Коренов ми израсна во мојата светло кафена боја Не сум се фарбала веќе 7 месеци и ич не се осеќам убаво, кога ќе кажам некој да се фарбам нееее никако флеки ќе има бебето , па штетно е и не знам што да правам Многу сакам да се исфарбам ама ме исплашија жениве . Вие се фарбате ли? Какво искуство имате со фарби?
Леле, што нема да слушнам… женче фарбај се што ти е. Какви флеки, ништо нема да му биде на бебе. Ич гајле да немаш.
Се фарбам секој месец и 2 пати се шатирав во бременост ..се што користиме,јадеме и дишеме е штетно..барем тоа е МОЕ мислење..и сето тоа зачинето со стрес кој е неминовен денес..
Здраво, дали некој има да сподели искуство со Донафил вагиналетките за кандида? Веќе со кандида се мачам 7 години секој месец, се имам пробано......Овие ми се последната надеж а 3 гинеколози сменив без ефект....
Јас кога сакав да се шишам ми викаа никако шишање трудна, ќе му се скрати паметот на бебето, ќе му го скратиш животот на бебето. Глупости живи.
Господе хахахахаха Се шатирав и се шишав и прошлата бременост и сега.. Е сега многу се скратив па се покајав ама тоа е друг муабет хахаха.. Што се не ќе слушнеш значи....
Абе ќути што не ќе слушнеш, да се чудиш. Ја сакам сега да се шишам ама знам дека ќе се покаам после па на два ума сум, ама изгледа ќе си седам мирна да не му го скратам паметот на детето
А знаат некоја особа со флеки, дека мајката се фарбала , додека биле неродени? Глупости живи. Фарбај си се.
Исто, нефарбана 5 месеци. На неколку пати имам помислено да се исфарбам со фарба без амоњак или со некој колор шампон, но овде на форумот прочитав како една членка баш пред крштевка се исфарбала со фарба Pallete и добила голема алергија и чешање на главата и искрено некако ме фати страв, баш во овој моментот мислам дека воопшто не е добро да експериментирам со нова фарба. Ептем ретко, понекогаш прскам со спреј на Loreal од DM за покривање на белите влакна.
Ви благодарам на сите за поддршката. Многу ми значи секој еден збор! Во текот на целата бременост форумов ми беше најсигурно прибежиште. И сега е така. Како сум веројатно се уште не сум свесна за да опишам, а и не е нешто што се опишува со зборови. Многу е тажно и болно, и давам простор на болката затоа што таа е единствено нешто што ме поврзува со него. Ќе биде присутна се додека сум жива. Сепак, многу мајки кои поминале низ истото, а се на форумов и бев во контакт со нив, ми се многу голема надеж дека ќе бидам добро, и дека еден ден ќе се израдувам и јас.
Ах Џинџер, што читам, биди јака , немам зборови. Јас многу во фрки и незнам која недела беше стигнато. Одмори го телото, смири ја душата. Ќе дојде среќата пак. на 21-22 се враќа