Ми се стврднува стомакот само на една страна десно од папокот. Како да бутка таму и боли многу тој дел цел стомак ми се деформира ,не знам дали е нормално ? Инаку дури и од една апликација ми стигна демек да не заборави да внесеш дека си се породила
Само да те охрабрам додека лежам уште во болница. Цимеркава породена 40+5 вика се пробав —- нејкеше и нејкеше … со провокации на крај. Ќе излезе не си ставај тежина на душа и да се вознемируваш може тоа ја спречува опушти се и ќе дојде
Добро сме се гушкаме и се учиме да фатиме цице … немам уште млеко и тоа ми е приоритет сега цело време ја барам да ја ставам на града да стимулира … сестриве во Систина ми помагаат да се наместиме и они се упорни со мене и се нсдевсм ќе надојде … до сега само колострум и тоа си го влече знае да потегне ама со потсетување зошто си заспива на града. Иначе да, успеав природно на крај иако со маки со епизиотомија сум ама вреди секоја секунда секоја болка ќе се опоравувам наредниве недели и месеци … оваа љубов е неопислива
Јас цело време си замислувам каква ќе биде кога ќе се роди . Некако уште од сега имам огромна љубов кон неа дали е до хормониве или не знам можам и да си поплачам од љубов . А не па кога ќе се роди здравје боже,имам уште 10 недели јас ама едвај ја чекам некако да ја бакнам гушнам мириснам. Многу сум благодарна за се , некогаш размислувам како ќе се снајдеме двајцата млади родители Ама се надевам дека се ќе ни биде ко што треба
Браво Нормално е првите дена колострум само да имаш ,супер е што имаш поддршка за доењето Ќе надојде секако ,она си заспива бидејќи така се осеќа најсигурна За епизиотомијата само Виоплекс Т спрејот. Две недели не можев да седнам докторка ми го кажа спрејов по две прскања седнав Гушка и од мене до принцезичката
Инаку пред некој ден бев и во Жан Митрев на преглед и ми го кажаа истото, ама барем ми објаснија што значи тоа и дека не е страшно освен што ќе се роди со помала килажа од 2 800 грама, што и не е така страшно. Уназадувањето било последица заради лакуните во плацентата кои се формирани и поради кои не стига доволно храна до бебуш. Иначе ми кажаа и дека веќе синко се симнал ниско, малку рано е за тоа со оглед на тоа што сум 34 недела + 4 дена. Ама да се надеваме дека ќе издржиме уште 2-3 недели максимум. На 18ти пак сум во Чаир па ќе видам таму што ќе кажат за тоа што е ниско.
Син ми беше назад со мерки, особено на крај и на стомачето. Се роди 40+5, 3040 грама. Ќе те следат, не е страшно ако напредува иако помалку.
Па во 33 недела беше 1980 грама измерен, во 34 + 2 кога бев во Жан Митрев беше 2 200 грама, така да мислам дека напредува. Првично бев скршена во Чаир кога ми кажаа и имав грижа на совест дека сум си го изгладнела бебето. Ама сега кога веќе ми објаснија во Жан Митрев дека не е страшно по неговиот живот се опуштив малку.
И јас имав чувство дека сум го изгладнела, особено дека имав гестациски и многу пазев, мислев поради мене е мал, ама на крај постелката кога ми ја виде бабицата рече како на пушач ми била, а јас не пушам. На ехо тоа никој не ми го виде. Син ми во просек по 100 грама напредуваше во секоја недела од 9 месец, а мислам други бебиња по 200 качуваат тогаш. Тие мерки ги анализирав зошто одев цело време на цтг и ми даваа сликички. Си расте битно, не може сите исти да бидат. После ке надохнади. Син ми откако излезе од болница не ни намали нешто многу на килажа, одма почна да си напредува супер.
Во 33та бев на одмор во сред јули со плус две мали деца. Супер поминавме, водата е претопла, по цел ден се бањавме. За да ја избегнете гужвата ќе си тргнете во 2h ако сте од Скопје, паузи по пат ќе си правите и немате гајле. Ние не правевме паузи пошо спиеја децата, немав проблем само стомакот ми се стврдуваше при крај и ми беше непријатно ама ништо страшно.
и јас го препорачувам спрејов, овде го прочитав, ептен помага, а во систина ми рекоа само со вода да се мијам
Исто и мене … затоа ми е страв да експериментирам ама штом викате дека ептен помага да го земам … после колку денови го почнавте по пороѓај?
И мене ми рекоа само вода Чаир ,за спрејов ми кажа мојата поранешна општ лекар кај моите што ми беше. Вика само со вода ништо не правиш сепак рана е. Само јас се немав слушнато првите 2 недели и не знам кога најбрзо можеш да почнеш. Прашај аптекарката ако не... Јас сега се мислев дали да си го земам пред време
па и мене ми беше шубе, се мачев може недела дена, раната не мрдаше, со спрејот за ден два почна да се затвара, сега планирам од одма да си почнам здравје