да, се бива ама законски ако следува. Ако се погоди супер, ако не добро. А просекот ид колку месеци е?
Да дефинитивно, станав одма без проблем додека првиот пат бев сигурно една недела неспособна. Ќе успееш сигурно, само со соработка со сестрите за правилно дишење и буткање и ќе биде. Добив болки ама не на редовни интервали па ми рекоа ако сакаш ќе пробаме со провокација, јас секако не бев спиена 4 ноќи па прифатив. Кога ми ставија за некој си саат време веќе бев 4цм отворена, ми ставија епидурална и од 4 до 9цм осетив ништо, тогаш ја намалија епидуралната ги појачаа провокациите и за пола саат излезе бебо.
Се расчитав јас денес за чајов од лист малини. И го сретнав ова Приготвување на чајот: 1 лажиче сушени листови од малина се преливаат со 200 мл врела вода. Се пие топло! Предупредување: Чајот од лист од малина не се препорачува во случај на абортус во претходна бременост Па си реков да споделам тука ,поттикната од вчерашниот муабет на мајките кои имале таква ситуација
Чајот од лист од малина се почнува некаде околу 34та недела. Начинот на пиење е специфичен, за да може да има било каков ефект. На почеток се пијат неколку чаши на ден, па после некоја недела се пие по една чаша на ден, последните недели се пие отстоен 24 часа. Може да се меша и со друг чај, бидејќи отстоениот е прилично грд, ама измешан со друг овошен (јас мислам со чај од киви го мешав претходната бременост), воопшто не се осеќа. Од едно - две пиења, тешко да би имал било каков ефект. Јас кај и да е, ќе почнам да го пијам, мене многу ми помогна за првиот пораѓај.
Леле од очај ,фотеља ќе изедам Знам дека етапно се шочнува ама јас до 37 ма се плашев од се ради претходната бременост . Сеа ми иде да си каснам од гз толку шо пазев и се плашев
Може ќе изненади и денес ќе биде денот Јас така бев убедена во првата бременост дека тоа бебе нема да излезе од мене, баш на денот кога се породив тоа трубев, па сестра ми ме зезаше кај сум видела некоја 15 месеци да била трудна, секако дека ќе сум се породела И стварно, истиот ден ноќта ми пукна водењак
Пробајте со секс и свршување внатре, со првото исто влегов во 40 недела и веќе ми беше мака немавме претходно цела бременост односи и вечерта пред да ми пукне водењакот имавме и внатре заврши.Во 1 ноќта ми беше пукнал водењакот незнам дали случајно или имаше удел
Хахах се надевам. Ама не се осеќам како така Па и сите шо прашуваат ми се смачија Сеа тетка ми ми се јави вика планираш ли да даваш мекици,викам не ви давам ми е гајле Абе вика тебе да не ти го утнале месецот @LanaDelR ќе го силувам жими се
Е што му фали на денот И јас се породив петок 13ти со закажан царски. Се смеев докторот кога ми го кажа датумот, супер поминав
@ginger, мила сега прочитав и се фрапирав, нема утеха знам, биди силна и дај му време на времето да ги залечи раните
Девојки има ли маст за хемороиди што може во бременост да се користи? Имам една на фрези дерм ама не знам дали може во бременост.
I jas sum za zal chlen na ovaj klub, lani imav 39ta nedela zaguba, a denes mi zakazaja poragjaj za 2 nedeli, sekoj den e se potezok kako shto nablizuva denot. Silni sme, ke ugree sonce ❤️
Другарки мои, на свет дојде мојата најсветла ѕвездичка сите да си ја почувствувате оваа љубов неизмерна