - бев со провокации). После тие десетина минути одмор, сфатив дека само десната нога ми е подздрвена, левата како ништо да не било, не фати. Болките почнаа прилично да се зголемуваат. И покрај тоа што ми велеа дела болките ми се многу олеснети, јас ги осеќав многу интензивно. Можеби беше така оти бев ептен измачена, ова се случуваше после скоро 30 часа провокации. Епидуралната сепак помогна на крај полесно и побрзо да тече отварањето. Ако ме прашате дали би препорачала и после ова. Големо ДА. И тие 10 мин одмор ми помогнаа премногу.
Кај мене левата фати десната страна не фати. Мене на 2 прсти ми ставија провокација а набрзо после ми ставија епидурал. Не осетив ни контракција ни болки апсолутно ништо. Епидуралот ми го намалија само кога почна пораѓајот да ги осеќам напоните и пак ни болка осетив ни ништо. Болка осетив тек откако искочи бебе и кога почнаа да ме шијат доле. Тоа е единствената болка што ја осетив за цел пораѓај, цел процес. После пораѓајот немав никакви последици од епидуралот. Најбитно е анастезиологот прецизно и точно да знае каде и како треба да боце а и трудницата под одреден агол да не мрда