Да да толку го платив 700€ а за торчот морав на приватно пошто имав проблем со здравственото осигурување. А и често знаат овде да кажат нема реагенси за торч тест па приватно ми беше најдобра варијанта
Девојки, била ли некоја во 30та недела на море да сподели искуство . Дозволено ми е од матичната ама пак сакам да слушнам и ваше искуство
Ми дозволија и мене, ама се двоумам поради гужва на граница и отекување па решивме да не одиме Другарка моја беше на море 34 недела, ок помина во 36 се породи. Како е лезетот незнам, ама ако има некоја членка да сподели искуство добродојдено ми е и на мене
Јас се тешам дека се уште нема да биде сезона (28.06) и нема да биде толку топло Одиме заради синчето и одбравме место поблиску.
Јас бев 30-31 недела но тоа беше пред недела-две, уште не беше многу топло, се издржување на плажа и цел ден, добро поминав, зголемив само доза на магнезиум по препорака на доктор, по сенка цело време, фактор 50, добра мисла и се ќе биде во ред. Ептен убаво ми дојде одморот и психички и физички, доколку се е во ред со бременоста, немој да пропуштиш
Женски , главче на бебе поголемо една недела Има некоја искуство? Докторката ништо не кажа ја сега чепкав и споредував Другите мерки се скроз океј
Моето при крај на бременоста ми го мереа и 2 недели поголемо главчето. Никој доктор не ми спомна ништо за тоа, јас сама го приметив на извештајот од ехо. Не се секирај мами, и онака точно неможе да се измери.
Немам ама стравот расте Ти со провокација беше или скроз природно ? Тие мерки нивни. Секој 2 дена одам 3 ца ја мерат 3200. Влера докторката 3800 значи за 2 дена сигурно не качи 600 гр
Ништо не е, да беа сите бебиња секогаш исти во сите мерки, ќе се раѓаа сите иста килажа, по некоја логика . Многу внимание обрнуваме ние на мерките, доктор до сега барем мене не ми ги спомнал, особено не поединечни мерки.
Верувам. Со провокации бев јас. Брзо се одвиваше отварањето, кога одев и ме фаќаа болки некако подобро ги поднасав одколку седејќи или лежејќи.
ајде јас отварам секој ден по 100 пати дали си се олеснила... ќе биде за брзо само лесно да биде ... п.с проба ли со секси тајм ? или уште се мислиш
јас сум 30+ моментално сме на море, отидовме блиску, сабајле рано идеме на плажа, во најтоплото се прибирам одмарам, па попладне пак, се бањам најнормално. највише ми беше заради малата да искористи сега пошо ќе се селиме и веќе ќе се спремаме активно за бебе, јас може сама и немаше да дојдам, некако не сум раат ко што треба да си опуштен на одмор
Не пробав од инфекција се плаши мм Баш моментално сум на став кога сака само со лесно. Сите ме чекаат ,прашуваат Spoiler сношти со паничен бев ,не сум спиена ич.. денес се обидувам да се препуштам