Дај кажете како да ме фатат болки и да почне процесот. Полудев веќе ,додека се плашев да не се роди пред 38 ма сеа па 40 та надминав никаков знак... Осетив малку болки се качив на лента за трчање со 1км на час одев мислам ми се качи нагоре после тоа ,можно ли е ? Урми ,генералки,лентава се џабе (само секс не сме пробале)
Жени силни најубави … како можеше баш сите да броиме ситно со слични судбини во однос на мајчинство … исто се осеќам ја завршувам 38ма недела еве моментално се облакам за на цтг и овие последни недели скоро секој ден си плачам по малку зошто ми текнува на претходниот пораѓај минатата година во февруари …кога си заминав дома со празни раце искршена на сто парчиња… ама нашите души се силни штом сме дотерале до тука и сега си ги чекаме нашите здрави и живи бебиња да си ги гушнеме за некој ден/недела. Освен што сум горда на себе… што оваа бременост ја туркав со сите сили и ја бркав анксиозноста секој ден колку можам иако срцето ми плачеше речиси секој ден … свесна сум и дека сме пример за жени кои поминуваат моментално низ најтешкото зошто ете сите ние ја чекаме светлината на нашето живо и здраво чедо после мракот. Ве гушкам сите и ве охрабрувам да сме позитивни колку и да ни е тешко овие последни денови пред конечно да станеме мајки и да си ги наполниме срцата со неизмерна љубов и радост
Абе не им се искача на жешково Чекаат да залади … вчера му викав на маж ми викендов ако не биде сакаш нејкеш нема искачање од спална
8месеци немавме секс од пусти страв иако докторката ни се смееше и ни викаше уживајте дечки оваа бременост нема ништо поврзано како претходната … ама ние будали … кога влегов во 9ти еднаш онака колку да се рече … деновиве планирам да направам напад зошто иначе не излага детево … зошто после пораѓај сигурно нема да ми е до тоа бар месец два … ама после планирам да се вратам на најјако
Јас ќе го силувам кај да е ете така. А може да си сварам чај од малинките од двор или друга малина е таа ,читав дива ?
Чај од лист од малина е тоа али каква малина не знам ананас јадам деновиве јас и правам масажи на перинеум со маслото од веледа и некако помеко се осеќам доле од пред една недела
За масажа немам шанси не можам да се дофатам како топка сум ,ниска а20 кг плус од кои 15 минимум чинам во стомак ми се. Живот ми се крати да се избричам дека алергична на восок тоа ми е единствената опција. Уште масажи фалат. Ананас не сум знаела ,утре ќе нарачам. Чучњеви ми се играчки кога собирам. А скали немам утре у комшии да се накачам Сериозно веќе не можам ,плус што се нервирам дека ми тече породилното.
Скали мислам дека се добра опција и пешачење, друга помош нема . Инаку јас се породив природно после 5 год.царски. Многу различно чувство, не очекував дека ќе се осеќам така кога излезе бебе. Уште не ми се верува како летна од мене. Секоја што има можност да проба. Да болки има ама стварно се забораваат.
И мене ми е првото со царски , исто пред 5 години, здравје во септември треба да се породам се надевам дека ќе успеам природно
Леле баш помислив дека рече првото царски …а ова го надноси … на крај доби болки или со провокација и вагинално се породи???
Хахаха ме изнасмеа со ова “ко ненормална”. И јас скокав бајаги на пилатес топка и плус некои вежби на неа праев од интернет што ги најдов. Се породив 39+2 и тоа баш нагло ми дојдоа болки. Се давев и во урми и ананас од 36та
Биди силна а чим си пишала дека така требало да биде си итекако силна! Не можам ни да замислам како се осеќаш, но ти праќам гушки и се надевам наскоро ќе се вратиш дома со полни раце и смешкало кое ќе ти топли душа <3
Ау мн ме исплаши денес матичната 16 та недела сум ми мереше грло на матката 3.5 ми го измери ми рече да одмарам да не кревам тешко и да ставам вагиналети имате искуство со толкаво грло на матката опасно ли е
Исто од 16 недела околу 3.5 , на 28+3 ми беше пак толку. Немаме сите иста должина и тоа е океј. И мене ме исплашија и мирување и лежење и што уште не ама еве океј е сега за сега.